Берген: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Природни услови: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: вo → во, oд → од
с →‎Историја: clean up, replaced: |Средниот век → |средниот век
Ред 13: Ред 13:


==Историја==
==Историја==
Првите траги на населеност на местото на денешен Берген се појавуваат во времето на праисторијата. Денешната населба е основана во [[Среден век|Средниот век]], во [[1070]] година, од страна на кралот Олав Кире. Веќе во [[1217]] година, Берген ја презема улогата на престолнина од северниот град [[Трондхејм]], но во [[1299]] година му ја предава на [[Осло]]. Од тоа време градот е веќе познат како големо пристаниште, кое набрзо се приклучува во ''Ханза''. Во склад со тоа, градот станува и извонредно важно трговско пристаниште во [[Северна Европа]].
Првите траги на населеност на местото на денешен Берген се појавуваат во времето на праисторијата. Денешната населба е основана во [[Среден век|средниот век]], во [[1070]] година, од страна на кралот Олав Кире. Веќе во [[1217]] година, Берген ја презема улогата на престолнина од северниот град [[Трондхејм]], но во [[1299]] година му ја предава на [[Осло]]. Од тоа време градот е веќе познат како големо пристаниште, кое набрзо се приклучува во ''Ханза''. Во склад со тоа, градот станува и извонредно важно трговско пристаниште во [[Северна Европа]].


Во [[16 век]] доаѓа до опаѓање на значењето на трговијата, поврзано со несогласувањата помеѓу круните и [[Германија|германските]] трговци. Меѓутоа, градот брзо се опоравил, останувајќи најголем град во државата до [[1830]] година. Со самото тоа, во [[1831]] година, со создавањето на современите окрузи во Норвешка, Берген, заедно со Осло, станал град-округ, но ова е укинато во [[1972]] година. Тогаш градот е приклучен кон околниот округ [[Хордалан]].
Во [[16 век]] доаѓа до опаѓање на значењето на трговијата, поврзано со несогласувањата помеѓу круните и [[Германија|германските]] трговци. Меѓутоа, градот брзо се опоравил, останувајќи најголем град во државата до [[1830]] година. Со самото тоа, во [[1831]] година, со создавањето на современите окрузи во Норвешка, Берген, заедно со Осло, станал град-округ, но ова е укинато во [[1972]] година. Тогаш градот е приклучен кон околниот округ [[Хордалан]].

Преработка од 11:35, 27 јули 2021

Берген (норвешки: Bergen) е втор најзначаен, и втор по големина град во Норвешка. Toj е најголем град во покраината Западна Норвешка и центар на округот Хордалан. Берген во 2011 имаше 263.000 жители во границите на градот, а во поширок размер живеат над 400.000. Во минатото беше познат како една од најважните пристаништа на Ханзеатската Лига. И денес Берген е многу важно пристаниште, најголемо во државата. Стариот, сочуван трговски дел на градот, Бриген, денес е на списокот на светски културни наследства на УНЕСКО.

Црквата Никирген во Берген, Норвешка

Природни услови

Градот Берген се наоѓа во западниот дел на Норвешка. Од главниот град Осло е оддалечен 520 километри западно. Најблизок поголем град е Ставангер, оддалечен 210 километри јужно од градот.

Релјеф: Берген се наоѓа на западниот брег на Скандинавскиот Полуостров. Градот се развил на дното на заливот, на мала рамнина покрај морето. Таа е затворена од остатокот на копното со седум планини, кои се издигаат многу стрмно од градското јадро. Поновите делови на градот се простираат на пониските ридови од тие планини, па затоа градот е многу ридест. Според тоа, надморската висина на градот оди од 0 до 150 метри.

Клима: Климата во Берген е умерена океанска под влијание на Атлантикот и Голфската струја. Таа има поголема сличност со климата во Шкотска наместо со климата во источна Скандинавија. Зимите во овој град се најтопли во Норвешка, а летата се свежи. Температурата зиме е од -1 до 3°С, а во лето од 16 до 19°С, температурата во лето ретко надминува 20°С. Највисоката измерана температура е 31°С а најниската е -16°С. Берген е многу врнежлив град во просек 300 дена од годината врне. Најсуви месеци се Мај и Јуни, а највлажни се Октомври и Ноември кога некогаш со недели дождот не престанува.

Води: Берген се развил како морско пристаниште на дното на истоимениот помал залив, дел од Северно Море. Заливот не е отворен кон морето, туку овде се наоѓаат повеќе острови (Аскеј, Холснеј, Сотра). Ова е важно за стратешката положба на Берген како пристаниште. Поголемиот дел од градскиот брег денес е пристаниште, најголемо во Норвешка.

Историја

Првите траги на населеност на местото на денешен Берген се појавуваат во времето на праисторијата. Денешната населба е основана во средниот век, во 1070 година, од страна на кралот Олав Кире. Веќе во 1217 година, Берген ја презема улогата на престолнина од северниот град Трондхејм, но во 1299 година му ја предава на Осло. Од тоа време градот е веќе познат како големо пристаниште, кое набрзо се приклучува во Ханза. Во склад со тоа, градот станува и извонредно важно трговско пристаниште во Северна Европа.

Во 16 век доаѓа до опаѓање на значењето на трговијата, поврзано со несогласувањата помеѓу круните и германските трговци. Меѓутоа, градот брзо се опоравил, останувајќи најголем град во државата до 1830 година. Со самото тоа, во 1831 година, со создавањето на современите окрузи во Норвешка, Берген, заедно со Осло, станал град-округ, но ова е укинато во 1972 година. Тогаш градот е приклучен кон околниот округ Хордалан.

Население

Денес Берген има околу 260.000 во градските граници, што е за 2,5 пати повеќе отколку пред еден век. Градот со околните предградија има преку 400.000 жители. Во последните години бројот на население во градот се зголемува со годишна стапка од 1%, а во случајот со предградијата е и повеќе.

Етнички состав: Населението на Берген до пред неколку децении било речиси исклучиво етнички норвешко. Меѓутоа, бројните доселеници од странските земји го измениле составот на населението. Така, денес етничките Норвежани сочинуваат 88% од градското население, а други поголеми групи се: Полјаци, Ирачани, Литванци, Сомалијци, Виетнамци, Германци, Чилеанци, Швеѓани и други.

Верски состав: Мнозинството од населението на Берген се припадници на протестантската Црква на Норвешка (80%). Втори по бројност се атеистите (14%), потоа римокатолиците (3%).

Стопанство

Стопанството на Берген посебно се потпира на големото градско пристаниште, едно од најголемите во Северна Европа и најголемо во Норвешка. Градот во последните децении стана значаен сообраќаен центар. Посебно е интересно тоа што градот главна точка за превоз на работници до гасните и нафтените платформи во норвешкиот дел на Северно Море. Денес, градското стопанство сè повеќе се потпира на трговијата и услугите, како и на примената на научно-истражувачката дејност. Така, Берген е познат по истражувањето на морето.

Надворешни врски