Вернер Зомбарт: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Творештво: Јазична исправка, replaced: постанал → станал
#WPWPMK #WPWP
Ред 1: Ред 1:
'''Вернер Зомбарт''' ([[германски]]: ''Werner Sombart'') - германски [[економист]], историчар [[Социјализам|социјалист]].
'''Вернер Зомбарт''' ([[германски]]: ''Werner Sombart'') - германски [[економист]], историчар [[Социјализам|социјалист]].
[[Податотека:Werner sombart.jpg|мини|Вернер Зомбарт (1863–1941)]]

==Животопис==
==Животопис==



Преработка од 20:25, 2 јули 2021

Вернер Зомбарт (германски: Werner Sombart) - германски економист, историчар социјалист.

Вернер Зомбарт (1863–1941)

Животопис

Творештво

На почетокот, Зомбарт бил социјалист-марксист и до 1909 година бил активен во ширењето на марксистичките и социјалистичките иедеи во Германија. Во овој период, токму поради неговите радикални сфаќања, тој не можел да добие професорско место на германските универзитети. Во 1915 година, Зомбарт ја објавил книгата „Трговци и херои“ (Händler und Helden: patriotische Besinnungen) во која ја поддржувал „Германската војна“ на германската херојска култура против комерцијалната цивилизација на Англија. Притоа, тој изразува огромен презир кон комерцијалниот карактер на англиското население кое ги изгубило сите воинствени инстинкти. Според него, врховен принцип на англискиот морал е настојувањето да се продолжи благосостојбата на поединецот за време на неговиот живот на земјата кој тој го нарекува „најнеславната максима која воопшто била прогласена од комерцијалниот ум“. Според Зомбарт, пред 1914 година, сите германски идеали се наоѓале под смртна закана од постојаниот напредок на англиските комерцијални идеи, англискиот комфорт и англиската забава, а англискиот народ станал морално расипан и почнал да ги заразува другите народи. Оттука, Првата светска војна им овозможил на Германците да се потсетат дека се народ на воини, народи чии активности, особено економските активности, им се подредени на воените цели. Зомбарт ја глорификува војната, сметајќи дека нејзиниот третманот како нечовечка и бесмислена е производ на комерцијалните сфаќања. Тој смета дека постои повисок живот од животот на поединецот, а тоа е животот на народот и на државата, така што животот на поединецот треба да му бид еподреден на тој повисок живот. За Зомбарт, војната е израз на херојскиот поглед на животот, а војната против Англија е војна со спротивниот идеал - комерцијалното сфаќање на слободата на поединецот и англискиот комфорт.[1]

Наводи

  1. F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 183.