Телевизија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: -тиот и → и
с →‎Историја на телевизијата: Јазична исправка, replaced: Ротирачки → Вртечки
Ред 16: Ред 16:


== Историја на телевизијата ==
== Историја на телевизијата ==
* 1884 г.-Нипковиот диск е изум на германецот [[Паул Нипков]] (1860-1940). Ротирачкиот диск претходно е во катодна цевка.
* 1884 г.-Нипковиот диск е изум на германецот [[Паул Нипков]] (1860-1940). Вртечкиот диск претходно е во катодна цевка.
* 1897 г.-Катодната цевка е изум на германскиот физичар [[Карл фердинанд Браун]] (1850-1918). Таа е претходник на современата цевка во приемникот.
* 1897 г.-Катодната цевка е изум на германскиот физичар [[Карл фердинанд Браун]] (1850-1918). Таа е претходник на современата цевка во приемникот.
* 1926 г.-[[Џон Логи Берд]] (1888-1946), шкотски пронаоѓач, приредил прва демонстрација на телевизијата, прикажувајќи ги првите човечки лица кои можеле да се разпознаат.
* 1926 г.-[[Џон Логи Берд]] (1888-1946), шкотски пронаоѓач, приредил прва демонстрација на телевизијата, прикажувајќи ги првите човечки лица кои можеле да се разпознаат.

Преработка од 04:43, 28 мај 2021

Телевизија
ИзумителФило Фарнсворт
Владимир Зворикин
Џон Логи Берд
Излегол1923
Достапен?Ширум светот

Телевизија е насекаде познат телекомуникациски медиум за испраќање (емитување) и примање слики, тие можат да бидат и монохроматски („црно бели“/еднобојни) или во боја, обично овиее слики се придружени со звук. „Телевизија“ може да се однесува и на направата која се користи за гледање телевизија, телевизорот. Зборот доаѓа од помешано латински и грчки, што значи „далекувид“: грчки tele (τλε), далеку, и латински visio, вид (од видео, vis- да видиш или да видиш во прво лице).

Постои аналогна и дигитална телевизија.

Историја на телевизијата

  • 1884 г.-Нипковиот диск е изум на германецот Паул Нипков (1860-1940). Вртечкиот диск претходно е во катодна цевка.
  • 1897 г.-Катодната цевка е изум на германскиот физичар Карл фердинанд Браун (1850-1918). Таа е претходник на современата цевка во приемникот.
  • 1926 г.-Џон Логи Берд (1888-1946), шкотски пронаоѓач, приредил прва демонстрација на телевизијата, прикажувајќи ги првите човечки лица кои можеле да се разпознаат.
  • 1929 г.-ББЦ (Бритиш Броадкестинг Корпорејшн) во доцните ноќни часови ги емитува 30-линиските слики на Берд.
  • 1930 г.-Звукот е додаден на сликите на Берд.
  • 1932 г.-Првата практична телевизиска камера ја прикажал Американецот со руско потекло Владимир Козма Зворикин (1889-1982). За разлика од Бердовата механичка, неговата била во целост електронска.
  • 1950 г.-Телевизија во боја воспоставува американската компанија CBS.
  • 1954 г.-Основана е Евровизијата со цел промовирање на телевизијата во Европа.
  • 1960-1961 г.-Целосно транзисторирана телевизија првпат е воведена во САД.
  • 1962 г.-Први прекуокеански слики се пренесени во живо преку комуникацискиот сателит Телстар, кој го лансира НАСА.
  • 1970 г.-Директен пренос од сателит со висока телевизиска дефиниција (HDTV) го оствари јапонската телевизиска мрежа NHK.
  • 1973 г.-Кифекс, информативен систем кој се служи со резервни линии од 625-линискиот телевизиски систем (телетекст) воспоставен е во Британија.
  • 1979 г.-Прв редовен систем за емитување преку сателит (DBS) е воведен во Канада. За прием на емисии потребна е антена.
  • 1979 г.-Џепен телевизор е изум на јапонската компанија Мацушита. Телевизорот не е поголем од видео-касета.
  • 1980 г.-CNN (кабловска мрежа за вести) званично почнала да функционира од јуни. Оваа американска ТВ станица преку сателит праќа непосредни извештаи од кризните подрачја во светот.
  • 1981 г.-Камкордер револуционерно го менува телевизиското новинарство.
  • 1991 г.-Хај-вижн, телевизија со висока дефиниција, осум часа на ден ја емитува јапонската NHK.
  • 1999 г.-Дигиталната ТВ овозможува значително зголемување на бројот на канали.

Social aspects and effects on children Main article: Social aspects of television

Улога во социјализацијата и промени кај децата

Телевизијата изигра важна улога во социјализацијата во 20 и 21 век. Има многу истражувања во кои телевизијата е внесена како причина , вклучувајќи го насилството предизвикано од содржината на медиумите.

Промени кај околината

Во време кога старите CRT телевизори содржат големо количество на олово , додека новите LCD и плазма телевизори содржат жива , има голема загриженост за отпадот од отфрлените вакви уреди но и зголемената потребна од електрична енергија.

Телевизијата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Филм на телевизија“ - расказ на српскиот писател Давид Албахари.[1]
  • „Последниот канал“ (L'ultimo canale) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[2]
  • „ТВ забава“ (TV Party) - песна на американската панк хард-кор група Блек флег (Black Flag) од 1981 година.[3]
  • „ТВ-екран“ (TV Screen) - песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.[4]
  • „Нема гомна на телевизија вечерва“ (англиски: There Ain't Shit On TV Tonight) - песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[5]
  • „ТВ жртва“ (англиски: TV Casualty) - песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits).[6]
  • „Таа го гледа каналот нула?!“ (She Watch Channel Zero?!) - песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1988 година.[7]
  • „ТВ-око“ (T.V. Eye) - песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1970 година.[8]
  • „Телевизиски човек“ (Television Man) - песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1985 година.[9]
  • „Си имам кола и телевизор“ (англиски: I've got my car and my TV) - песна на германската рок-група Фауст.[10]
  • „Тоа го видов на телевизија“ (I Saw It on T.V.) - песна на американскиот рок-пејач Џон Фогерти (John Fogerty) од 1985 година.[11]

Поврзано

Наводи