Чикаго (филм): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
сНема опис на уредувањето
Ред 50: Ред 50:
[[Категорија:Филмови поврзани со смртна казна]]
[[Категорија:Филмови поврзани со смртна казна]]
[[Категорија:Филмови на Miramax Films]]
[[Категорија:Филмови на Miramax Films]]
[[Категорија:Филмски мјузикли]]
[[Категорија:Мјузикли]]

Преработка од 22:58, 5 мај 2021

„Чикаго“
Филмскиот плакат
РежисерРоб Маршал
ПродуцентБоб Вејнстејн
Харви Вејнстејн
Крег Зедан
Мартин Ричардс
СценаристМаурин Ваткинс
Боб Фоси
Бил Кондон
Главни улогиРене Зелвегер
Кетрин Зита-Џонс
Ричард Гир
Квин Латифа
Џон Рејли
Кристин Барански
Тај Дигс
Луси Лу
МузикаДени Елфмен
КинематографијаДион Биби
МонтажаМартин Валш
ДистрибутерMiramax Films
Премиера27 декември 2002
Времетраење113 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$45 милиони
Бруто заработка$306.776.732[1]

„Чикаго“ (англиски: Chicago) — американски филм (од жанрот мјузикл) од 2002 година, во режија на Роб Маршал, а произведен од „Miramax Films“. Филмот првпат почнал да се прикажува на 27 декември 2002, во ограничен број на градови, а пошироко почнал да се прикажува на 24 јануари 2003. Филмот е адаптација на сатиричниот театарски мјузикл, истражува теми на гламурот и скандалот во Чикаго во ерата на џезот. Режисер и кореограф на филмот е Роб Маршал, а сценариото го напишал Бил Кондон. Главните улоги ги играат: Кетрин Зета-Џонс, Рене Зелвегер и Ричард Гир. Филмот Чикаго има освоено шест „Оскари“ во 2003 година, вклучувајќи и „Оскар“ за најдобар филм. Овој филм е првиот мјузикл што ја добил наградата за најдобар филм по филмот „Оливер!“ во 1968 година.

Приказна

Дејствието на филмот се одвива во Чикаго, околу 1920 година. Наивната Рокси Харт (Рене Зелвегер) оди во посета на ноќен клуб каде настапува Велма Кели (Кетрин Зета-Џоунс), во надеж дека нејзиното момче Фред Касли ќе ѝ најде ангажман како ѕвезда во водвиљот („Сиот тој џез“). По настапот, Велма е уапсена за убиство на нејзиниот неверен сопруг, бидејќи спиел со нејзината сестра Вероника. Откако Рокси сфаќа дека Фред нема да ѝ помогне да влезе во шоу-бизнисот, во момент на бес таа го убива и се обидува дека го намести нејзиниот простодушен сопруг Ејмос. Двете девојки го привлекуваат вниманието на медиумите, но освен за насловните страници на весниците, тие се борат и за наклоноста на нивниот заеднички адвокат познатиот Били Флин (го игра Гир). И покрај ова, полицијата не наседнува на трикот и Рокси е уапсена и испратена во затворот на округот Кук.[2][3]

Наводи

  1. „Top Grossing Movies That Never Hit #1 at the Box Office“. Box Office Mojo. Посетено на July 18, 2010.
  2. Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 26.
  3. Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 20.

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>