Паоло Веронезе: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: he:פאולו ורונזה |
с Бот Додава: hu:Paolo Veronese |
||
Ред 41: | Ред 41: | ||
[[he:פאולו ורונזה]] |
[[he:פאולו ורונזה]] |
||
[[hr:Paolo Veronese]] |
[[hr:Paolo Veronese]] |
||
[[hu:Paolo Veronese]] |
|||
[[id:Paolo Veronese]] |
[[id:Paolo Veronese]] |
||
[[it:Paolo Veronese]] |
[[it:Paolo Veronese]] |
Преработка од 02:01, 26 декември 2008
Паоло Веронезе (италијански: Paolo Veronese), (1528 – 19 април 1588) бил важен венецијански ренесансен сликар. Родено име му било Паоло Каљиари или Паоло Калиари (Paolo Cagliari или Paolo Caliari). Го завикале „Веронезе“ бидејќи родум бил од Верона.
Како младич, Веронезе учел кај локалните венецијански уметници како Џовани Франческо Карото. Потоа за кратко се преселил во Мантова во 1548 (каде насликал фрески во главната катедрала, Дуомо) пред да се врати во Венеција и да ја започне својата плодна кариера.
Веронезе, Тицијан и Тинторето сочинуваат триумвират од најважните венецијански сликари од доцната Ренесанса (1500-ти). Веронезе е познат како врвен колорист, како и по своите илузии во фреска и во масло. Највеќето негови дела се комплексни наративни виклуси, изведени во драматичен и разнобоен маниристички стил, полн грандиозни архитектонски окружувања и блескави свечени призори. Особено исклучителни се неговите големи слики на библиски гозби насликани за трпезарии во манастири во Венеција и Верона. Неговото кратко искуство со Инквизицијата често се споменува како увид во сликарските методи и тематики во тоа време.
Сликал и олтари, слики на митолошки теми и портрети. Во цикулација се и голем број на композициони скици во молив, мастило и туш, студии на тела во креда, како и кјароскуро модели и рикорди. Тој стоел на чело на неговата семејна ликовна работилница сѐ до неговата смрт во 1588 год.
Познати дела
„Паоло Веронезе“ на Ризницата ? |
- Алегорија на Мудроста и Силата
- Битка кај Лепанто
- Гозбата во Левиевиот дом
- Лукреција
- Портрет на Даниеле Барбаро
- Свадбата во Кана
- Семејството на Дариј пред Александар
Надворешни врски
- Биографија на Веронезе со врска до многу негови слики (англиски)