Халил Рифат-паша: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: =Ислам → =ислам
с →‎Надворешни врски: Јазично подобрување, replaced: Едукативна → Образовна
 
Ред 22: Ред 22:
* [http://www.biriz.biz/osmanli/p34.htm Ерата на Абдул Хамид II]
* [http://www.biriz.biz/osmanli/p34.htm Ерата на Абдул Хамид II]
* [https://web.archive.org/web/20050409221824/http://www.beyan.com.tr/arsiv/1999/sayi9/kulturmedeniyet.htm Халил Рифат-паша како министер за внатрешни работи]
* [https://web.archive.org/web/20050409221824/http://www.beyan.com.tr/arsiv/1999/sayi9/kulturmedeniyet.htm Халил Рифат-паша како министер за внатрешни работи]
* [https://web.archive.org/web/20050831084639/http://www.history.hacettepe.edu.tr/tezler.htm Едукативна веб-страница која содржи информации за Халил Рифат-паша]
* [https://web.archive.org/web/20050831084639/http://www.history.hacettepe.edu.tr/tezler.htm Образовна мрежна страница со информации за Халил Рифат-паша]
* [https://web.archive.org/web/20060423080009/http://www.cumhuriyet.edu.tr/edergi/makale/638.pdf Халил Рифат-паша (биографија на турски јазик во формат pdf - апстрактно и на англиски јазик)] Универзитет Сивас Кумхуриет
* [https://web.archive.org/web/20060423080009/http://www.cumhuriyet.edu.tr/edergi/makale/638.pdf Халил Рифат-паша (биографија на турски јазик во формат pdf - апстрактно и на англиски јазик)] Универзитет Сивас Кумхуриет



Последна преработка од 08:58, 5 април 2021

Халил Рифат
Паша
Мутасариф на Видин
На должноста
1882–1886
Гувернер на Сиваскиот Вилает
На должноста
1886–1889
Гувернер на Ајдинскиот Вилает
На должноста
1889–1891
Претходник Нафиз-паша
Наследник Абдурахман Нуредин-паша
Гувернер на Битолскиот Вилает
На должноста
1891–1893
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
7 ноември 1895 – 9 ноември 1901
Монарх Абдул Хамид II
Претходник Ќамил-паша
Наследник Мехмед Саид-паша
Лични податоци
Роден(а) 1820
Сер, Румелиски Пашалак, Османлиско Царство
Починал(а) 9 ноември 1901
Цариград, Цариградски Вилает, Османлиско Царство
Националност Османлија
Вероисповед ислам

Халил Рифат-паша (современ турски: Halil Rıfat Paşa; 1820 година [Notes 1] 9 ноември 1901 година) — отомански државник и Голем везир шест години помеѓу 1895 година до неговата смрт во 1901 година, за време на владеењето на Абдул Хамид II.

Образование[уреди | уреди извор]

Роден е во Сер и се школувал во една медреса во Солун, а потоа продолжил на Факултетот за политички науки во Цариград (денес установата се наоѓа во Анкара).

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

После неколку години на образование, тој започнал да работи како поштенски службеник во Видин, а потоа работел како секретар во канцеларијата на гувернерот на Солун.[1] Тој напредувал чекор по чекор и бил назначен на повисоки официјални позиции со изминувањето на времето, вклучително и во Русе. Во 1882 година бил назначен за мутасариф на Видин, а потоа во 1886 година бил назначен за гувернер на Сивас, каде започнал програма за градење на патишта.[1] Потоа бил назначен за гувернер на Ајдин (1889), а подоцна и во Битола, каде се борел против комитски единици, кои растеле во покраината.[1] Тој бил назначен за министер за внатрешни работи во 1893 година. Потоа бил назначен за голем везир во ноември 1895 година. Најважните настани во неговата ера како голем везир биле немирите на Сасон (во 1895 година) и на Крит (во 1897 година), како и грчко-турската војна од 1897 година, која завршила со османлиска победа.

Тривија[уреди | уреди извор]

Неговото мото во кампањата за градење на патиштата било „Секое место каде што не можете да одите не е ваше“ (турски: Gidemediğin yer senin değildir.)

Белешки и наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според посмртницата во „The Times“, тој е роден околу 1807 година. Така тој бил имал речиси 95 години до неговата смрт. Други извори ја посочуваат годината 1820.
  1. 1,0 1,1 1,2 "Obituary - Turkish Grand Vizier" The Times (Лондон). понеделник, 11 ноември 1901. Бр. 36609, стр. 10.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Ќамил-паша
Голем везир на Османлиското Царство
7 ноември 1895 – 9 ноември 1901
Наследник
Мехмед Саид-паша