Лукас Подолски: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →top: Форматна исправка, replaced: ]]) e → ]]) — |
с Јазична исправка, replaced: националниот тим → репрезентацијата (2) |
||
Ред 32: | Ред 32: | ||
'''Лукас Подолски''' (роден на [[4 јуни]] [[1985]] година во [[Гливице]], [[Полска]]) — [[Германија|германски]] [[фудбалер]] со [[Полска|полско]] потекло кој во моментов настапува за јапонскиот клуб Висел Кобе како напаѓач. Тој е син на поранешниот полски фудбалер Владемар Подолски. Иако Лукас е роден во [[Полска]], тој настапува за репрезентацијата на Германија, каде неговото семејство се преселило кога тој имал само 2 години. Израснал во градот [[Бергхајм]]. |
'''Лукас Подолски''' (роден на [[4 јуни]] [[1985]] година во [[Гливице]], [[Полска]]) — [[Германија|германски]] [[фудбалер]] со [[Полска|полско]] потекло кој во моментов настапува за јапонскиот клуб Висел Кобе како напаѓач. Тој е син на поранешниот полски фудбалер Владемар Подолски. Иако Лукас е роден во [[Полска]], тој настапува за репрезентацијата на Германија, каде неговото семејство се преселило кога тој имал само 2 години. Израснал во градот [[Бергхајм]]. |
||
Своето деби во [[Фудбалска репрезентација на Германија| |
Своето деби во [[Фудбалска репрезентација на Германија|репрезентацијата на Германија]] го имал на [[6 јуни]] [[2004]], на возраст од 19 години, против [[Фудбласка репрезентација на Унгарија|Унгарија]] во пријателски натпревар одигран во [[Кајзерслаутерн]]. |
||
==Кариера== |
==Кариера== |
||
Ред 42: | Ред 42: | ||
===Враќање во Келн=== |
===Враќање во Келн=== |
||
Подолски ги послушал советите на селекторот на [[Фудбалска репрезентација на Германија|Германија]] [[Јоаким Лев]] и се вратил во Келн како би ги задржал шансите за настап во |
Подолски ги послушал советите на селекторот на [[Фудбалска репрезентација на Германија|Германија]] [[Јоаким Лев]] и се вратил во Келн како би ги задржал шансите за настап во репрезентацијата. Тој бил главна фигура во тимот во следните три сезони во кој Келн се натпреварувал во Бундеслигата. Сепак, и покрај 18 голови на Подолски во сезоната 2011-12 Келн испаѓа од лигата. |
||
===Арсенал=== |
===Арсенал=== |
Преработка од 01:21, 24 март 2021
Лукас Подолски | |||
---|---|---|---|
Лукас Подолски во 2016 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Лукас Подолски[1] | ||
Роден на | 4 јуни 1985 | ||
Роден во | Гливице, Полска | ||
Висина | 1.82 m[2] | ||
Позиција | напад[3] | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Арсенал | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
1991–1995 | FC 07 Bergheim | ||
1995–2002 | ФК Келн | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002–2004 | ФК Келн II | 2 | (0) |
2003–2006 | ФК Келн | 81 | (46) |
2006–2009 | ФК Бајерн Минхен | 71 | (15) |
2007–2008 | ФК Бајерн Минхен II | 2 | (0) |
2009–2012 | ФК Келн | 88 | (33) |
2012– | ФК Арсенал | 60 | (19) |
2015 | → Интер (позајмица) | 17 | (1) |
2015–2017 | Галатасарај | 51 | (20) |
2017– | Висел Кобе | 12 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2001–2002 | Германија U17 | 6 | (2) |
2002–2003 | Германија U18 | 7 | (4) |
2003 | Германија U19 | 3 | (6) |
2004 | Германија U21 | 5 | (0) |
2004– | Германија | 130 | (49) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16:42, 1 декември 2012 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15:44, 16 ноември 2012 (UTC) |
Лукас Подолски (роден на 4 јуни 1985 година во Гливице, Полска) — германски фудбалер со полско потекло кој во моментов настапува за јапонскиот клуб Висел Кобе како напаѓач. Тој е син на поранешниот полски фудбалер Владемар Подолски. Иако Лукас е роден во Полска, тој настапува за репрезентацијата на Германија, каде неговото семејство се преселило кога тој имал само 2 години. Израснал во градот Бергхајм.
Своето деби во репрезентацијата на Германија го имал на 6 јуни 2004, на возраст од 19 години, против Унгарија во пријателски натпревар одигран во Кајзерслаутерн.
Кариера
Келн
Подолски ја започнал својата професионална кариера во тимот на Келн, за кого дебитирал во натпревар од Бундеслигата на 22 ноември 2003, на возраст од 18 години, во поразот на домашен терен од Хамбургер со 1-0. Следната сезона постигнал 24 голови и бил најдобар стрелец во Бундеслига 2, со кој му помогнал на Келн да се врати во Бундеслигата. Сезоната 2005-06 ја завршил со 12 постигнати голови и го привлекол вниманието на голем број клубови како Ливерпул, Бајерн Минхен, Хамбургер, Вердер и Реал Мадрид.
Бајерн Минхен
Во летото 2006 година Подолски го комплетирал својот трансфер во Бајерн за сума која се претпоставувало дека изнесува 10 милиони €. Своето деби за Бајерн го направил на 11 август 2006 против Борусија Дортмунд, влегувајќи како замена во 88-та минута. Тој бил дел од клубот во периодот од 2006 до 2009 година и одиграл преку 100 натпревари во сите натпреварувања во кој постигнал 26 голови. Доаѓањето на италијанскиот напаѓач Лука Тони го истиснува Подолски од стартната постава на Бајерн и одлучил да се врати назад во Келн во летото 2009 година.
Враќање во Келн
Подолски ги послушал советите на селекторот на Германија Јоаким Лев и се вратил во Келн како би ги задржал шансите за настап во репрезентацијата. Тој бил главна фигура во тимот во следните три сезони во кој Келн се натпреварувал во Бундеслигата. Сепак, и покрај 18 голови на Подолски во сезоната 2011-12 Келн испаѓа од лигата.
Арсенал
На 30 април 2012 Подолски потпишал за англискиот премиерлигаш Арсенал за сума од 14 милиони €.
Надворешни врски
Наводи
- ↑ „List of Players“ (PDF). FIFA. Посетено на 8 November 2010.
- ↑ „Player Profile: Lukas Podolski“. Sky Sports. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ „Lukas Podolski“. Arsenal Football Club. Посетено на 20 August 2012.
|
|