Христо Саракинов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: бил македонски револуционер → — македонски револуционер
с →‎Извори: Додадена категорија
Ред 14: Ред 14:
[[Категорија:Дејци на ВМОК|Саракинов, Христо]]
[[Категорија:Дејци на ВМОК|Саракинов, Христо]]
[[Категорија:Бугарски офицери од Македонија]]
[[Категорија:Бугарски офицери од Македонија]]
[[Категорија:Македонски преселници во Софија]]

Преработка од 01:04, 12 март 2021

Христо Саракинов во офицерска униформа

Христо Саракинов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет, бугарски офицер и капетан.

Животопис

Саракинов е роден во 1872 година во селото Саракиново, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Учи во Воден, Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна во Военото училиште во Софија, кое го завршува во 1895 година и пристапува на воена служба во бугарската армија. Влегува во Македонскиот комитет.

Четата на Христо Саракинов.

Во 1900 година ја напушта службата и се придава целосно на револуционерна дејност. На VІІ македонски конгрес е избран за член на ВМОК. Од 1901 година е војвода на ВМОК во Мелничко и Петричко. По поделбата во ВМОК во летото 1902 година , Саракинов е меѓу Цончевистите. Во летото 1902 година четата на Саракинов влегува во борба со четите на Иљо Крчовалијата, Јане Сандански и Атанас Тешовалијата во месноста Арамийката чешма помеѓу селата Петрово и Голешово, во кое загинале Теофил Иванов [1], Ангел Спанчовалијата и уште тројца врховисти [2][3][4] .

Сакариков учествува како војвода во Горноџумајското востание од септември 1902 и Илинденското востание од август 1903 година. По востанието се враќа во бугарската армијата. Починал во 1908 година [5][6].

Извори

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 107.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 7.
  3. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 162.
  4. Макдермот, Мерсия. За свобода и съвършенство. Биография на Яне Сандански, Наука и изкуство, София, 1987, стр. 100.
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.
  6. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993., стр. 148.