Ерта Але: Разлика помеѓу преработките

Координати: 13°36′N 40°40′E / 13.600° СГШ; 40.667° ИГД / 13.600; 40.667
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Отстранет излишен знак во навод, replaced: ,| → |
с Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник (4)
Ред 28: Ред 28:


=== Местоположба и топографија ===
=== Местоположба и топографија ===
Вулканот Ерта Але, иако не е многу висок (613 метри надморска височина) многу е широк и изнесува триесет километри во дијаметар. Тој е дел од вулкански систем кој ги вклучува, од север кон југ, [[Гада Але]], [[Алу Дала Фила]], [[Борале Але]], Ерта Але, [[Халји Губ]] и [[Але Багу]] кој се протега на 95 километри должина и 42 километри широчина. Се наоѓа на јужно од вулканот [[Далол (вулкан)|Д<nowiki/>алол]].
Вулканот Ерта Але, иако не е многу висок (613 метри надморска височина) многу е широк и изнесува триесет километри во пречник. Тој е дел од вулкански систем кој ги вклучува, од север кон југ, [[Гада Але]], [[Алу Дала Фила]], [[Борале Але]], Ерта Але, [[Халји Губ]] и [[Але Багу]] кој се протега на 95 километри должина и 42 километри широчина. Се наоѓа на јужно од вулканот [[Далол (вулкан)|Д<nowiki/>алол]].


Ерта Але на врвот има 1 600 метри долга и 700 метри широка [[Купа|ку<nowiki/>па]], свртена во насока север-југ.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.volcanodiscovery.com/erta_ale.html|title=Erta Ale|work=www.volcanodiscovery.com|accessdate=2017-12-16}}</ref> Во купата лежат два[[Вулкански кратер| к<nowiki/>ратера]] во облик на кружни бунари со вертикални ѕидови. Според вулканската активност, лавини езера се наоѓаат во овие кратери, и тие исчезнат или надоаѓаат привремено.<ref name=":0">{{Наведени вести|url=http://bigthink.com/eruptions/volcano-profile-erta-ale|title=Volcano Profile: Erta Ale|last=Klemetti|first=Erik|work=Big Think|access-date=2017-12-16}}</ref>
Ерта Але на врвот има 1 600 метри долга и 700 метри широка [[Купа|ку<nowiki/>па]], свртена во насока север-југ.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.volcanodiscovery.com/erta_ale.html|title=Erta Ale|work=www.volcanodiscovery.com|accessdate=2017-12-16}}</ref> Во купата лежат два[[Вулкански кратер| к<nowiki/>ратера]] во облик на кружни бунари со вертикални ѕидови. Според вулканската активност, лавини езера се наоѓаат во овие кратери, и тие исчезнат или надоаѓаат привремено.<ref name=":0">{{Наведени вести|url=http://bigthink.com/eruptions/volcano-profile-erta-ale|title=Volcano Profile: Erta Ale|last=Klemetti|first=Erik|work=Big Think|access-date=2017-12-16}}</ref>
Ред 42: Ред 42:
Сместен во [[Пустина|пустински]] и не многу лесно пристап регион, вулканот Ерта Але бил откриен во 1906<ref name=":1">{{Наведена мрежна страница|url=https://www.atlasobscura.com/places/erta-ale|title=Erta Ale|work=Atlas Obscura|language=en|accessdate=2017-12-16}}</ref> а вулканолозите почнале да го проучуваат дури од доцните [[1960-ти]] и раните [[1970-ти]].
Сместен во [[Пустина|пустински]] и не многу лесно пристап регион, вулканот Ерта Але бил откриен во 1906<ref name=":1">{{Наведена мрежна страница|url=https://www.atlasobscura.com/places/erta-ale|title=Erta Ale|work=Atlas Obscura|language=en|accessdate=2017-12-16}}</ref> а вулканолозите почнале да го проучуваат дури од доцните [[1960-ти]] и раните [[1970-ти]].


Во [[1968|1968 година]], првата француско-италијанска вулканолошка експедиција дошла на врвот на Ерта Але. [[Арун Тазиеф]] и [[Џорџо Маринели]] виделе две [[лавино езеро|лавини езер]]а<ref>{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/2034917|title=L'odeur du soufre : expédition en Afar|last=1914-1998.|first=Tazieff, Haroun|date=1975|publisher=Stock|isbn=9782234002623|location=Paris|oclc=2034917}}</ref><span> .</span> Во северниот [[Вулкански кратер|кратер]] езерото од сто метри во дијаметар било многу активно а во централниот кратер, имало езеро од 65 метри во дијаметар и тоа било помалку активно. Двете езера се наоѓале на длабочина од 165 метри и биле активни најмалку од [[1906|1906 година]]. Нивото на езерата не престанало да оди нагоре<span> </span>: во [[1971|1971 година]], тие биле на само десетина метри од работ на кратерите и го имале отприлика истиот дијаметар а во [[1972|1972 година]], тие протекле поплавувајќи го подот на [[Купа|к<nowiki/>упата]]. Тоа траело до [[1974|1974 година]].
Во [[1968|1968 година]], првата француско-италијанска вулканолошка експедиција дошла на врвот на Ерта Але. [[Арун Тазиеф]] и [[Џорџо Маринели]] виделе две [[лавино езеро|лавини езер]]а<ref>{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/2034917|title=L'odeur du soufre : expédition en Afar|last=1914-1998.|first=Tazieff, Haroun|date=1975|publisher=Stock|isbn=9782234002623|location=Paris|oclc=2034917}}</ref><span> .</span> Во северниот [[Вулкански кратер|кратер]] езерото од сто метри во пречник било многу активно а во централниот кратер, имало езеро од 65 метри во пречник и тоа било помалку активно. Двете езера се наоѓале на длабочина од 165 метри и биле активни најмалку од [[1906|1906 година]]. Нивото на езерата не престанало да оди нагоре<span> </span>: во [[1971|1971 година]], тие биле на само десетина метри од работ на кратерите и го имале отприлика истиот пречник а во [[1972|1972 година]], тие протекле поплавувајќи го подот на [[Купа|к<nowiki/>упата]]. Тоа траело до [[1974|1974 година]].


=== Ерупции ===
=== Ерупции ===

Преработка од 06:35, 10 март 2021

Ерта Але
Ерта Але во мај 2008
Највисока точка
Надм. вис.613 м [1]
Заведена какоСписок на вулкани во Етиопија
Координати13°36′N 40°40′E / 13.600° СГШ; 40.667° ИГД / 13.600; 40.667[2]
Географија
Ерта Але на карта

Карта

Геологија
ВидШтитест вулкан
Последен избув1967 до денес[2]

Ерта Але е  вулкан во Етиопија кој наоѓа во северниот дел на Големата Раседна Долина, поточно во Афарската Котлина. Ерта Але значи „зачадена планина“ на афарски јазик[3].

Географија

Сателитска слика од северот на Афарската Котлина во чиј центар (ЕА), е вулкански систем вклучително и Ерта Але.
Лавино езеро на Ерта Але во 2001 г.

Местоположба и топографија

Вулканот Ерта Але, иако не е многу висок (613 метри надморска височина) многу е широк и изнесува триесет километри во пречник. Тој е дел од вулкански систем кој ги вклучува, од север кон југ, Гада Але, Алу Дала Фила, Борале Але, Ерта Але, Халји Губ и Але Багу кој се протега на 95 километри должина и 42 километри широчина. Се наоѓа на јужно од вулканот Далол.

Ерта Але на врвот има 1 600 метри долга и 700 метри широка купа, свртена во насока север-југ.[4] Во купата лежат два кратера во облик на кружни бунари со вертикални ѕидови. Според вулканската активност, лавини езера се наоѓаат во овие кратери, и тие исчезнат или надоаѓаат привремено.[5]

Геологијата

Лава која тече повремено од Ерта Але е базалтска и не содржи многу вулкански гасови. Највисоката измерена температура била 1 217 °C.

Измерениот топлински бран бил  30 kW·м−2.

Афарската Котлина каде што се наоѓа вулканот сочинува дел од Големата Раседна Долина која поминува низ Источна Африка од север кон југ, и која доколку нејзиниот развој продолжи би можела да создаде нов океан, исто како Црвеното море.[5]

Историја

Сместен во пустински и не многу лесно пристап регион, вулканот Ерта Але бил откриен во 1906[6] а вулканолозите почнале да го проучуваат дури од доцните 1960-ти и раните 1970-ти.

Во 1968 година, првата француско-италијанска вулканолошка експедиција дошла на врвот на Ерта Але. Арун Тазиеф и Џорџо Маринели виделе две лавини езера[7] . Во северниот кратер езерото од сто метри во пречник било многу активно а во централниот кратер, имало езеро од 65 метри во пречник и тоа било помалку активно. Двете езера се наоѓале на длабочина од 165 метри и биле активни најмалку од 1906 година. Нивото на езерата не престанало да оди нагоре : во 1971 година, тие биле на само десетина метри од работ на кратерите и го имале отприлика истиот пречник а во 1972 година, тие протекле поплавувајќи го подот на купата. Тоа траело до 1974 година.

Ерупции

Вулканот еруптирал во 1873, 1903, 1940, 1960, 1967 и 2005, кога ерупцијата предизвикала угинување на добитокот и илјадници луѓе биле принудени да побегнат. Во 2007 лавата уште еднаш предизвикалаевакуација а двајца се воделе како исчезнати и се претпоставува дека загинале[6].

Ерта Але, вулканска формација

Лавини езера

Лавино езеро во кратерот на Ерта Але

Лавините езера во вулканот датираат одамна, веројатно најмалку во последните 100 години[8] Постојат и докази за поексплозивни ерупции (VEI 2) во последните 150 години од Ерта Але, но нема доволно докази поради тешко пристапната местоположба[5]. Немало други набљудувања до ноември 1992 година освен некои антенски истражувања и сателитските набљудувања. Колапс на ѕидовите на северниот кратер го закопал лавиното езеро. Нивото на средишното езеро, кое било од 40 до 70 метри, паднало на сто метри.

Во 2001 година, војната со Еритреја завршила и тимови на научници можеле да направат мерења. Езерото тогаш изнесувало 80 до 100 метри, сместено на длабочина од 80 метри и редовно испуштало лавини фонтани високи од пет до десет метри. Од овој датум, вулканот редовно се посетува. Набљудувањето на лавиното езеро покажува чести промени на нивото и на активноста.

Лавините езера покажуваат интензивна активност : се формира кора од изладена лава, но таа е пробушена од лавини фонтани придружени со испуштањето вулкански гасови. По краток период кога езерото се стврднува но потоа, повторно се појавува. Нивото на лавиното езеро варира од месец до месец. Кога се спушта, остава стврднати тераси од базалт кои повторно се покриваат со новото накачување на езерото.

Туристичка дестинација

Ерта Але е една од главните атракции во Афарската Котлина и стана позната туристичка дестинација. На 4 јануари 2012 извршен бил терористички напад врз туристи и научници кои кампувале до кратерот при што неколкумина биле убиени или киднапирани.[9]

Мониторинг

Набљудувањето на вулканот Ерта Але е отежнато заради положбата и други услови. Така при ерупцијата на Далафила во 2008 година немало никој на местото на настанот за да открие кој вулкан избувнал во опсегот. Повеќето ерупции во областа најпрвин се забележани од нивните сулфурно диоксидни облаци или преку активноста на лавските езера преку сателит, потоа од кажувања на неколкуте мештани кои живеат во близина на вулканот.[5]

Литература

  • Арун Тазиеф, Мирисот на сулфур. Експедицијата во Афар, Сток, Париз, 1975, 227

Поврзано

Наводи

  1. „Erta Ale, Ethiopia“. Volcano World. Oregon State University. Посетено на 2007-08-08.
  2. 2,0 2,1 „Erta Ale“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 2009-02-22. (англиски)
  3. M. C. Lopes, Rosaly (2005). The Volcano Adventure Guide. Cambridge University Press. стр. 14.
  4. „Erta Ale“. www.volcanodiscovery.com. Посетено на 2017-12-16.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Klemetti, Erik. „Volcano Profile: Erta Ale“. Big Think. Посетено на 2017-12-16.
  6. 6,0 6,1 „Erta Ale“. Atlas Obscura (англиски). Посетено на 2017-12-16.
  7. 1914-1998., Tazieff, Haroun (1975). L'odeur du soufre : expédition en Afar. Paris: Stock. ISBN 9782234002623. OCLC 2034917.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  8. Oppenheimer and Francis, 1998
  9. Johannesburg, William Davison David Smith in (2012-01-19). „Ethiopia attack: British survivor endures 12-hour ordeal on volcano“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-12-16.

Надворешни врски