Разлика помеѓу преработките на „Адонис“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 18 бајти ,  пред 7 месеци
с
Правописна исправка, replaced: -тиот век → век (2)
с (→‎Културни наводи со митологијата на повторно раѓање: Јазична исправка, replaced: референци → наводи)
с (Правописна исправка, replaced: -тиот век → век (2))
Митот за смртта и повторно раѓање на Адонис е видливо истакнат во различни културни и [[уметничко дело|уметнички дела]]. Ремек делото на [[Џован Батиста Марино]], ''Адоне'', објавено во [[1623]] година, е долга сензуална [[поема]] која го опишува митот за Адонис и го претставува преминот во [[италијанска литература|италијанската литература]] од [[маниризам]] во [[барок]]. [[Перси Биш Шели]] ја напишал поемата ''Адонеис'' за [[Џон Китс]], каде го користи митот како продолжена [[метафора]] за смртта на Китс.
 
Ваквите наговестувања продолжиле сѐ до денес. Адонис (арапска транслитерација на истото име, ''أدونيس'') е [[псевдоним]] на познатиот сириски [[поет]], [[Али Ахмад Саид Асбар]], кој бил номиниран повеќе од еднаш за [[Нобеловата награда за литература]], вклучувајќи ја и [[2006]] година. Неговиот избор за име посебно се поврзува со елементот на повторно раѓање на митот за Адонис (исто така наречен „Тамуз“ на [[арапски]]), кој е важна тема во [[арапска поезија|арапската поезија]] од средината на [[XX век|XX]]-тиот век, главно меѓу следбениците на движењето „Слободен стих“ (الشعر الحر) формирано од [[ирак|ирачкиот]] поет [[Бадир Шакир ал-Сајаб]]. Адунис го користел митот на неговиот истоименик во многу од своите поеми, на пример во ''„Јас, бранот“'', од неговата последна книга ''„Почеток на телото, крај на морето“'', која вклучува целосно прераскажување на раѓањето на богот.
 
=== Современа поврзаност со физичката убавина и младост ===
[[Податотека:Adonis01.jpg|thumb|right|250px|Репродукција на грчка бронзена скулптура на Адонис од XIX-тиот век, пронајдена во Помпеја.]]
Исклучително привлечен младич многу често се нарекува Адонис, многупати со значење на заслужена [[самобендисаност]]: „канцеларискиот Адонис“. Легендарната [[привлечност]] на личноста е спомената во ''[[Сарасина]]'' на [[Оноре де Балзак]], која ја опишува невозвратената љубов на главниот лик, Сарасина, за ликот на сликата на Адонис и [[кастрати]] (машки сопран, мецосопран или алт глас). Наговестувањето за исклучителна физичка привлечност е очигледен во [[Психоанализа|психоаналитичкиот]] Адонисов комплекс кој се однесува на [[опсесивност]]а за сликата на телото и подобрувањето на телото и младешкиот изглед.
 

Прегледник