Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Животопис: дополнување
ситна поправка
Ред 8: Ред 8:
Есента 1814 година, Екерман се вратил дома каде дознал дека умрел татко му, а мајка му живеела со најстарата сестра која ја презела родителската куќа. Зимата 1815 година, тој заминал во [[Хановер]] со намера да учи кај сликарот Рамберг, меѓутоа во мај истата година тешко се разболел и така ја прекинал сликарската практика. Тогаш, тој се вработил во една воена установа, а здравјето му се подобрило. Во тоа време се запознал со [[поезија]]та на [[Теодор Кернер]] и така кај него се појавил интерес за книжевноста.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 94-94.</ref>
Есента 1814 година, Екерман се вратил дома каде дознал дека умрел татко му, а мајка му живеела со најстарата сестра која ја презела родителската куќа. Зимата 1815 година, тој заминал во [[Хановер]] со намера да учи кај сликарот Рамберг, меѓутоа во мај истата година тешко се разболел и така ја прекинал сликарската практика. Тогаш, тој се вработил во една воена установа, а здравјето му се подобрило. Во тоа време се запознал со [[поезија]]та на [[Теодор Кернер]] и така кај него се појавил интерес за книжевноста.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 94-94.</ref>


Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во [[Гимназија|гимназијата]] во Хановер, а потоа студирал [[право]] на [[Универзитет во Гетинген|Универзитетот во Гетинген]], но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}} В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie'') и така започнала нивната соработка,<ref>[https://theoryofcolor.org/Physical+Colours#footnotenotel Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L]</ref> а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.</ref> а неколку години му бил учител на синот на големиот [[војвода]]. Во 1830 година заминал на пат низ [[Италија]], заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}}
===Соработката со Гете===
Учествувал како доброволец во [[Наполеонови војни|Наполеоновите војни]] (1813-1814), а потоа работел како секретар во воениот оддел во [[Хановер]]. Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во [[Гимназија|гимназијата]] во Хановер, а потоа студирал [[право]] на [[Универзитет во Гетинген|Универзитетот во Гетинген]], но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}} В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie'') и така започнала нивната соработка,<ref>[https://theoryofcolor.org/Physical+Colours#footnotenotel Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L]</ref> а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.</ref> а неколку години му бил учител на синот на големиот [[војвода]]. Во 1830 година заминал на пат низ [[Италија]], заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}}


==Творештво==
==Творештво==
Екерман почнал да пишува песни уште во младоста, но не им обрнувал внимание и воопшто не ги ценел. Неговиот интерес за [[поезија]]та се појавил за време на престојот во Хановер каде бил воодушевен од поезијата на [[Теодор Кернер]]. Тогаш, тој напишал една песна за враќањето на германските војници од војната против француската армија, ја испечатил во неколку стотини примероци и ја разделил низ градот. Песната доживеала голем успех: била објавена во некои списанија, а врз основа на неа еден композитор создал музичко дело. Оттогаш, тој почнал редовно да пишува песни и истовремено се запознал со делата на [[Шилер]] и Клопсток.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 98.</ref>
Екерман почнал да пишува песни уште во младоста, но не им обрнувал внимание и воопшто не ги ценел. Неговиот интерес за [[поезија]]та се појавил за време на престојот во Хановер каде бил воодушевен од поезијата на [[Теодор Кернер]]. Тогаш, тој напишал една песна за враќањето на германските војници од војната против француската армија, ја испечатил во неколку стотини примероци и ја разделил низ градот. Песната доживеала голем успех: била објавена во некои списанија, а врз основа на неа еден композитор создал музичко дело. Оттогаш, тој почнал редовно да пишува песни и истовремено се запознал со делата на [[Шилер]] и Клопсток.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 98.</ref>


==Творештво==
Екерман е најпознат по својата книга „[[Разговори со Гете]]“ (''Gespräche mit Goethe'') која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.
Екерман е најпознат по својата книга „[[Разговори со Гете]]“ (''Gespräche mit Goethe'') која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.



Преработка од 20:15, 20 февруари 2021

Јохан Петер Екерман (германски: Johann Peter Eckermann, 21 септември 1792 - 3 декември 1854) — германски писател.

Животопис

Во воведот на својата книга „Разговори со Гете“, Екерман дава податоци за својот живот. Тој е роден во Винзен на Луе, Харбург, во сиромашна куќа со една просторија во која се греело и без скали. Како најмладо дете од вториот брак на татко му, тој растел осамено. Од првиот брак, татко му имал два сина: едниот бил морнар, а завршил во ропство некаде низ светот; другиот долго време живеел на Гренланд како ловец на китови и ајкули, а потоа се вратил во Хамбург каде живеел скромен живот. Од вториот брак на татко му имал две постари сестри кои го напуштиле домот кога тој имал 12 години и работеле како слугинки во родното место и во Хамбург. Неговото семејство било многу сиромашно: имало малку земја и една крава, мајка му заработувала така што шиела капи за жените, а татко му имал мал трговски дуќан поради што често бил отсутен од домот. Јохан Петер Екерман имал тешко детство зашто постојано морал да работи тешки земјоделски и домашни работи, а кога пораснал го придружувал татко си во неговите патувања. За тоа време, тој повремено одел на училиште, обидувајќи се да научи да чита и да пишува. Истовремено, тој ја открил својата дарба за цртање и сликање и набргу бил забележан од началникот на округот, но родителите го спречиле неговиот обид да постане сликар. Сепак, благодарение на богатите луѓе, Екерман бил примен во приватно училиште, но повторно, сиромаштијата го спречила да се запише во гимназијата.[1]

Откако наполнил 16 години, Екерман станал писар кај локалниот судски службеник, а во периодот 1808-1810 работел ситни адвокатски работи. Потоа се вработил во Дирекцијата за непосредни даноци во Линебург, а по нејзиното укинување се префрлил во Помошната префектура во Уелцен, а во 1812 година бил поставен за општински секретар во Бефензен каде останал до пролетта 1813 година. Тогаш, тој ја напуштил службата, се вратил во родното место и кон крајот на летото, како доброволец, му се приклучил на Килмансегеовиот корпус кој се борел за ослободување од француската окупација. Притоа, тој учествувал во походот низ Мекленбург, Холштајн и Хамбург против армијата на маршалот Давуст, во борбата против генералот Мезон, а летото војувал во Фландрија и Брабант.[2]

Есента 1814 година, Екерман се вратил дома каде дознал дека умрел татко му, а мајка му живеела со најстарата сестра која ја презела родителската куќа. Зимата 1815 година, тој заминал во Хановер со намера да учи кај сликарот Рамберг, меѓутоа во мај истата година тешко се разболел и така ја прекинал сликарската практика. Тогаш, тој се вработил во една воена установа, а здравјето му се подобрило. Во тоа време се запознал со поезијата на Теодор Кернер и така кај него се појавил интерес за книжевноста.[3]

Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во гимназијата во Хановер, а потоа студирал право на Универзитетот во Гетинген, но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.[4] В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (Beiträge zur Poesie) и така започнала нивната соработка,[5] а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,[6] а неколку години му бил учител на синот на големиот војвода. Во 1830 година заминал на пат низ Италија, заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.[4]

Творештво

Екерман почнал да пишува песни уште во младоста, но не им обрнувал внимание и воопшто не ги ценел. Неговиот интерес за поезијата се појавил за време на престојот во Хановер каде бил воодушевен од поезијата на Теодор Кернер. Тогаш, тој напишал една песна за враќањето на германските војници од војната против француската армија, ја испечатил во неколку стотини примероци и ја разделил низ градот. Песната доживеала голем успех: била објавена во некои списанија, а врз основа на неа еден композитор создал музичко дело. Оттогаш, тој почнал редовно да пишува песни и истовремено се запознал со делата на Шилер и Клопсток.[7]

Екерман е најпознат по својата книга „Разговори со Гете“ (Gespräche mit Goethe) која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.

Наводи

  1. „Увод“, во: J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 89-93.
  2. „Увод“, во: J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 93-94.
  3. „Увод“, во: J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 94-94.
  4. 4,0 4,1 Chisholm 1911, стр. 885.
  5. Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L
  6. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.
  7. „Увод“, во: J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 98.