Балцерс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Balzers.png со Image:Coat_of_arms_of_Balzers.png (од страна на CommonsDelinker поради: file renamed on Commons).
с →‎Ерликон Балцерс: Јазична исправка, replaced: соларна → сончева
Ред 109: Ред 109:
== Ерликон Балцерс ==
== Ерликон Балцерс ==


Седиштето на претпријатието „Ерликон Балцерс“, голем производител на технологија за филм, соларна и вакуум, се наоѓа во Балцерс.
Седиштето на претпријатието „Ерликон Балцерс“, голем производител на технологија за филм, сончева и вакуум, се наоѓа во Балцерс.


== Наводи==
== Наводи==

Преработка од 05:17, 18 февруари 2021

Балцерс
Знаме на БалцерсГрб на Балцерс
Балцерс (југозапад) и неговите ексклави во Лихтенштајн
Балцерс (југозапад) и неговите ексклави во Лихтенштајн
Координати: 47°04′N 9°30′E / 47.067° СГШ; 9.500° ИГД / 47.067; 9.500Координати: 47°04′N 9°30′E / 47.067° СГШ; 9.500° ИГД / 47.067; 9.500
Список на држави во светот Лихтенштајн
СелаМелс
Површина
 • Вкупна19,6 км2 (76 ми2)
Надм. вис.&10000000000000472000000472 м
Население (31.12.2014[1])
 • Вкупно4,587
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC)
Поштенски број9496
Повик. бр.7003
ISO 3166LI-01
Мреж. местоwww.balzers.li

Балцерс (германски: Balzers) — град и општина во јужниот дел на Лихтенштајн. На пописот од 2005 година, општината имала население од 4.420 жители. Главниот дел на селото се наоѓа долж источниот брег на реката Рајна.

Историја и култура

Историски, денешниот облик на градто се состои од две различни села, моменталниот Балцерс на исток и Мелс на запад. Иако не е очигледно, поделбата сè уште постои во локалната култура, што се пресликува во полусериозен локален натпревар. Некои обичаи, како пролетниот ритуал „Функен“ со предхристијански елементи вклучува огромен оган, се изведуваат одвоени. Двата дела биле првпат споменати во 842 година како Палацоле (Palazole).

Балцерс е седиште на замокот Гутенберг од XII век, сместен на карпест рид во средиштето на градот.

Хелидром

Во Лихтенштајн нема аеродром, но во Балцерс има мал хелидром достапен за сезонски летови (IATA: -ICAO: LSXB).

Ерликон Балцерс

Седиштето на претпријатието „Ерликон Балцерс“, голем производител на технологија за филм, сончева и вакуум, се наоѓа во Балцерс.

Наводи

Надворешни врски