Спиковски Водопади: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
с →‎Поврзано: Јазична исправка, replaced: Види уште → Поврзано using AWB
с Kiril Simeonovski ја премести страницата Сипковски водопади на Сипковски Водопади презапишувајќи врз пренасочување
(нема разлика)

Преработка од 18:11, 17 февруари 2021

Сипковски Водопади
МестоБрегалница, Пехчево, Општина Пехчево
Виднуркање, пливање, бањање
Вкуп. висина14
Највисок слап14 м (46 ст)

Сипковските Водопади се живописен предел во Република Македонија, во Општина Пехчево. Од градот Пехчево се оддалечени 6-10 километри.

Природни особини

Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во Источна Македонија. Само два од овие водопади всушност ѝ припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Жолтачка Река и Сипковски Андак.

Сите водопади изобилуваат со „швајцарска“ планинска убавина. Најбогат со вода и најголем е еден од двата водопади на Брегалница, а со височина од 14 метри, највисок е водопадот на брегалничката притока Жолтачка Pека.

Локација

Водопадите се сместени во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.

Поврзано