Дивље: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Додавање на потребен параметар, replaced: Инфокутија за село во Република Македонија| → Инфокутија за село во Република using AWB
с →‎Географиja и местоположба: Јазична исправка, replaced: фамилии → семејства
Ред 30: Ред 30:
Денес во селото има малку мештани кои живеат постојано. Има многу викендаши. Повеќето куќи се распаѓаат. Градени се од камен и со тесни мали прозорчиња.
Денес во селото има малку мештани кои живеат постојано. Има многу викендаши. Повеќето куќи се распаѓаат. Градени се од камен и со тесни мали прозорчиња.
Дедо Страшко и дедо Санде се другари. Живеат еден до друг, па секој ден си се дружат. Седат надвор на клупата, пред куќа. Велат тука се додека е топло, а потоа одат кај децата во Скопје. Имаат по 80 години. Се држат добро, иако дедо Страшко си има проблеми со ногата.
Дедо Страшко и дедо Санде се другари. Живеат еден до друг, па секој ден си се дружат. Седат надвор на клупата, пред куќа. Велат тука се додека е топло, а потоа одат кај децата во Скопје. Имаат по 80 години. Се држат добро, иако дедо Страшко си има проблеми со ногата.
Сега се на се има околу 35 луѓе кои се водат дека живеат во Дивле. Во селото има само 120 овци, за разлика од порано, кога не можеле да се избројат. Пред 1950 година во селото имало 125 куќи, но постепено, а најмногу во 70-тите години, многу фамилии се иселиле.
Сега се на се има околу 35 луѓе кои се водат дека живеат во Дивле. Во селото има само 120 овци, за разлика од порано, кога не можеле да се избројат. Пред 1950 година во селото имало 125 куќи, но постепено, а најмногу во 70-тите години, многу семејства се иселиле.
Чичко Гавро е роден во Дивле, но сега, заедно со жена му доаѓаат тука за да се одморат. Семејната куќа тој ја продал и изградил друга понова, на друг плац. Тетка Василка, жена му, е шеќераш, па благата умерена клима во Дивле и доаѓа како мевлем на рана. Летно време двајцата си поседуваат повеќе во селото. И во зима доаѓаат, затоа што патот често се чисти од снег.
Чичко Гавро е роден во Дивле, но сега, заедно со жена му доаѓаат тука за да се одморат. Семејната куќа тој ја продал и изградил друга понова, на друг плац. Тетка Василка, жена му, е шеќераш, па благата умерена клима во Дивле и доаѓа како мевлем на рана. Летно време двајцата си поседуваат повеќе во селото. И во зима доаѓаат, затоа што патот често се чисти од снег.



Преработка од 11:00, 12 февруари 2021

Дивље

Поглед кон Дивље

Дивље во рамките на Македонија
Дивље
Местоположба на Дивље во Македонија
Дивље на карта

Карта

Координати 41°55′36″N 21°46′0″E / 41.92667° СГШ; 21.76667° ИГД / 41.92667; 21.76667Координати: 41°55′36″N 21°46′0″E / 41.92667° СГШ; 21.76667° ИГД / 41.92667; 21.76667
Општина Петровец
Население 28 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25034
Надм. вис. 850 м
Дивље на општинската карта

Атарот на Дивље во рамките на општината
Дивље на Ризницата

Дивље — село во Општина Петровец, во областа Блатија недалеку од Скопје.

Географиja и местоположба

Селото се наоѓа во Општина Петровец, во областа Блатија, на 850 метри надморска височина, на планината Кула. Веднаш до селото има и автобуска станица која функционира од март до октомври. Во останатиот период патот не е прооден заради снег. Опкружено од 7 ридови, на кои има седум, и по стотина години стари крстови, Дивле важи за православна мека уште од XIV век кога во него се населил првиот негов жител - некојси прилепски поп. Секој од крстовите носи

На 35 километри североисточно од Скопје, на надморска височина од 853 метри, во селото Дивле човек навистина може да си ги одмори и мозокот и душата. Се вози многу, мислиш одиш до Охрид, и тоа преку стрмните висини на Стража. Ушите секоја секунда се затнуваат од притисокот. Треба да се поминат многу брда, додека се стигне до Дивле, затоа што е високо на планината наречена Грдиштанска. Поточно, речиси на нејзиниот врв Венец. Потоа се стигнува до Дивле. Има една селска чешма со прекрасна вода и спомен-плоча. Има и една табла на која пишува „Добре дојдовте во Дивле, чувајте ја природата“. Порано, кажуваат селаните, имало една друга на која истиот поздрав го пишувало на англиски. На селаните не им е јасно зошто бил на англиски, бидејќи никогаш не им доаѓале странци.

Опкружено од 7 ридови, на кои има седум, и по стотина години стари крстови, Дивле во овие краишта важи за православна мека. И не само за тоа, се фалат селаните, туку и за комитско гнездо, затоа што, на времето, во турско, во селото се родиле и загинале многу комити. Селото се наоѓа на висина каде што се гледаат 4 околии: Скопската, Велешката, Кумановската и Светиниколската. Никој не знае зошто селото се вика Дивле, но претпоставуваат, како што им кажувале старите, затоа што се наоѓа во дивина. Седумте камени крстови на тумбарките, велат мештаните, се најголемото обележје на Дивле. Секој крст се вика по некој светец. Така има св.Спас, св.Илија, св.Петка, св.Атанас, св.Недела, св.Богородица и св.Кирил. Некои се стари по сто, двесте години, можеби и повеќе. Дури и најстарите жители во селото не знаат да кажат колку. Крстовите, како што раскажуваат постарите, се ставани за да се обележи територија, односно, за да знаат и да видат сите дека во таа месност живеат христијани. Турците, порано, кога ќе освоеле некој рид, ги уривале крстовите, но мештаните, потоа, кога ќе ги истерале, пак ги граделе. Селото кое датира некаде од XIV век, сега е речиси празно. Прв жител на селото, според прикаските, бил некој поп од Прилеп, и живеел во старата црква „Св. Богородица“. Таа, според некои записи, е исто од XIV век, и претходно, во времето на Турците, била под земја, бидејќи османлиите не давале црквите да се градат над земја. Преданијата за попот, велат селаните, можеби се точни, бидејќи ден-денес во дворот на црквата има стари гробови без имиња. А таму изгледа се закопани и монаси, бидејќи во овој крај најпрвин било развиено монаштвото.

Денес во селото има малку мештани кои живеат постојано. Има многу викендаши. Повеќето куќи се распаѓаат. Градени се од камен и со тесни мали прозорчиња. Дедо Страшко и дедо Санде се другари. Живеат еден до друг, па секој ден си се дружат. Седат надвор на клупата, пред куќа. Велат тука се додека е топло, а потоа одат кај децата во Скопје. Имаат по 80 години. Се држат добро, иако дедо Страшко си има проблеми со ногата. Сега се на се има околу 35 луѓе кои се водат дека живеат во Дивле. Во селото има само 120 овци, за разлика од порано, кога не можеле да се избројат. Пред 1950 година во селото имало 125 куќи, но постепено, а најмногу во 70-тите години, многу семејства се иселиле. Чичко Гавро е роден во Дивле, но сега, заедно со жена му доаѓаат тука за да се одморат. Семејната куќа тој ја продал и изградил друга понова, на друг плац. Тетка Василка, жена му, е шеќераш, па благата умерена клима во Дивле и доаѓа како мевлем на рана. Летно време двајцата си поседуваат повеќе во селото. И во зима доаѓаат, затоа што патот често се чисти од снег.

Чичко Гавро раскажува како се запустело селото. „Пред 25 години се иселија 368 семејства. Се иселија од сиромаштија, немаше вода во селото. Тогаш имаше кампања за селење на луѓето од село во град, па ги собираа за да работат во индустријата. Им викаа: „Ќе дојдеш од работа, ќе се искапиш и ќе си читаш весник“. Најмногу се вработија во Железара. И така дојде време Железара да се растури, па сега истите тие ги гледаме како доаѓаат понекогаш пак во Дивле. Садат кромид, салатка. Сиромаштија. Не можат ништо друго, зашто нема вода за вадење“, вели Гавро.

Тој, како и многу други од неговата генерација, има учено во селското училиште „Свети Кирил и Методиј“. Тогаш, пред неколку децении, селото живеело во полн ек. Денес од училиштето е останата само руина и тешко може да се замисли дека некогаш таму имало детски џагор. Чичко Гавро кажува дека пред една година, по којзнае колку години, во селото дошла невеста и родила бебе. Каде ќе учи бебето кога ќе порасне, не се знае, но Гавро претпоставува некаде долу, во Петровец.

Во селото ако нешто вирее, тоа се само грав, компир или грашок. Гравот не е некоја вообичаена сорта, туку оној што не бара вода - „чучавец“. Некои селани денес прават биено сирење, но Гавро вели дека не е баш многу убаво. „Многу е солено и ќе ти скрши глава“, се смее тој.

Порано во Дивле се одлгледувало многу памук и афион. Селаните им го продавале афионот на дрогериите, но потоа, кога наркоманијата зела замав, државата станала свесна, па забранила да се одгледува.

Тетка Василка, кога е во селото, се занимава со тоа што одгледува грашок, сорта тритон и малку кромитче. Немаат бунар во дворот, па не може да си дозволи нешто повеќе да засади. За разлика од нив, многу куќи имаат бунари. Пред неколку години, нивните комшии нашле бунар во нивниот двор. Почнале да го копаат, и излегло дека којзнае од кога е стар, но дека долго време бил запретан. Велат, сигурно повеќе од 100 години. Кога излегла камената конструкција на бунарот на виделина, чичко Гавро, кој му правел друштво на комшијата, си нашол едно старо грне во бунарот. Грнето сега е дел од колекцијата на Гавро. Тој има хоби да собира стари работи. Има најдено еден камен со хиреоглифи, кога копал гаража во дворот. Во тоа време му дошол некој студент по карпологија и го сликал каменот бидејќи, како што му рекол, стар е илјадници години. Сега Гавро не ни знае каде е каменот. Се трудеше да го најде, ама не можеше. Вели: „Којзнае каде е, некаде меѓу сите камења во дворот“. Внатре во куќата тој има се и сешто. На sидот има еден стар нож од Балканските војни, кој се става на пушка. Го нашле во Пирава, во селото на Василка. „Којзнае што се е правено со овој нож!“, вели Гавро, ама пак си го чува внатре, над сликата на дедо му, сликан како пасе овци. Дедо му на Гавро, се што имал му оставил. Едно котле старо 140 години од кое пиел козјо млеко, тава за пржење чварки со долга рачка, „копанка“ каде се замесувало тесто за тиганици, „шарлаган“ каде се чувал густ зејтин кој се користел само за Велигден и за слави, шарена торбичка која се носела кога се канело за свадби, бројаници.......Гавро не пие козјо млеко од котлето, ама кажува дека е многу здраво, зашто дедо му од тоа млеко живеел 103 години.

Селска слава е Св. Петка, на 8 август. Тогаш доаѓаат многу луѓе, но не само во него туку и во старата црква „Св. Богородица“ и ево дна друга, која е долу, на патот кон селото — „Св. Недела“. Се готви во манастирот кој се наоѓа на едното брдо, на местото каде то претходно имало крст. Манастирот му се сонил на некој пред многу години, дошол и го изградил. Сега крстот е внатре во манастирот. Навистина, претходно, вели Гавро, човекот лежел затвор, затоа што во комунизмот „ни на сон“ не смеело да ти текне да градиш црква или манастир.

Секои петок, сабота и недела до селото оди автобус на ЈСП број 69. Имаат и улично осветление и телефон. Селото полека се претвора во монденско место, затоа што некои млади, чии родители имаат плацеви или стари куќи, сега градат големи и нови вили. Оние мештани што се уште чуваат овци, си имаат проблеми со волците. Овчарите ги бркаат со петарди. Мечки во селото нема, иако има едно место, близу еден од камените крстови, кое се вика Мечкоица. Сепак, она што им е најголем проблем на луѓето што живеат во Дивле е водата. Имаат цевки, ама немаат вода. Пред неколку години локалната власт им ставила цевки, но не им пуштила вода. И самите не знаат зошто. Гавро вели, затоа што нема гласачко тело во Дивле, вкупно 35 души, па партиите „немаат интерес да ги лажат“.

Историja

Историјата на ова село е прилично нејасна. Постојат голем број анкети и истражувања од кои најверодостјна е легендата за владетелот Дими. Се смета дека тој бил голем восјсководец во соседните села пред долго време( пред околу 300 години). Со својата војска, успеал да стигне до селото и да го освои, со што му припаднала најубавата девојка од Дивле позната под името Љупка. Ова село има едно поголемо обележје, „Димиевите кули“, кој се малку по длабоко во шумата близу селото.

Стопанство

Селото не се одликува со поважни стопански активности. Постарите лица во селото живеат скромно и се занимаваат со одгледување и летање на гулаби.

Демографија

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 28 жители, од кои 25 Македонци и 3 Срби.[2]

Родови

Дивле е македонско село.

Според истражувањата од 1962 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Чолаковци (11 к.), Дранковци (2 к.), Прневци (1 к.), Шумаровци (1 к.), Дунѓерци (3 к.), Винчанци (2 к.), Џигеранци (3 к.), Ѓоревци (2 к.), Ристевци (6 к.), Бошковци (5 к.), Груљевци (1 к.), Кметовци (3 к.), Џеповци (3 к.), Бардевци (1 к.), Витановци (7 к.), Чистевци (1 к.), Петковци (14 к.), Руменинци (4 к.), Карабпци (6 к.), Шалевци (2 к.), Кутлевци (1 к.) и Домазетовци (3 к.) последниот род потекнува од домазет кој бил од селото Дивле.
  • Доселеници: Пајевци (1 к.), Маѓеровци (1 к.) и Смилковци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[3]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Цркви

Редовни настани

Во селото има редовни настани. На празникот Св. Петка (Петковден) илјадници луѓе се собираат во селото да го прослават овој празник кој е празник на целото село. Повторно на овој ден селото е полно со народ, како некојгаш одамна.

Култура и спорт

Во селото постои планинарски дом и голманска школа.

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.

Надворешни врски