Разлика помеѓу преработките на „Мерилин Монро“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 70 бајти ,  пред 2 месеци
с
Правописна исправка, replaced: -ви јуни → јуни (2), -ви август → август, -ти јануари → јануари, -ти февруари → февруари, -ти април → април, -ти
(ситна поправка)
с (Правописна исправка, replaced: -ви јуни → јуни (2), -ви август → август, -ти јануари → јануари, -ти февруари → февруари, -ти април → април, -ти)
== Семејство и рани години ==
 
Монро е родена во Болницата на округот на [[Лос Анџелес]], на 1-ви јуни 1926 година<ref>Churchwell, pp. 150–51.</ref>, како Норма Џин Мортенсон (набрзо променето во Бејкер), како трето дете родено на Гледис Перл Бејкер (со моминско презиме Монро) (27 мај 1902 - 11 март 1984).<ref>Riese and Hitchens, p. 33.</ref> Според изводот на родените, таткото на Монро е Мартин Едвард Мортенсон чие место на живеење е заведено како „непознато".<ref>Churchwell, p. 151.</ref> Името Мортенсон е наведено како нејзино презиме на изводот на родени, иако Гледис многу набрзо го менува во Бејкер, презимето на нејзиниот прв маж, кое таа сè уште го користи. Презимето на Мартин е погрешно напишано на изводот за родени, доведувајќи до поголема забуна за тоа кој е нејзиниот вистински татко. Гледис Бејкер се венча со Мартин Е. Мортенсон во 1924 година, но се разделува од него непосредно пред бременоста на Гледис.<ref name=Summers5>Summers, p. 5.</ref> Неколку од биографиите на Монро укажуваат и на тоа дека Гледис Бејкер го искористила неговото име за да ја избегне стигмата на незаконитоста.<ref>Churchwell, p. 150; цитирани се претходни биографи: Ентони Самерс (Anthony Summers), Доналд Спото (Donald Spoto) и Фред Гајлс (Fred Guiles).</ref> Мортенсон умира на 85 години, па тогаш и се откриени изводот на родените на Монро, заедно со документите за брак и развод на нејзините родители. Документите покажуваат дека Мортенсон поднел барање за развод од Гледис на 5 март 1927 година и дека истиот е финализиран на 15 октомври 1928 година.<ref>L.A.County Hall of Records Case No. D-53720, 05MAR1927.</ref><ref>{{наведени вести|author=AP |url=http://query.nytimes.com/gst/fullpage.html?res=9D02E1DC1639F930A25751C0A967948260 |title=Mortensen's Death and documents |publisher=New York Times |date=February 13, 1981 |accessdate=2010-03-02}}</ref>
 
Во текот на нејзиниот живот, Мерилин Монро негираше дека Мортенсон е нејзиниот татко.<ref name=Summers5/> Има речено дека, кога била дете, ѝ била покажана фотографија на човек кој Гледис го идентификувала како нејзин татко – Чарлс Стенли Гифорд. Се сеќава дека тој имал тенки мустаќи и дека до некаде личел на [[Кларк Гејбл]], и дека таа самата се забавувала себеси, преправајќи се дека Гејбл бил нејзиниот татко.<ref name=Summers5/><ref>Churchwell, p. 154.</ref> Гледис била ментално нестабилна и финансиски неспособна да се грижи за младата Норма Џин, па затоа ја сместува во хранителното семејство на Алберт и Ида Болендер од [[Хоторн, Калифорнија]], каде што живее до нејзината седма година. Додека живее со Болендерови, се случува и еден необичен настан. Еден ден, Гледис доаѓа кај Болендерови и бара Норма Џин да ѝ биде вратена назад, под нејзина грижа. Ида знаеше дека Гледис е нестабилна во тоа време и инсистира дека Норма Џин не би имала полза од еден такво акт. Откако одбива да соработува, Гледис успева да ја извлече Ида во дворот и да се стрча во куќата, заклучувајќи ја вратата зад себе. По неколку минути, Гледис излегува од предната врата со еден од воените ранци на Алберт Болендер. На запрепастеност на Ида, Гледис ја имала веќе втурнато и запетлано разврисканата Норма Џин во ранецот, продолжувајќи да се движи далеку од куќата. Ида се залетува кон Гледис и караницата завршува со кинење на ранецот. Норма Џин испаѓа надвор и почнува гласно да плаче, а Ида, грабнувајќи ја, ја повлекува назад во куќата, далеку од Гледис. Ова е само една од многуте бизарни пресметки меѓу младата Норма Џин и нејзината ментално пореметена мајка.<ref>Taraborrelli JR (2009). The Secret Life of Marilyn Monroe. New York: Grand Central Publishing, pp. 35–56.</ref>
 
==== Aктерски амбиции ====
[[File:Marilyn & Jane.jpg|thumb|Мерилин Монро и [[Џејн Расел]] ставаат потписи и отпечатоци од раце и нозе во цементот на Граумановиот ''Кинески театар'' на 26-ти јуни 1953]]
Во овој период, Монро зборува за своите натамошни актерски амбиции, велејќи за ''New York Times'': „Сакам да пораснам и да се развијам за да играм и сериозни драматични улоги. Мојот учител по драма Наташа Литис им раскажува на сите дека имам голема душа, но засега никој не е заинтересиран за тоа".<ref>Summers, pp. 85–86.</ref> Tаа гледа можност во претстојниот филм на ''20th Century Fox'', Египќанецот, но е одбиена од страна на Дерил Ф. Занук кој одбива дури и да ја тестира.
 
Наместо тоа, таа е добива улогата во вестернот ''[[Реката на неповратот]]'', наспроти [[Роберт Мичам]]. Режисерот [[Ото Премингер]] ја презира зависноста на Монро на [[Наташа Литис]], која не само што ја подучува Монро, туку и го дава своето мислење по завршетокот на секоја сцена. По некое време, Монро одбива да зборува со Преминџер, така што Мичам мора да посредува.<ref>Server, p. 249.</ref> По однос на завршениот филм, таа коментира: „Мислам дека заслужувам подобар договор од Ш–ниво на каубојски филм во кој глумата е помалку важна од сценографијата и ''CinemaScope'' процесот на снимање".<ref name=Churchwell66>Churchwell, p. 65.</ref> При крајот на 1953-тата година, Монро беше требаше да почне со снимање на ''[[Девојката во розови хулахопки]]'' со [[Френк Синатра]]. Кога таа не се појавува за работа, ''20th Century Fox'' ја суспенираат.<ref>Summers, p. 92.</ref>
 
[[Image:Marilyn Monroe.jpg|thumb|left|Мерилин Монро позира со војници во Кореја на 17-ти февруари 1954.]]
Таа и [[Џо Димаџо]] се венчаат во [[Сан Франциско]] на 14-ти јануари 1954 година. Наскоро потоа заминуваат во Јапонија, комбинирајќи го својот меден месец со службено патување претходно организирано од Димаџо. Две недели таа игра споредна улога покрај Димаџо додека овој го спроведува својот бизнис, самата кажувајќи му на еден новинар: „Бракот е мојата главна кариера од сега па натаму". Монро потоа патува сама до Кореја, каде настапува за 13.000 американски маринци во период од три дена. Подоцна изјавува дека искуството ѝ помогнало да го надмине стравот за настапување пред големи толпи. Едвард Х. Коминс (1932-2011) од Лас Вегас, Невада – добитник на бронзен медал во Корејската војна, ќе изјави дека готвел за Монро за време на еден од нејзините ангажмани во странство.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.wyomingnews.com/articles/2011/05/01/obituaries/03obit_05-01-11.txt|title=Edward H. Comins|publisher=Wyoming Tribune Eagle]]'', [[Cheyenne, Wyoming|Cheyenne]], [[Wyoming]]|accessdate=May 1, 2011}}</ref>
 
По враќањето во Холивуд во март 1954-тата година, Монро ги разрешува несогласувањата со ''20th Century Fox'' и се појавува во мјузиклот Не постои бизнис како шоу бизнис. Филмот не успеа да ги поврати своите продукциски трошоци<ref name=Churchwell66 /> и е лошо примен од критичарите. [[Ед Саливан]] ја опишува изведбата на Монро на песната „Toплински бран“ како „еден од најскандалозните навреди на добриот вкус" кој тој можел да ги посведочи.<ref>Riese and Hitchens, p. 338.</ref> Списанието ''Тајм'' неблагопријатно ја споредува со коsвездата Етел Мерман, додека Босли Кроутер за ''Њујорк Тајмс'' вели дека [[Мици Гејнор]] ја надминала дури и "срамната за гледање" изведба на Монро. Рецензиите, всушност, ги повторуваат размислите и на самата Монро за филмот. Го снимила без волја, само поради тоа што истиот би ѝ ја овозможил главната улога во филмската адаптација на Бродвеј хитот ''[[Седум години верност]]''.
[[Милтон Грин]] првпат ја сретнува Монро во 1953-тата година кога е назначен да ја фотографира за списанието ''Look''. Додека многу фотографи се обидуваат да го истакнат нејзиниот секси-имиџ, Грин ја претставува во многу поскромни пози и Монро е задоволна со неговата работа. Бидејќи со време се развива пријателство меѓу нив, таа му ја доверува својата фрустрација по однос на договорот и улогите што ѝ се понудени од ''20th Century Fox''. Нејзината плата за ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' изнесува 18.000 долари, додека на слободната агентка [[Џејн Расел]] ѝ се платени повеќе од 100.000 долари. Грин се согласува дека таа би можела да заработи повеќе доколку го напушти ''20th Century Fox''. Тој се откажува од својата работа во 1954 година, го даде својот дом под хипотека за да ја финансира Монро и ѝ дозволи да живее со неговата фамилија додека да го определат идниот тек на нејзината кариера.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.archivesmhg.com |title=Milton H Greene&nbsp;— Archives of The World Famous Photographer |accessdate=2008-08-05}}</ref>
 
На 8-ми април 1955 година, новинарот ветеран Едвард Р. Мароу ги интервјуираше Грин и неговата сопруга Ејми, како и Монро, во домот на Грин во Конектикат во жив пренос на CBS програма Лице в лице. Снимката од преносот е пуштена на аматерско видео.<ref>{{Наведена мрежна страница |url=http://www.miltons-marilyn-monroe.com/Marilyn_Monroe_Video.html |title=Milton H. Greene, Amy Greene, Marilyn Monroe on Edward R. Murrow's Person to Person&nbsp;— Video |publisher=Miltons-marilyn-monroe.com |date= |accessdate=2010-03-02}}</ref>
 
==== Актерското студио ====
[[Труман Капоти]] ја запознава Монро со [[Констанц Колиер]], која ѝ дава часови по глума. Таа смета дека на Монро не ѝ одговара сценската глума, но дека поседува „прекрасен талент" кој е „толку кревок и суптилен, што може да се фати само со камера“. По само неколку недели одржани часови, Колиер починува. На снимањето на ''[[Не постои бизнис како шоу бизнис]]'', Монро се запознава со [[Пола Стразберг]] и нејзината ќерка [[Сузен Стразберг|Сузен]], а уште претходно има изјавено дека би сакала да учи со [[Ли Стразберг]] во ''[[Актерското студио]]''. Во март 1955-тата година, Монро се запознава со [[Шерил Крафорд]], една од основачите на ''[[Актерското студио]]'', и ја убедува да ја претстави неа пред [[Ли Стразберг]], кој ја интервјуира Монро наредниот ден, за потоа да се согласи да ја прифати како студент.<ref>Summers, p. 129.</ref>
 
Во мај 1955-тата година, Монро почна да излегува со драматургот [[Артур Милер]]; тие се запознаваат во [[Холивуд]] во 1950, па кога Милер дознава дека таа е во Њујорк, договара еден нивни заеднички пријател повторно да ги запознае. На 1-ви јуни 1955-тата, на нејзиниот роденден, [[Џо Димаџо]] ја придружува Монро на премиерата на ''[[Седум години верност]]'' во Њујорк. Тој подоцна ѝ приредува и роденденска забава, но вечерта завршува со јавна расправија, па Монро ја напушта забавата без него. Следи подолг период на оттуѓување.<ref>Summers, p. 142.</ref><ref>Riese and Hitchens, p. 124.</ref>
 
Во текот на 1955 година, Монро учи на ''[[Актерското студио]]'' и открива дека една од нејзините најголеми пречки е нејзината огромна трема на сцената. Се спријателува со глумците [[Кевин Меккарти]] и [[Ели Валак]], кои се сеќаваат на неа како посветена и искрена во нејзиниот пристап кон учењето и истакнуваат дека таа се обидувала да не привлече внимание со тоа што седела најназад во училницата. Кога Стразберг ќе почувствува дека Монро е спремна да настапи пред нејзините соученици, Монро и Морин Стејплтон ја избираат почетната сцена од Ана Кристи на [[Јуџин О’Нил]], и иако таа греши за време на секоја проба, сепак е способна да ја заврши изведбата без да ги заборави своите реплики. Ким Стенли подоцна ќе се присети дека иако студентите биле советувани да не ракоплескаат, по изведбата на Монро ќе следи спонтан аплауз од публиката. Додека Монро е студент, [[Ли Стразберг]] ќе рече: „Имам работено со стотици актери и глумици, но само двајца кои се издвојуваат повеќе од сите други. Број еден е [[Марлон Брандо]], а број два – Мерилин Монро".
Во ''[[Автобуска станица]]'', Монро ја игра Шери, салон-пејачка со малку талент која се заљубува во каубој, Борегард „Бо“ Декер, кого го игра [[Дон Мареј]]. Нејзините костими, шминка и фризура отсликуваа еден лик со недостаток на софистицираност, па Мерилин Монро намерно придонесе со своето медиокритетско пеење и танцување. Босли Краутер од ''Њујорк Тајмс'' објавува: „Фатете ги столчињата, другари, и спремете се за прекрасно изненадување. Мерилин Монро конечно се докажа себеси како глумица“. Во својата автобиографија, ''Филмски ѕвезди, реални луѓе и јас'' (''Movie Stars, Real People and Me''), режисерот Логан напиша: „Открив дека Мерилин е еден од најголемите таленти на сите времиња... ме изненади со тоа што беше многу попаметна личност отколку што си мислев некогаш, и мислам дека тогаш првпат научив дка интелигенцијата и, да, дури и брилијатноста немаат никаква врска со образованието“. Логан пропагираше за номинација на Монро за оскар и даваше комплименти за нејзиниот професионализам до крајот на својот живот. Иако не беше номинирана за [[Оскар]],<ref>Summers, p. 154.</ref> Монро добива номинација за [[Златен глобус]].
 
Во овој период, се развива натамошно односот помеѓу Монро и Милер и иако двојката успеа да ја задржи својата приватност скоро една година, печатот почна да пишува за нив како за двојка, често ословувајќи ги со „Јајцеглавиот и Песочниот часовник“ (The Egghead and the Hourglass).<ref>Одново не сосема преводлива игра на зборови: Egghead може да значи и интелектуалец и едновремено се однесува и на изгледот и на познавањата на Милер; Hourglass изгледа се однесува само на изгледаот на телото на Монро (како песочен часовник).</ref><ref name="Hitchens2">Riese and Hitchens, p. 326</ref> Извештаите за нивната афера набрзо паѓаат во сенка откако се открива дека Милер бил повикан да сведочи пред ''Комисијата за истражување на антимарикански активности'' (''House Un-American Activities Committee'') за да ги објасни неговите наводни комунистички склоности. Повикан да идентификува неколку комунисти со кои се познавал, Милер одбива и е обвинет за непочитување на Конгресот. По жалбата – ослободен е. Во текот на истрагата, од страна на филмските режисери, Монро е наговарана да го напушти Милер наместо да ја ризикува својата кариера, но таа одбива, нарекувајќи ги подоцна „родени кукавици“. Печатот почнува да зборува за можен брак, но Монро и Милер одбиваат да ја потврдат гласината. Во јуни 1956 година, еден новинар ги следи со автомобил и, додека тие се обидуваат да го избегнат, тој излетува од патот, убивајќи еден женски патник. Монро станува хистерична откако ја дознава веста, па нивната свршувачка е објавена, делумно со надеж дека тоа ќе го намали прекумерниот интерес на медиумите на кој се подложени. Се венчаат на 29-ти јуни 1956 година.
 
==== Принцот и танчерката ====
 
=== Подоцнежни филмови ===
Ќе помине повеќе од година пред Монро да го започне својот нареден филм. За време на овој хијатус, летува со Милер во Амагансет, Њујорк. На 1-ви август 1957 година, претрпува спонтан абортус.<ref>Churchwell, p. 261.</ref><ref>Moberly Monitor-Index, [[Moberly, Missouri|Moberly, MO]], Friday, August 2, 1957, p. 6, cols 6–7, article: "Marilyn Monroe Loses Her Baby By Miscarriage."</ref>
 
==== Некои го сакаат тоа жешко ====
 
[[Image:Marilyn_Monroe_crypt2.jpg|thumb|Гробницата на Мерилин Монро (2005)]]
На 5-ти август 1962 година, полицискиот наредник на полицијата на Лос Анџелес – Џек Клемонс – во 4:25h, прима повик од д-р Ралф Гринсон, психијатарот на Монро, кој му кажува дека Монро е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Брентвуд во Лос Анџелес, Калифорнија.<ref name="Marilyn1">Wolfe, Donald H. The Last Days of Marilyn Monroe. (1998) ISBN 0-7871-1807-9.</ref> Монро имаше 36 години. На подоцнежната обдукција, во нејзиниот систем се пронајдени осуммилиграмски процент од хлорал хидрат и 4.5 милиграмски процент од ''Нембутал'', а д-р Томас Ногучи од Иследничката канцеларија на Лос Анџелес ќе ја прибележи причината за смртта како „акутно труење со барбитурати“ како резултат на „веројатно самоубиство“.<ref>Summers, pp. 319, 320.</ref> Многу теории, вклучувајќи и убиство, кружеа по однос на околностите на нејзината смрт и временските околности по наоѓањето на нејзиното тело. Некои теории на заговор ги влучуваа и [[Џон Ф. Кенеди|Џон]] и [[Роберт Кенеди]], додека други сугерираа соучество на [[ЦИА]] или [[мафија]]та. Се вели дека последната личност која Монро ја побарала бил [[Џон Ф. Кенеди|Претседателот]].<ref>Reed, Jonathan M. & Squire, Larry R. The Journal of Neuroscience, May 15, 1998, 18(10):3943–3954.</ref><ref name=leamer>{{Наведена книга |author=[[Laurence Leamer]] |author2= |title=The Kennedy Men: 1901–1963 |year=2002 |publisher=[[HarperCollins]] |quote=Two years later [[Frank A. Capell]], a right-wing journalist, published a book in which he alleged that Bobby was having an affair with the actress, ... |url=http://books.google.com/?id=NQnPJ0BrvmYC&pg=PA605&dq=%22Frank+A.+Capell%22&cd=2#v=onepage&q=%22Frank%20A.%20Capell%22 |isbn=0060502886 }}</ref>
 
На 8-ми август 1962 година Мерилин Монро е погребана во гробница во ''Алејата на Спомените'' со број 24, во ''Меморијалната гробница'' во [[Вествуд, Лос Анџелес]]. [[Еулогија]]та беше прочитни, доколку таа умреше пред него. Монро го носеше нејзиниот омилен зелен фустан од [[Емилио Пуана]] од [[Ли Стразберг]]. Празното место од левата страна на Монро беше купено и резервирано од страна на [[Хју Хефнер]] во 1992 година.<ref name="bbcnews-burial">{{наведени вести |url=http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/americas/8204358.stm |title=Monroe 'burial plot' up for sale|publisher=BBC |accessdate=2009-08-17 |date=August 16, 2009}}</ref> Димаџо ги организираше погребалните подготовки на погребот кој се состоеше само од триесет и една личност од блиската фамилија и пријателите. Полицијата исто така беше присутна за да ги држи настрана новинарите.<ref name="franksreelreviews1">Wilkins, F. [http://www.franksreelreviews.com/shorttakes/marilynmonroe.htm]."Reel Reviews". 17-ти април 2010, посетена на 27-ми февруари 2011.</ref> Нејзиниот ковчег беше направен од тврда бронза, порабен со свила со боја на шампањ. Алан „Вајти” Снајдер ја нашминка, што наводно беше ветување направено во претходните години. Во нејзините раце имаше мал букет од розови ружи. Во секоја од наредните 20 години, црвени ружи беа ставани во вазна прикачена на гробницата – годишен ритуал на Џо Димаџо.<ref name="franksreelreviews1"/>
 
Во август 2009 година, гробницата сместена веднаш над онаа на Монро е ставена на аукција<ref>{{Наведена мрежна страница |url=http://cgi.ebay.com/ws/eBayISAPI.dll?ViewItem&item=320412140795 |title=eBay: Crypt Above Marilyn Monroe For Sale |publisher=eBay |accessdate=2009-08-17}}{{Dead link|date=May 2010}}</ref> на [[иБеј]]. Елси Пончер планира да го откопа телото на својот починат маж и да го погреба во некој од соседните. Таа ја рекламира гробницата со надеж дека, продавајќи ја, „ќе заработи доволно пари за да ја отплати хипотеката од 1.6 милиони долари на нејзината резиденција на [[Беверли Хилс]].<ref name="bbcnews-burial" /> Победничката понуда е направена од страна на анонимен Јапонец во износ од 4.6 милиони долари,<ref>{{наведени вести|url=http://www.nydailynews.com/real_estate/2009/08/24/2009-08-24_ebay_bidding_on_tomb_above_marilyn_monroe_at_46_million.html |title=Winning bid for tomb above Marilyn Monroe at $4.6 million |publisher=Nydailynews.com |date=August 24, 2009 |accessdate=2010-03-02 | location=New York | first=Nancy | last=Dillon}}</ref> но самиот тој подоцна се откажува „заради проблемот со плаќањето“. Основачот на списанието ''[[Плејбој]]'', [[Хју Хефнер]], кој никогаш не ја запозна Монро, ја купи гробницата веднаш до нејзината во ''Меморијалната гробница'' во [[Вествуд]]. Тој потврди дека првичниот успех на списанието е директно поврзан со Монро.
Г-ѓа Стразберг потоа ќе ги тужи децата на четири фотографи за да ги одреди правата на публицитет, кои забрануваат лиценцирање на фотографии на починати личности за комрецијални цели. Одлуката дали Монро е жител на Калифорнија – каде ќе умре и каде нејзиниот тестамент ќе биде потврден, или Њујорк – кој таа го смета за нејзино примарно престојувалиште – вредеше милиони.<ref>{{наведени вести |date=April 10, 2006 |url=http://www.post-gazette.com/pg/06100/681034-28.stm |title=A battle erupts over the right to market Monroe |first=Nathan |last=Koppel |publisher=Pittsburgh Post-Gazette |accessdate=2008-08-25 }}</ref>
 
На 4-ти мај 2007 година, њујоршки судија одлучува дека авторските права на Монро врз нејзините фотографии завршиле со нејзината смрт.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.abc.net.au/news/stories/2007/05/05/1915318.htm |title=Judge rejects Monroe claim to photographer profits |publisher=ABC News |date=May 5, 2007 |accessdate=2008-08-25}}</ref><ref>{{Наведена мрежна страница |url=http://www.thearchivesstore.com/news.html |title=Photographer's Heirs Prevail in Dispute over Marilyn Monroe Images, et al |publisher=Thearchivesstore.com |date= |accessdate=2010-03-02}}</ref><ref>{{наведени вести |date=March 19, 2008 |url=http://cms.ibj.com/ASPXPages/6iframes/FrontEndArticlesDetailPage.aspx?ArticleID=12716&NoFrame=1 |title=
Indy firm loses Marilyn Monroe rights case |first=Michael W. |last=Hoskins|publisher=cms.ibj.com |accessdate=2008-03-19 }}</ref> Во октомври 2007, гувернерот [[Арнолд Шварценегер]] го потпишува Указот на Сенатот со број 771.<ref>[http://info.sen.ca.gov/pub/07-08/bill/sen/sb_0751-0800/sb_771_bill_20071010_chaptered.html info.sen.ca.gov SB 771]. Retrieved December 31, 2008.</ref> Легислативата е поддржана од Ана Стразберг и ''Здружението на филмските актери на САД''<ref>[http://www.sag.org/node/717 Screen Actors Guild on SB 771].</ref>, и констатира дека оние кои не се членови на семејството би можеле да ги наследат правата на публицитет преку клаузула во тестаментот на починатата личност, ако во времето на смртта истата била жител на Калифорнија.<ref>[http://www.nytimes.com/2007/10/24/arts/24cele.html?ei=5088&en=97aaa73cfc277420&ex=1350878400&partner=rssnyt&emc=rss&pagewanted=all Long-Dead Celebrities Can Now Breathe Easier] ''New York Times'' 24-ти октомври 2007.</ref>
 
Во март 2008 година, Окружниот суд на [[Лос Анџелес]] во [[САД]] пресуди дека Монро била жител на Њујорк во времето на нејзината смрт, повикувајќи се на изјавата на извршителот на нејзиниот тестамент до калифорниските даночни власти, како и на една писмена изјава дадена под заклетва на нејзиниот настојник од 1966 година.<ref>[http://www.realestatejournal.com/buysell/regionalnews/20080401-koppel.html?mod=RSS_Real_Estate_Journal&rejrss=frontpage Marilyn Monroe Estate Takes a Hit] ''The Wall Street Journal Online'' April 1, 2008. Retrieved 2008-12-31.</ref> Одлуката беше потврдена од Окружниот суд на [[Њујорк]] во септември 2008 година.<ref>[http://www.insideindianabusiness.com/newsitem.asp?ID=31327 Indiana Company Loses Marilyn Monroe Lawsuit] ''Inside Indiana Business'' September 4, 2008. Retrieved 2008-12-31.</ref> Во 2010-тата, домот на Монро во [[Брентвуд]] е ставен на продажба од страна на ''Prudential California Realty''.<ref>{{Наведена мрежна страница

Прегледник