Школки: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 215 бајти ,  пред 13 години
с
[непроверена преработка][непроверена преработка]
с (+слика)
== Анатомија на школките ==
[[Image:Group of Margaritifera margaritifera.jpg|лево|thumb|200px|Група на живи примероци од [[Слатководна бисерна школка|слатководната бисерна школка]] ''Margaritifera margaritifera'' на дното од река во [[Шведска]].]]
[[Image:Margaritifiera-margaritifiera-Anatomy.png|лево|thumb|Шематски приказ на анатомијата на слатководната бисерна школка ''Margaritifera margaritifera''.]]
Под черупката се наоѓа месест слој на [[ткиво]] наречено [[Мантија (биологија)|мантија]]; постои празнина (мантијна празнина) помеѓу мантијата и телесниот ѕид. Мантијата ги секретира слоевите на черупката, вклучувајќи го и седефестиот (бисерен) слој. Понекогаш се формира [[бисер]] како реакција на иритација. Притоа се наслојува седефест слој околу туѓата честичка. Главениот регион е многу редуциран, така што скоро и да отсуствува. На него нема очи или пипала. Од предниот крај на животното излегува мускулно, секировидно стапало кое се протега меѓу капаците од черупката. Тоа се користи за закопување и, кај некои школки, за пливање. Повеќето школки имаат две цевки, или [[сифон]]и, кои се издолжуваат од задниот крај: едниот (внесувачки) сифон служи за превземање на оксигенираната [[вода]] и храна, и другиот (изнесувачки) сифон служи за [[екскреција]]. Двете цевки можат да бидат споени во единствен сифон, наречен ''врат''.
 
[[Жабри]]те, суспендирани низ мантијната празнина, обично се многу големи и функционираат при собирањето на храната (филтерно хранење) како и при [[дишење]]то. Како што водата минува низ жабрите, ситни органски честички се заробуваат и се носат кон устата. Членовите на редот [[Septibranchia]], меѓутоа, немаат жабри и се хранат со мали [[ракови]] и црви.
 
Школките имаат целосен [[Систем за варење|дигестивен систем]]; редуциран [[нервен систем]]; целосен, [[отворен тип на циркулаторен систем]] со [[срце]] кое поседува комора, [[Артерија|артерии]], [[Вена|вени]] и крвни синуси; како и екскреторни и репродуктивни органи. Повеќето видови се [[гонохорист]]и, а [[Јајце клетка|јајце клетките]] и [[сперматозоид]]ите се испуштаат во водата каде се случува [[оплодување]]то. [[Ларва]]лниот стадиум е слободнопливачки и кај него отсуствува черупка.
 
== Специјализација на школките ==

Прегледник