Прејди на содржината

Школки: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 13 години
с
+слика
[непроверена преработка][непроверена преработка]
с (+слика)
с (+слика)
 
== Черупки на школките ==
 
[[Image:Group of Margaritifera margaritifera.jpg|лево|thumb|200px|Група на живи примероци од [[Слатководна бисерна школка|слатководната бисерна школка]] ''Margaritifera margaritifera'' на дното од река во [[Шведска]].]]
Двата капака на черупката од школката ја препокриваат десната и левата страна на животното; тие се дорзално споени (над телото) и се отвораат вентрално (под телото). Обично двата капака се слични и еднакви по големина, но кај некои форми, како [[Острига|остригите]] кои се прикрепуваат за супстратот со едниот капак, левиот (горниот) капак е поголем отколку десниот (долниот). Два мускула, наречени адуктори, поминуваат меѓу внатрешните површини на двата капака. Тие делуваат антагонистички на зглобните лигаменти со што овозможуваат школката да се затвори.
 
 
== Анатомија на школките ==
[[Image:Group of Margaritifera margaritifera.jpg|лево|thumb|200px|Група на живи примероци од [[Слатководна бисерна школка|слатководната бисерна школка]] ''Margaritifera margaritifera'' на дното од река во [[Шведска]].]]
 
Под черупката се наоѓа месест слој на [[ткиво]] наречено [[Мантија (биологија)|мантија]]; постои празнина (мантијна празнина) помеѓу мантијата и телесниот ѕид. Мантијата ги секретира слоевите на черупката, вклучувајќи го и седефестиот (бисерен) слој. Понекогаш се формира [[бисер]] како реакција на иритација. Притоа се наслојува седефест слој околу туѓата честичка. Главениот регион е многу редуциран, така што скоро и да отсуствува. На него нема очи или пипала. Од предниот крај на животното излегува мускулно, секировидно стапало кое се протега меѓу капаците од черупката. Тоа се користи за закопување и, кај некои школки, за пливање. Повеќето школки имаат две цевки, или [[сифон]]и, кои се издолжуваат од задниот крај: едниот (внесувачки) сифон служи за превземање на оксигенираната [[вода]] и храна, и другиот (изнесувачки) сифон служи за [[екскреција]]. Двете цевки можат да бидат споени во единствен сифон, наречен ''врат''.