Битолска богословија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:
[[Г.г. Доситеј]], првиот поглавар на [[МПЦ|Македонската православна црква - Охридска архиепископија]], веќе замонашен, за потребите на дошколување, на Битолската богословија се запишал во 1932, а завршил во 1937 година.
[[Г.г. Доситеј]], првиот поглавар на [[МПЦ|Македонската православна црква - Охридска архиепископија]], веќе замонашен, за потребите на дошколување, на Битолската богословија се запишал во 1932, а завршил во 1937 година.


[[Г.г. Ангелариј]], вториот поглавар на [[МПЦ|Македонската православна црква - Охридска архиепископија]], во 1926 година се запишал во средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1931 година. Во1932 година бил [[ракополагање|ракоположен]] во чин [[ѓакон]] во [[Црква „Св. Димитриј“ Битола|црквата „Св. Димитриј“]] и истата година станал свештеник во црквата [[Црква „Св. Богородица“ - Битола|„Св.Богородица”]].
[[Г.г. Ангелариј]], вториот поглавар на [[МПЦ|Македонската православна црква - Охридска архиепископија]], во 1926 година се запишал во средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1931 година. Во1932 година бил [[ракополагање|ракоположен]] во чин [[ѓакон]] во [[Црква „Св. Димитриј“ - Битола|црквата „Св. Димитриј“]] и истата година станал свештеник во црквата [[Црква „Св. Богородица“ - Битола|„Св.Богородица”]].


[[Г.г. Михаил]], четвртиот поглавар на [[МПЦ|Македонската православна црква - Охридска архиепископија]], во 1927 година се запишал на средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1932 година.
[[Г.г. Михаил]], четвртиот поглавар на [[МПЦ|Македонската православна црква - Охридска архиепископија]], во 1927 година се запишал на средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1932 година.

Преработка од 23:30, 8 јануари 2021

Битолска богословија или Богословија „Св. Јован Богослов“ (Битола, 1922 – 1941)[1][2] – богословија основана од Министерскиот совет на Кралството СХС на 5 октомври 1921 година. Нејзин патрон бил „Св. Јован Богослов“. Иако основана во октомври, богословијата заради организациски проблеми почнала со работа, според едни извори на 1 јануари 1922 година[1], а според други на 26 февруари истата година. [2] Престанала со работа во 1941 година со почетокот на Втората светска војна.

Историја

Богословијата започнала со работа како петтокласно интернатско богословско училиште, а од учебната 1928/29 година била подигната во ранг на више училиште. [1]

На самиот почеток се состоела од една двокатна зграда покрај улицата и една двокатна зграда со трпезарија во внатрешноста. Како се зголемувале учениците така таа се проширувала. Ректоратот бил во дел од сегашната градска библиотека, а се користела и зградата од сегашната Христијанско-адвентистичка црква која исто така ѝ припаѓала на Битолската богословија. Имало и интернат, перална и црква „Св. Јован“. Во богословијата биле примани ученици со завршено IV одделение, и тоа најчесто се запишувале деца од попски семејства кои на тој начин ја продолжувале семејната традиција, како и деца на сиромашни родители. За учениците-богословци бил организиран интернат зашто тие главно биле од други места селата и градовите подалеку од Битола. Рускиот кадар претставувал мнозинство меѓу предавачите во Битолската богословија. Во есента 1928 година со синодска одлука го назначиле Јован Шангајски за професор во Битолската богословија. [2]

Познати личности кои ја завршиле Битолската богословија

Г.г. Доситеј, првиот поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, веќе замонашен, за потребите на дошколување, на Битолската богословија се запишал во 1932, а завршил во 1937 година.

Г.г. Ангелариј, вториот поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во 1926 година се запишал во средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1931 година. Во1932 година бил ракоположен во чин ѓакон во црквата „Св. Димитриј“ и истата година станал свештеник во црквата „Св.Богородица”.

Г.г. Михаил, четвртиот поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во 1927 година се запишал на средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1932 година.

Стале Попов, познатиот романописец, исто така ја завршил Битолската богословија.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 180. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Битолската богословија“. Бабам Битола. 6 декември 2018. Посетено на 8 јануари 2021.