Бранденбург на Хафел: Разлика помеѓу преработките

Координати: 52°25′0″N 12°32′0″E / 52.41667° СГШ; 12.53333° ИГД / 52.41667; 12.53333
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Нацистичка ера: Јазична исправка, replaced: егзекутиран → погубен
Gliwi (разговор | придонеси)
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија Место во Германија
{{Инфокутија Место во Германија
|type = Stadt
|type = Stadt
|Wappen = Wappen_Brandenburg_an_der_Havel.png
|Wappen = DEU Brandenburg an der Havel COA.svg
|image_flag = Flagge der Stadt Brandenburg an der Havel.png
|image_flag = Flagge der Stadt Brandenburg an der Havel.png
|image_photo = Dom Brandenburg 3.jpg
|image_photo = Dom Brandenburg 3.jpg

Преработка од 10:15, 8 јануари 2021

Бранденбург на Хафел
Бранденбуршката катедрала
Бранденбуршката катедрала
Бранденбуршката катедрала
Знаме на Бранденбург на Хафел
Грб на Бранденбург на Хафел
Бранденбург на Хафел во рамките на Германија
Бранденбург на Хафел
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Урбан округ
Градоначалник Дитлинд Тиман (ДХС)
Основни податоци
Површина 228,80 км2
Надм. височина 32 м
Население 72.040 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 315 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BRB
Пошт. бр. 14772–14778
Повик. бр. 03381
Портал www.stadt-brandenburg.de
Местоположба на градот Бранденбург на Хафел во Бранденбург
Местоположба на градот Бранденбург на Хафел во Бранденбург
Местоположба на градот Бранденбург на Хафел во Бранденбург
Координати 52°25′0″N 12°32′0″E / 52.41667° СГШ; 12.53333° ИГД / 52.41667; 12.53333

Бранденбург на Хафел (германски: Brandenburg an der Havel) — град во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на бреговите на реката Хафел. Градот Бранденбург го обезбедил името на средновековната Бискупија Бранденбург, Маркгрофството Бранденбург и на денешната покраина Бранденбург. Денес е мал град спореден со блискиот Берлин, но бил првобитното јадро на поранешните владетели на Бранденбург и Прусија.

Историја

Замокот Бранденбург кој бил тврдина на словенското племе Хавелјани, бил освоен во 929 од кралот Хајнрих Птичарот. Градот останал германски до 983 година, кога Словените повторно успеале да го преземат. Во следните 170 години областа била управуван од словенските принцови од племето Хавелјани. Последниот од нив Прибислав умрел во 1150. Потоа, Алберт I се населил овде и станал првиот маркгроф на Бранденбург. Градот бил населен само на западниот брег на Хафел до 1196, кога се проширил и на источниот брег. Делови на обете страни на реката со векови биле сметани за три различни града (Стар град, Нов град и катедралниот округ Бранденбург).

Во 1314–1315 Стариот и Новиот град станале членки на Ханза. Во Триесетгодишната војна (1618–1648) градовите доживеале големи оштетувања и уништувања кои довеле до намалување на нивната моќ; Потсдам станал новиот главен град и дворот го напуштил градот. Во 1715 Стариот и Новиот град биле споени во еден единствен град. Во 1928 бил додаден и катедралниот округ Бранденбург.

Кон крајот на 19 век Бранденбург на Хафел станал многу важен индустриски центар во Германското царство. Челичната индустрија била сместена во градот, како и неколку светски познати велосипедски брендови, како што се Бренабор, Корона и Екселзиор. Исто така работеле и фабрики за играчки. Поради огромниот индустриски комплекс, Германските царски железници (Deutsche Reichsbahn) во периодот помеѓу двете светски војни биле сместени во градот. Одличната сообраќајна инфраструктура била голема предност за самиот град.

Нацистичка ера

Концентрациониот камп, еден од првите во Германија, бил сместен во Стариот град на Бранденбург. По затворањето на овој камп, нацистите го користела затворот Бранденбург-Герден, сместен во Герден, предградие на Бранденбург. Подоцна стариот затвор прераснал во центар за евтаназија Бранденбург, каде нацистите убивале луѓе со ментални болести, вклучувајќи и деца. Оваа операција ја нарекле „Т4“ поради адресата во Берлин Tiergartenstraße 4, седиште на оваа планирана и добро организирана операција за евтаназија. Бранденбург на Хафел бил една од првите локации во Третиот Рајх каде нацистите експериментирале со убивање на жртвите со гас. Овде се подготвувале за масовните убиства во Аушвиц и другите концентрациони кампови. По жалбите на месните жители за чадот биле затворени печките, а кратко потоа и стариот затвор.

Во 1934, компанијата Арадо (Arado Flugzeugwerke), која најпрвин била основана во Варнеминде, започнала со градба на фабрика во Бранденбург, каде започнала со производство на авиони во 1935. Фабриката била проширена во следните пет години и во текот на Втората светска војна произведувала различни воздухоплови за Луфтвафе. Постоењето на оваа фабрика била една од причините зошто Бранденбург бил силно бомбардиран во војната; до 1945 градот бил 70% уништен.

Фридрих Фром, германски офицер вмешан во јулската завера за убиство на Хитлер, бил погубен овде во март 1945 за неговото учество во заверата, иако Фром ги предал другите учесници и ја наредил нивната смрт.

По обединувањето, населението во градот опаднале од над 100.000 во 1989 до околу 75.000 во 2005 поради емиграцијата. Главно се иселувале младите луѓе по потрага за подобра иднина. Како последица на тоа, иднината на градот е неизвесна.

Демографија

Година Население
1600 10.000
1648 3.000
1715 11.000
1818 12.800
1830 13.538
3 декември 1861 21.600
3 декември 1864 26.000
3 декември 1867 25.500
1 декември 1871 25.800
1 декември 1875 27.371
1 декември 1880 29.066
1 декември 1885 33.129
1 декември 1890 37.817
Година Население
2 декември 1895 42.690
1 декември 1900 49.250
1 декември 1905 51.200
1 декември 1910 53.595
1 декември 1916 48.039
5 декември 1917 49.565
8 октомври 1919 52.972
16 јуни 1925 59.297
16 јуни 1933 64.190
17 мај 1939 83.825
1 декември 1945 68.927
29 октомври 1946 70.632
31 август 1950 82.215
Година Население
31 декември 1955 87.143
31 декември 1960 86.722
31 декември 1964 89.697
1 јануари 1971 93.983
31 декември 1975 93.765
31 декември 1981 94.680
31 декември 1985 94.862
31 декември 1988 94.872
31 декември 1990 89.889
31 декември 1995 85.994
31 декември 2000 77.516
31 декември 2005 74.129
31 декември 2010 71.778

Сообраќај

Градот се наоѓа на пловната река Хафел, европски воден пат и пловилата кои поминуваат низ градот имаат две рути. Првичната рута го користи градскиот канал во должина од 4 километри низ самиот центар на градот, но оваа рута е ограничена во големина на пловилата. Комерцијалниот сообраќај го користи каналот Сило кој поминува низ источните и северните делови на градот.[2]

Градот се наоѓа на раскрсницата на автопатите А1 и А102, додека автопатот А2 е во близина. Железничката линија Берлин - Потсдам - Магдебург поминува низ градот.

Главниот дел на урбаниот јавен превоз е трамвајската мрежа.

Знаменитости

Панорамски поглед на Бранденбург.

Катедралниот остров (Dominsel) — историското срце на градот. Овде се наоѓа најстарата градба: Катедрлата Св. Петар и Павле (Dom St. Peter und Paul). Иако изградбата започнала во романескнен стил во 1165, била завршена како готска катедрала во текот на 14 век. Додека надворешноста е помалку едноставна, катедралата го изненадува посетителот со својата раскошна внатрешност, особено насликаната крипта во Шарената капела (Bunte Kapelle) и органата Вагнер (1725), една од најпознатите барокни органи во Германија.

Црквата Св. Катарина (Katharinenkirche) изградена во 1401 во Новиот град е импресивен примерок на северногерманската готска архитектура со тули. Црквата Св. Готхарт (Gotthardtkirche) била изградена од истиот материјал неколку години подоцна.

Друга интересна градба е Старото градско собрание (Altstädtisches Rathaus), доцноготска градба со тули. Пред нејзе се наоѓа скулптура на витезот Роланд, висока 5,35 метри. Направена од песочник, скулптурата била поставена во 1474 како симбол на независноста на градот.

Постои дел од средновековните ѕидини на градот, како и четири зачувани кули: Steintorturm и Mühlentorturm (во Новиот град) и Rathenower Torturm и Plauer Torturm (во Стариот град).

Индустрискиот музеј Бранденбург е дел од Европската патека на индустриско наследство. Бранденбург има свој театар (Brandenburger Theater), професионален симфониски оркестар (Brandenburger Symphoniker) и голем избор на локални и археолошки музеи.

Галерија

Познати жители

Збратимени градови

Поврзано

Наводи

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)
  2. Шефилд, Бери (1995). Inland Waterways of Germany. Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 93–100. ISBN 0-85288-283-1.

Надворешни врски