Планина: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:K2 8611.jpg|thumb|right|300px|Врвот [[K2]] на [[Хималаи]]те]] |
[[Податотека:K2 8611.jpg|thumb|right|300px|Врвот [[K2]] на [[Хималаи]]те]] |
||
[[Податотека:Denali_Mt_McKinley.jpg|300px|thumb|Планината [[Макинли]] во [[Алјаска]] — највисока во [[Северна Америка]]]] |
[[Податотека:Denali_Mt_McKinley.jpg|300px|thumb|Планината [[Макинли]] во [[Алјаска]] — највисока во [[Северна Америка]]]] |
||
'''Планина''' — возвишување на [[Земја| |
'''Планина''' — возвишување на [[Земја|земјината]] површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во [[Земјина кора|земјината кора]]. |
||
Постојат многу [[Теорија|теории]] за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи [[плоча (геологија)|плочи]] на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат [[седимент]]ите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, [[Набор|набирањето]] оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир. |
Постојат многу [[Теорија|теории]] за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи [[плоча (геологија)|плочи]] на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат [[седимент]]ите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, [[Набор|набирањето]] оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир. |
Преработка од 01:09, 31 декември 2020
Планина — возвишување на земјината површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во земјината кора.
Постојат многу теории за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи плочи на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат седиментите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, набирањето оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир.
Поделба на планините
Планините ги делиме на млади верижни и стари грамадни планини.
Првите се карактеризираат со остри врвови и најчесто се многу високи. Тие се помлади бидејќи врз нив уште не дејствувала ерозијата, која, во текот на милиони години ќе одзема материјали и ќе ги изедначува облиците, како да е планината „зарамнета“, а тоа им се има случено на старите планини, кои имаат заоблени гребени, па дури и зарамнети.
Орогенеза
Во текот на долгата геолошка историја на Земјата имало четири големи орогенски циклуси (од грчки oros=гора и genesis=создавање). Како резултат на овие циклуси дошло до создавањето на постојните планини. Последниот од овие циклуси е орогонија алпина, зошто од него се создадени Алпите во Европа, како и денешната структура на Андите во Јужна Америка или Карпестите Планини во Северна Америка.
Планината како тема во уметноста и во популарната култура
Планината како тема во книжевноста
- „Планина“ - песна на арапскиот поет Ибн Хефаџа.[1]
- „Откривање на огниште в планина“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[2]
- „Волшебниот рид“ - роман на германскиот писател Томас Ман од 1924 година.[3]
- „Плачат оние планини за мене“ - роман на македонскиот писател Петар Ширилов од 1965 година.
Планината како тема во музиката
- „Црната страна на планината“ (Black Mountain Side) - песна на британската рок-група „Лед цепелин“ (Led Zeppelin) од 1968 година.[4]
- „Планинска свирка“ (Mountain Jam) - песна на американската блуз-група „Алман брадерс бенд“ (The Allman Brothers Band) од 1971 година.[5]
- „Ноќ на диско-планината“ (Night On Disco Mountain) - песна на американскиот музичар Дејвид Шаер (David Shire) од 1977 година.[6]
- „Да одиме во планините“ (Hajdemo u planine) - песна на југословенската група „Бијело дугме“ (Bijelo Dugme).[7]
- „Планини“ (Mountains) - песна на американскиот пејач „Принс“ (Prince) од 1986 година.[8]
- „Планина на мојата порта“ (Mountain at My Gates) - песна на групата „Фоулс“ (Foals).[9]
- „Планини од нешта“ (Mountains O' Things) - песна на американската пејачка Трејси Чепмен (Tracy Chapman) од 1988 година.[10]
- „Планинска песна“ (Mountain Song) - песна на американската рок-група „Џејнс адикшн“ (Jane's Addiction) од 1988 година.[11]
- „Можам да поместам планина“ (Move any mountain) - песна на британската група „Шејмен“ (The Sahamen).[12]
Планината како тема во филмот
- „Англичанецот кој се качил на рид, а слегол од планина“ (англиски: The Englishman Who Went Up a Hill but Came Down a Mountain) - британски филм од 1995 година, во режија на Кристофер Монгер.[13] [14]
Наводи
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 73-74.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 34.
- ↑ Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.
- ↑ DISCOGS, Led Zeppelin – Led Zeppelin (пристапено на 30.12.2020)
- ↑ DISCOGS, The Allman Brothers Band – The Fillmore Concerts (пристапено на 30.3.2019)
- ↑ Discogs, Various – Saturday Night Fever (The Original Movie Sound Track) (пристапено на 31.3.2019)
- ↑ YouTube, bijelo dugme-hajdemo u planine (пристапено на 15.1.2017)
- ↑ YouTube, Prince - Mountains (Lyrics) (пристапено на 15.1.2017)
- ↑ YouTube, Mountain at My Gates (пристапено на 1.3.2020)
- ↑ YouTube, Mountains O' Things - Tracy Chapman 1988(live) (пристапено на 12.5.2017)
- ↑ Discogs, Jane's Addiction – Nothing's Shocking (пристапено на 17.12.2020)
- ↑ YouTube, The Shamen - Move any mountain (пристапено на 2.3.2017)
- ↑ Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 22.
- ↑ Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 22.
|