Тајвански фазан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Средена предлошка за EOL, replaced: {{EOL| → {{ЕЖС|
с →‎Надворешни врски: Вратено име на предлошка во EOL, replaced: {{ЕЖС| → {{EOL|
Ред 52: Ред 52:
== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
{{рв|Lophura swinhoii}}
{{рв|Lophura swinhoii}}
* {{ЕЖС|915155}}
* {{EOL|915155}}
{{викивидови-ред|Lophura swinhoii|Тајвански фазан}}
{{викивидови-ред|Lophura swinhoii|Тајвански фазан}}



Преработка од 13:09, 16 декември 2020

Тајавнски фазан
Мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Фазани
Род: Кокошкофазани
Вид: Тајвански фазан
Научен назив
Lophura swinhoii
(Gould, 1863)
Женка

Тајвански фазан или Свајноов фазан (науч. Lophura swinhoii) — птица од родот кокошкофазани (Lophura) семејството на фазаните (Phasianidae). Ова е ендемски вид на Тајван, но може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Опис

Мажјакот има светкави сино-виолетови гради, стомак и задник, бел тил, црвена кикиришка, бела опашка и бела пувка. Женката е кафена, со жолти точки и сложени пругести шари и темнокостенлива опашка (надворешниот дел).

Кога мажјакот се перчи, кикиришката му се набабрува, прави еден скок и трча во круг околу женките.

Живеалиште

Живеалиштето на тајванскиот фазан е ограничено на планинските шуми во средишниот дел на Тајван, на надморска височина до 2.300 м.[1]

Се храни со семки, плодови и некои инсекти.

Женката несе по 2 до 6 јајца, кои ги квачи 25 до 28 дена. Младенчињата се способни да одат надвор од гнездото 2 до 3 дена откако ќе се испилат.

Заштита

Тајванскиот фазан е малуброен поради ограниченото живеалиште и влошувањето на условите за живот, особено сечата на дрво. Дел од птиците се безбедни во заштитени подрачја, но други се намалуваат по бројност. Во минатото тајванскиот фазан се ловел и затоа исчезнал во извесни подрачја во 60-те и 70-те години на XX век. Денес, се смета дека живеат вкупно 10.000 единки.[1]

Lophura swinhoii

Потекло на името

Видот го научното име swinhoii во чест на британскиот природонаучник Роберт Свајно (1836-1877), кој прв го опишал во 1862 г.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Lophura swinhoii. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. „Тајвански фазан“. Зоо Скопје. Посетено на 28 април 2015.

Надворешни врски