Лешок: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отповикани уредувањата на Ivajovan (разговор), враќајќи на последната преработка на Bjankuloski06
Ознака: Отповикување
с →‎Демографија: Сменето со македонски апостроф, replaced: К'нчов → К’нчов
Ред 32: Ред 32:
== Демографија ==
== Демографија ==
[[Податотека:Narodna nosija, Lesok, 1890.jpg|мини|десно|Жени од Лешок во народна носија, 1890 година.]]
[[Податотека:Narodna nosija, Lesok, 1890.jpg|мини|десно|Жени од Лешок во народна носија, 1890 година.]]
Според статистиката на [[Васил К’нчов|Васил К'нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македониja, Етнографиja и статистика]]“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":0">Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.</ref>
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македониja, Етнографиja и статистика]]“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":0">Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.</ref>


Според егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Лешок имало 488 [[Македонци]], под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].<ref name=":1">D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.</ref>
Според егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Лешок имало 488 [[Македонци]], под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].<ref name=":1">D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.</ref>

Преработка од 13:03, 15 декември 2020

Лешок

Лешочкиот манастир

Лешок во рамките на Македонија
Лешок
Местоположба на Лешок во Македонија
Лешок на карта

Карта

Координати 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД / 42.06389; 21.03278Координати: 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД / 42.06389; 21.03278
Регион Долни Полог
Општина Теарце
Население 440 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28041
Надм. вис. 560 м
Мреж. место Лешок
Лешок на општинската карта

Атарот на Лешок во рамките на општината
Лешок на Ризницата

Лешоксело во Општина Теарце, во околината на градот Тетово. Познато е по Лешочкиот манастир.

Географиja и местоположба

Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, селото Лешок е оддалечено 9 километри во северен правец.

Историja

Документ со печат од Лешочката селска општинска управа, од 5 јуни 1918 година.

Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 200 семејства, 11 неженети и 22 вдовици, сите христијани.[2]

Селото е споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година и е забележано како село Лешка со 89 домаќинства.[3]

Стопанство

Демографија

Жени од Лешок во народна носија, 1890 година.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешок имало 488 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2002 година, селото брои 440 жители и е исклучиво населено со Македонци од православна вероисповед. Следува табела на националната структура на населението:[7]

Националност Вкупно
Македонци 435
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
останати 4

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 336[4] 320[5] 580[6] 861 915 785 718 666 542 399 440

Родови

Лешок е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Базовци (1 к.), староседелци.
  • Стојковци (18 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Русе (две семејства).
  • Ѓурлуковци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Пловдив (едно семејство).
  • Чочолевци (1 к.), староседелци.
  • Такаревци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Русе (три семејства).
  • Мазарковци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Русе (едно семејство).
  • Савевци (4 к.), староседелци.
  • Тошоќој (3 к.), староседелци.
  • Тасевци (1 к.), староседелци.
  • Коларовци (2 к.), доселени се од Старо Село.
  • Ѓоревци (4 к.), доселени се од селото Варвара. Го знаат следното родословие: Билбил (жив на 50 г. во 1947 година) Петруш-Божин-Ѓоро, кој се доселил. Имаат иселеници во селото Слатино.
  • Качовци (4 к.) доселени се од соседното село Сетоле, го знаат следното родословие: Андро (жив во 1947 година) Мито-Божин-Мишо-Јанко, основачот на родот. Имаат иселеници во Лесковац (едно семејство).
  • Лалошој (11 к.) доселени се од селото Непроштено, таму биле староседелци, го знаат следното родословие: Мито (жив на 45 г. во 1947 година) Јастре-поп Симун-поп Китан, кој се доселил. Имаат иселеници во Скопје (шест семејства, во Ѓорче Петров), Тетово (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
  • Гркомановци (4 к.) доселени се од селото Рогачево, го знаат следното родословие: Томе (жив на 40 г. во 1947 година) Самој-Васо-Стојан-Јовче, основачот на родот, во Рогачево биле староседелци.
  • Карапанџовци (3 к.) доселени се од неко— село во гостиварско. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (две семејства).
  • Китановци (1 к.) доселени се однекаде.
  • Чапунковци (3 к.) доселени се однекаде. Имаат иселеници во Пловдив (две семејства) и во Плевен (едно семејство).
  • Николовци (5 к.) доселени се од Варвара. Имаат иселеници во Пловдив (едно семејство).
  • Сандаровци (3 к.) доселени се од Непроштено.
  • Јоановци (2 к.) доселени се од селото Слатино, подалечно потекло од областа Сириниќ во Косово и Метохија.
  • Рошој (2 к.) доселени се од селото Слатино. Подалечно потекло од неко— село во Овче Поле.
  • Пејчиновци или Поповци (13 к.) доселени се од соседното село Отуње, таму се викале Цанцаловци. Право потекло имаат од селото Орашко Градиште во клисурата на Вардар. Имаат иселеници во Тетово (три семејства, богат род), Русе (едно семејство), Белград (едно семејство), Софија (едно семејство) и во Франција (едно семејство).
  • Цинцаровци (6 к.) доселени се од селото Сетоле, го знаат следното родословие: Форче (жив на 50 г. во 1947 година) Столе-Кочо-Богдан, кој се доселил.
  • Нешовци (1 к.) доселени се од селото Чучер, скопско. Имаат иселеници во Варна (едно семејство).
  • Пашини (4 к.) родот го основал предок доселен од селото Подбреге.
  • Зако (1 к.) доселен како домазет од селото Палчишта.
  • Здраве (1 к.) доселен како домазет од селото Мушиково кај Средска.
  • Наљбукои (1 к.) стари доселеници однекаде.
  • Прнџо (1 к.) доселен од селото Варвара.
  • Богојеви (1 к.) доселени од Рогачево.
  • Ончев (1 к.) доселен од Брезно.
  • Филиповци (1 к.) доселени од селото Јанчиште.
  • Стојан (1 к.) доселен од селото Брезно во 1939 година.
  • Трпе (1 к.), Трпе е доселен како домазет од селото Теарце.
  • Стеван (1 к.), Стеван е доселен како домазет од селото Сетоле (таму припаѓал на родот Качовци)
  • Ѓоре (1 к.), Ѓоре е доселен како домазет од селото Варвара (таму припаѓал на родот Пржовци)
  • Сибиновци (4 к.) доселени се од селото Котлина кај Качаник, го знаат следното родословие: Ристо (жив на 40 г. во 1947 година) Андро-Спасо-Сибин.
  • Коруновци (6 к.) доселени се од селото Варвара, го знаат следното родословие: Стојан (жив на 45 г. во 1947 година) Стојче-Милован-Корун. Имаат иселеници во Бугарија (три семејства).
  • Богојевци (1 к.) доселени се од Слатино.
  • Манојловци (1 к.) доселени се од Глоги.[9]

Општествени установи

Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 2009 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Варвара.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 391 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Црквата „Св. Николај“ во Лешок

Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од XIV век, Св. Атанасиј од XX век, Св. Богородица од XIX век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од XX век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).

Археолошки наоѓалишта
  • Кале — населба од доцна антика и среден век;[12]
  • Два Бреста — населба од римско време;
  • Леска — населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
  • Пепело — населба од римско време;
  • Црквиште — црква од среден век;
  • Црници — некропола од римско време;
  • Депо - депо од среден век;
  • Млака — некропола од среден век;

Редовни настани

Лешочки фолк фест во 2007 година

Личности

  • Никанор (р. ~ 1600) — скопски и полошки митрополит
  • Мирко Спироски (р. 3 февруари 1948) — македонски физиолог и редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
  • Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) — македонски херој од Лешок, убиен од терористите на ОНА.

Култура и спорт

Во селото постојат клубовите ФК Оникс и ОК Лешок, кој настапува во Првата македонска одбојкарска лига.

Иселеништво

Родовите Џарловци, Дабовци и Главиновци целосно изумреле и се иселиле од селото.

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.298
  3. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  4. 4,0 4,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  5. 5,0 5,1 D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  6. 6,0 6,1 Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски