Ајдутство: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
#WPWPMK, #WPWP |
с Правописна исправка, replaced: придонесло → придонело |
||
Ред 2: | Ред 2: | ||
{{Османлиско-македонски војни и востанија}} |
{{Османлиско-македонски војни и востанија}} |
||
[[Податотека:Катиљ Ѓорѓи.jpg|мини|Ѓорѓи Мијаков попознат како Катиљ Ѓорѓи, Ѓорѓи Мијак, роден е во мариовското село [[Брник]] во 1875 година. За време на османлиското владеење бил познат ајдук во Мариовско. За него била напишана песната „Болен лежи Катиљ Ѓорѓи“, која на времето ја испеал [[Александар Сариевски]].]] |

'''Ајдутството''' претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во [[16 век]].<ref name="IMN" |
'''Ајдутството''' претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во [[16 век]].<ref name="IMN">''Историја на македонскиот народ, книга прва''. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969.</ref> Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале. Своите акции ги почнувале на [[пролет]], а на [[есен]] се засолнувале кај своите [[јатаци]]. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и [[јатаци]] биле јавно казнувани. Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни. |
||
Во своето дело „[[Српски рјечник]]“, [[Вук Караџиќ]] дал автентичен опис на ајдутството. Според него, ајдуците се појавиле како реакција на турската неправда и насилство. Затоа, меѓу ајдуците имало многу чесни луѓе, а на почетокот, веројатно, и некогашните благородници станувале ајдуци. Поретко, луѓето станувале ајдуци и заради одмазда, а некои ајдуци правеле злосторства и кон сопствениот народ. Притоа, ајдутството се засилувало во периодите кога турската власт била понасилна. На почетокот, ајдуците ги ограбувале турските [[Данок|даночници]], но подоцна ги напаѓале [[Трговија|трговците]] и патниците, па дури и ги ограбувале домовите на побогатите луѓе. Често, тие грабале луѓе од домовите, а потоа барале откуп од нивните роднини. На лето, ајдуците живееле во [[Шума|шумите]], а ги посетувале своите јатаци во потрага по храна. На зима, ајдучките дружини се распуштале, а ајдуците се криеле кај своите јатаци. Најчесто, ајдуците биле облечени во бечви од чоја, биле обуени во [[опинци]], а носеле сини или зелени долами и гунчиња. Особено биле препознатливи нивните фесови или свилени капи со китка од едната страна, а на градите носеле сребрени токи или сребрени [[пари]]. Најчесто биле вооружени со долга [[пушка]], две кратки пушки и [[нож]].<ref>„Песме о хајдуцима“, во: ''Хајдуци''. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-143.</ref> |

==Ајдучки песни== |
==Ајдучки песни== |
||
Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во [[19 век]], а некои и во [[18 век]]. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа |
Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во [[19 век]], а некои и во [[18 век]]. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа придонело за нивното брзо распространување и за широката популарност. Циклусот ајдучки песни се состои од неколку помали циклуси кои се формирале околу одделни ајдучки дружини или поединечни личности. Најпознати се песните посветени на Старина Новак за кого е формиран најцелосниот циклус ајдучки песни, кој е тематски целосно разработен и вообличен. Во него се опишани бројни ликови од [[16 век]] ([[Старина Новак]], Дели Радивој, детето Груица, Малиот Радоица, Дели Татомир, Стариот Вујадин), кои формираат идеализирана дружина која дејствува во околината на [[Сараево]] и на планината [[Романија (планина)|Романија]]. Исто така, голем е циклусот посветен на [[Бајо Пивљанин]] и неговата дружина од [[17 век]], која дејствувала околу [[Бока Которска]], а третиот голем циклус е поврзан на ајдукот [[Мијат Томиќ]] (кој дејствувал во [[Босна]]), но овој циклус не е целосно вообличен. Во ајдучките песни се опеани сите важни моменти на ајдутството: заминувањето во планината, борбите, заседите, грабежите и [[смрт]]та на главните ликови. Најпознати српски ајдучки песни се: „[[Старина Новак и кнезот Богосав]]“, „[[Старина Новак и Дели-Радивој]]“, „[[Новак и Радивој го продаваат Груица]]“, „[[Груица и Арапот]]“, „[[Стариот Вујадин]]“, „[[Костреш Арамбаша]]“, „[[Малиот Радоица]]“, „[[Зошто Бајо замина во ајдуци]]“, „[[Човек-паша и овчарот Михат]]“, итн.<ref>„Песме о хајдуцима“, во: ''Хајдуци''. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-145.</ref> |
||
==Ајдутството како тема во уметноста== |
==Ајдутството како тема во уметноста== |
Преработка од 02:54, 9 декември 2020
Ајдутството претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во 16 век.[1] Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале. Своите акции ги почнувале на пролет, а на есен се засолнувале кај своите јатаци. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и јатаци биле јавно казнувани. Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни.
Во своето дело „Српски рјечник“, Вук Караџиќ дал автентичен опис на ајдутството. Според него, ајдуците се појавиле како реакција на турската неправда и насилство. Затоа, меѓу ајдуците имало многу чесни луѓе, а на почетокот, веројатно, и некогашните благородници станувале ајдуци. Поретко, луѓето станувале ајдуци и заради одмазда, а некои ајдуци правеле злосторства и кон сопствениот народ. Притоа, ајдутството се засилувало во периодите кога турската власт била понасилна. На почетокот, ајдуците ги ограбувале турските даночници, но подоцна ги напаѓале трговците и патниците, па дури и ги ограбувале домовите на побогатите луѓе. Често, тие грабале луѓе од домовите, а потоа барале откуп од нивните роднини. На лето, ајдуците живееле во шумите, а ги посетувале своите јатаци во потрага по храна. На зима, ајдучките дружини се распуштале, а ајдуците се криеле кај своите јатаци. Најчесто, ајдуците биле облечени во бечви од чоја, биле обуени во опинци, а носеле сини или зелени долами и гунчиња. Особено биле препознатливи нивните фесови или свилени капи со китка од едната страна, а на градите носеле сребрени токи или сребрени пари. Најчесто биле вооружени со долга пушка, две кратки пушки и нож.[2]
Ајдучки песни
Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во 19 век, а некои и во 18 век. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа придонело за нивното брзо распространување и за широката популарност. Циклусот ајдучки песни се состои од неколку помали циклуси кои се формирале околу одделни ајдучки дружини или поединечни личности. Најпознати се песните посветени на Старина Новак за кого е формиран најцелосниот циклус ајдучки песни, кој е тематски целосно разработен и вообличен. Во него се опишани бројни ликови од 16 век (Старина Новак, Дели Радивој, детето Груица, Малиот Радоица, Дели Татомир, Стариот Вујадин), кои формираат идеализирана дружина која дејствува во околината на Сараево и на планината Романија. Исто така, голем е циклусот посветен на Бајо Пивљанин и неговата дружина од 17 век, која дејствувала околу Бока Которска, а третиот голем циклус е поврзан на ајдукот Мијат Томиќ (кој дејствувал во Босна), но овој циклус не е целосно вообличен. Во ајдучките песни се опеани сите важни моменти на ајдутството: заминувањето во планината, борбите, заседите, грабежите и смртта на главните ликови. Најпознати српски ајдучки песни се: „Старина Новак и кнезот Богосав“, „Старина Новак и Дели-Радивој“, „Новак и Радивој го продаваат Груица“, „Груица и Арапот“, „Стариот Вујадин“, „Костреш Арамбаша“, „Малиот Радоица“, „Зошто Бајо замина во ајдуци“, „Човек-паша и овчарот Михат“, итн.[3]
Ајдутството како тема во уметноста
- „Ајдучка песна“ - песна на Никола Јонков Вапцаров од 1929 година.[4]
Извори
- ↑ Историја на македонскиот народ, книга прва. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969.
- ↑ „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-143.
- ↑ „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-145.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 42.