Крушица (Кичевско): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Прилагодување на параметар за карта, replaced: карта= → карта= {{subst:PAGENAME}} во Општина Кичево.svg
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 1: Ред 1:
{{другиместа3|Крушица}}
{{Инфокутија за село во Република Македонија
{{Инфокутија за село во Република Македонија
| име = Крушица
| слика=
| име=Крушица
| слика = Панорама во Крушица.jpg
| големина на слика = 300п
| регион=
| опис = Сретселото на Крушица
| општина={{општинскигрб|Општина Кичево}}
| општина = {{општинскигрб|Општина Кичево}}
| население=5
| регион = {{грбови|Југозападен регион}}
| поштенски број=
| област = [[Кичевија|Рабетинкол]]
| надморска височина=788
| население = 5<ref name="попис">{{нмс|url=http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf|title=Попис на Македонија |date=2002|publisher=Завод за статистика на Македонија|accessdate=4 декември 2020}}</ref>
| географска широчина=41° 31' 27" сев. ш.
| година = 2002
| географска должина=21° 3' 6" ист. д.
| поштенски број = 6258
| повикувачки број = 045
| надморска височина = 788
| lat_dir=N | lat_deg=41 | lat_min=31 | lat_sec=27
| lat_dir=N | lat_deg=41 | lat_min=31 | lat_sec=27
| lon_dir=E | lon_deg=21 | lon_min=3 | lon_sec=6
| lon_dir=E | lon_deg=21 | lon_min=3 | lon_sec=6
| слава =
| мрежно место=
| мрежно место =
| карта= Крушица во Општина Кичево.svg
| карта = Крушица во Општина Кичево.svg
}}
}}


'''Крушица''' — село во [[Општина Кичево]], во околината на градот [[Кичево]].
'''Крушица''' — мало село во областа [[Кичевија|Рабетинкол]], во [[Општина Кичево]], во околината на градот [[Кичево]].


== Географија и местоположба ==
== Географија и местоположба ==
Ред 113: Ред 118:
* [https://maps.google.com/maps?q=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0,+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&hl=mk&ie=UTF8&ll=41.524331,21.052465&spn=0.004362,0.010568&sll=41.531953,21.090016&sspn=0.002181,0.005284&oq=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0&t=h&hnear=Krushica,+Macedonia+(FYROM)&z=17 Сателитска снимка на Крушица] на Карти на Google
* [https://maps.google.com/maps?q=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0,+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&hl=mk&ie=UTF8&ll=41.524331,21.052465&spn=0.004362,0.010568&sll=41.531953,21.090016&sspn=0.002181,0.005284&oq=%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0&t=h&hnear=Krushica,+Macedonia+(FYROM)&z=17 Сателитска снимка на Крушица] на Карти на Google


{{Македонија-гео-никулец}}
{{Општина Кичево}}
{{Општина Кичево}}



Преработка од 22:35, 4 декември 2020

Крушица

Сретселото на Крушица

Крушица во рамките на Македонија
Крушица
Местоположба на Крушица во Македонија
Крушица на карта

Карта

Координати 41°31′27″N 21°3′6″E / 41.52417° СГШ; 21.05167° ИГД / 41.52417; 21.05167Координати: 41°31′27″N 21°3′6″E / 41.52417° СГШ; 21.05167° ИГД / 41.52417; 21.05167
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Кичево
Област Рабетинкол
Население 5[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12038
Надм. вис. 788 м
Крушица на општинската карта

Атарот на Крушица во рамките на општината
Крушица на Ризницата

Крушица — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба

Селото Арангел се наоѓа во областа Рабетинкол, на источните слапови на Челоица.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 28 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 26 жители христијани (Македонци).[4]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Крушица:[5]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
16 23 4 0 4 50 49 99

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Крушица живееле 148 жители, од кои 128 Македонци и 20 Албанци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Крушица имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Крушица живеат 5 жители, сите Македонци.[8]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[9]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 128[6] 128[7] 138 127 103 63 30 15 10 5

Родови

Крушица е македонско село.

Родови во селото се: Бурџиовци (7 к.) најстар род во селото, и основачи на денешната Крушица. Доселени се од некое село во тетовско во 1820 година; Здравевци (4 к.) доселени се одма после родот Бурџиовци, доселени се од раселениот град Закамен, Малесија; Крстевци (11 к.) доселени се после родот Здравевци, т.е околу 1830 година, доселени се од некое село во гостиварско, го знаат следното родословие: Софе (жив на 74 г. во 1961 година) Никодим-Петре-Крсте, основачот на родот кој се доселил.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Буржијовци (10 к.) доселени се однекаде; Шути-Петковци (19 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово. По некоја преселба. Некои се вратиле назад и царот ги помилувал. Но они не се населиле на старото место, туку избегале во ново место. Некој Крсто му бил нешто должен на некој Турчин шест гроша. Но бидејќи Крсто немал да му врати дошол турчинот и му ја запалил куќата, и потоа пребегнале најпрво во гостиварско. Од овој род потекнувал Кочо Куршумот (Куршума).[10]

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 811 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Светораче.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 12 гласачи.[12]

Личности

Поврзано

Наводи

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 декември 2020.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.225
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  5. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  6. 6,0 6,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
  7. 7,0 7,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  10. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-10-27.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски