Димитар Циев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26: Ред 26:
== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}
{{рв|Dimitar Ciev}}

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Циев, Димитар}}
{{DEFAULTSORT:Циев}}
[[Категорија:Македонски одбојкари]]
[[Категорија:Македонски одбојкари]]
[[Категорија:Одбојкари со потекло од Струмица]]
[[Категорија:Одбојкари со потекло од Струмица]]

Преработка од 22:37, 1 декември 2020

Димитар Циев
Роден 1939
Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Занимање одбојкар, професор

Димитар Циев (роден на 1939 во Струмица - 27 јули 2010 во Охрид) бил поранешен југословенски и македонски одбојкар и прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација.

Животопис

Одбојкарските кариера Циев ја започнал во Струмица. По завршувањето на средното образование, тој заминал на студии во Белград, каде и продолжил да се занимава со одбојка. Во Белград завршил Факултет за физичка култура. По дипломирањето се вратил во родната Струмица и го формирал одбојкаркиот клуб „Југославија“, во кој бил активен одбојкар, а подоцна и тренер.

Во својата богата тренерска кариера, Циев бил тренер во одбојкарските клубови во Струмица, Штип, Берово, Велес, Пробиштип и Скопје.

По осамостојувањето, во периодот од 1991 до 1997 година, Димитар Циев бил прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација и паралелно со тоа активно бил вклучен во работата на органите и телата на Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ).

Во следните години бил професор на факултетот за физичка култура, сè во 2004 година кога заминал во пензија[1].

Димитар Циев ненадејно починал на 27 јули 2010 во Охрид.

Наводи