Заработка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7: Ред 7:


==Профитот во финансиите==
==Профитот во финансиите==
===Аритметичка и геометриска стапка на поврат===
Во финансиите, профитот е претставен преку стапката на враќање (''rate of return''), која може да се пресмета како аритметичка (дискретна) стапка на поврат и геометриска (континуирана) стапка на поврат. Притоа, ако се занемари исплатата на дивидендата, аритметичката стапка на поврат (''r''<small>t</small>) се пресметува како:<ref>Philippe Jorion, ''Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk''. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 76.</ref>
Во финансиите, профитот е претставен преку стапката на враќање (''rate of return''), која може да се пресмета како аритметичка (дискретна) стапка на поврат и геометриска (континуирана) стапка на поврат. Притоа, ако се занемари исплатата на дивидендата, аритметичката стапка на поврат (''r''<small>t</small>) се пресметува како:<ref>Philippe Jorion, ''Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk''. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 76.</ref>


Ред 22: Ред 23:


Сепак, ако стапките на поврат се ниски, тогаш двете стапки имаат слични вредности, односно геометриската стапка е слична на аритметичката.<ref>Philippe Jorion, ''Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk''. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 78-79.</ref>
Сепак, ако стапките на поврат се ниски, тогаш двете стапки имаат слични вредности, односно геометриската стапка е слична на аритметичката.<ref>Philippe Jorion, ''Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk''. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 78-79.</ref>

===Други мерки на профитабилност во финансиите===
Во финансиите, често сметководствениот профит (добивка) се приспособува за преземениот ризик. На пример, една таква мерка на профитабилноста е ''RAROC'' (''Risk adjusted return on capital'') која се добива така што сметководствената добивка се дели со износот на алоцираниот капитал за покривање на очекуваната загуба. На пример, ако на средства во износ од 100 милиони денари е остварена добивка од 10 милиони денари, а [[капитал]]от за покривање на очекувана загуба со интервал на доверба од 99% изнесува 28 милиони денари, тогаш ''RAROC'' е еднаков на: 10 / 28 = 36%.<ref>Philippe Jorion, ''Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk''. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 77.</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 20:20, 23 ноември 2020

Заработка (добивка, профит) е остатокот од вредност стекната во деловното работење по покривањето на сите трошоци. Највообичаениот прост пример е разликата помеѓу куповната и продажната вредност на доброто во трговијата.[1] Точниот метод на пресметување на заработката се разликува меѓу сметководителите и економистите.

Профитот како економска категорија

Според Алфред Маршал, профитот го претставува нето-приходот на претприемачот, т.е. разликата меѓу приходот од продажбата и сите трошоци во работењето, вклучувајќи ги и каматата на вложениот капитал, осигурувањето за ризикот од неуспех и надоместот на менаџерите.[2]

Профитот како сметководствена категорија

Профитот во финансиите

Аритметичка и геометриска стапка на поврат

Во финансиите, профитот е претставен преку стапката на враќање (rate of return), која може да се пресмета како аритметичка (дискретна) стапка на поврат и геометриска (континуирана) стапка на поврат. Притоа, ако се занемари исплатата на дивидендата, аритметичката стапка на поврат (rt) се пресметува како:[3]


rt = (Pt - Pt-1) / Pt-1)


Геометриската стапка на поврат (Rt) се пресметува како:

Rt = ln[(Pt - Pt-1) / Pt-1)]

Геометриската стапка на поврат се одликува со следниве предности:[4]

  • таа може да се претстави како нормален веројатносен распоред и тоа не бара постоење негативни цени на финансиските средства, додека ако аритметичката стапка се претстави како нормален распоред на веројатноста, тоа подразбира дека цените на финансиските инструменти можат да имаат и негативни вредности, што е економски невозможно,
  • геометриската стапка на поврат лесно овозможува пресметување на стапката на поврат за повеќе временски периоди. На пример, стапката на поврат за два месеци е збир на стапките во првиот и во вторито месец. Ваквата декомпозиција е отежната кај аритметичката стапка на поврат.

Сепак, ако стапките на поврат се ниски, тогаш двете стапки имаат слични вредности, односно геометриската стапка е слична на аритметичката.[5]

Други мерки на профитабилност во финансиите

Во финансиите, често сметководствениот профит (добивка) се приспособува за преземениот ризик. На пример, една таква мерка на профитабилноста е RAROC (Risk adjusted return on capital) која се добива така што сметководствената добивка се дели со износот на алоцираниот капитал за покривање на очекуваната загуба. На пример, ако на средства во износ од 100 милиони денари е остварена добивка од 10 милиони денари, а капиталот за покривање на очекувана загуба со интервал на доверба од 99% изнесува 28 милиони денари, тогаш RAROC е еднаков на: 10 / 28 = 36%.[6]

Наводи

  1. „заработка“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 294.
  3. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 76.
  4. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 78.
  5. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 78-79.
  6. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 77.