Разлика помеѓу преработките на „Глобално затоплување“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема измена во големината ,  пред 1 година
с
Јазична исправка, replaced: глечери → ледници (2)
с (→‎Метан во Сибир: Правописна исправка, replaced: се' → сè)
с (Јазична исправка, replaced: глечери → ледници (2))
* Најважно, дел од поларните санти мраз може да се стопи и тоа да доведе до покачување на нивото на водата во морињата, кое што веќе е покачено помеѓу 10 и 25 cm во последните 100 години, а до 2050 може да стане и тродупло со што огромни крајбрежни површини, кои се многу густо населени, областите коишто се наоѓаат на помала [[надморска височина]], па дури и цели држави, како [[Бангладеш]], можат да бидат потопени и да исчезнат под морето. Toa делумно настанува поради ширењето на водата кога таа се загрева.
 
Топењето на глечерителедниците во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Најзагрозени се: [[Индија]], [[Пакистан]], [[Бангладеш]], [[Малдиви]], [[Тајланд]], [[Мозамбик]], [[Египет]], [[Суринам]] итн.
 
* Ако дозволиме температурата да порасне за 4 степени, тогаш ќе настане еден општ хаос на целата Земја. Климатскиот систем веќе трпи промени поради топењето на сантите на [[Арктик]]от, но со пораст за 4 степени целосно топењето на поларниот мраз ќе биде неизбежно, што ќе предизвика зголемување на нивото на морето за 70–80 m. Сите светски крајбрежја ќе бидат потопени, заедно со пристаништата, градовите, инфраструктурата и плодната почва. [[Релјеф]]от на Земјата ќе биде како оној после Леденото доба, кога нивото на морето пораснало за 120 m.
Со индустријализација, емисијата на стакленички гасови од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и чистење на земјиште за употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се оддавале во атмосферата побрзо од колку што природните процеси можеа да ги отстранат. Дополнително, оддавани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и утврдено е дека и тие го поддржуваат ефектот на стаклената градина. Во овој период концентрацијата на овие гасови во атмосферата постојано се зголемува, со предвидувања дека ќе продолжи да расте паралелно со порастот на глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат деликатната рамнотежа, значително зголемувајќи го количеството на стакленички гасови во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Податоците за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и глобалните температури. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Архениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO<sub>2</sub> во атмосферата преку согорување на фосилно гориво, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 C до 4,5 C кои сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO2 во атмосферата. Во 1995 година светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001 година UNIPCC (Меѓувладиното тело за климатски промени при Обединетите нации), официјално изјави дека човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално затоплување. Оваа изјава беше од големо знаење, бидејќи до тогаш постоеја мислења според кои глобалното затоплување е поврзано со сончевата активност, природните климатски флуктуации, или е резултат на грешки во компјутерските модели. Квантитативните предвидувања за идната состојба сe уште се неизвесни. Во 1995 година IPCC направи проценка дека глобалната температура на воздухот на Земјата ќе се зголеми за дополнителни 1 C -3,5 C до 2100 година, додека во 2001 година за истиот период беше предвиден пораст на температурата од 1,4 C - 5,8 C. Во најдобар случај, ќе се соочиме со затоплување за 2 C до 2100 година, што би било најбрзо менување на климата во последните неколку милениуми, период кога се развивала модерната цивилизација. Затоплувањето во овие размери ќе влијае врз многу аспекти на нашите животи, бидејќи ќе предизвика промени на температурите и врнежите, пораст на морското ниво и промени во распределбата на свежа вода. Најверојатно значајни ќе бидат влијанијата врз здравјето на луѓето, виталноста на шумите и други природни подрачја, како и продуктивноста во земјоделството.
 
ГОДИШНИ ВРНЕЖИ, 1901-1995 (Американска истражувачка програма за глобални промени: Климатски промени / тековни сознанија) Во последните 100 години глобалното средно морско ниво порасна за 10 до 25&nbsp;cm, делумно поради ширењето на водата кога таа се загрева. Топењето на глечерителедниците во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на Алјаска и Сибир исто така почна да се топи, нарушувајќи ги екосистемите и инфраструктурата. Споменатото топење и затоплувањето на тундрите ќе доведе до распаѓање на органска материја и ослободување на заробениот јаглерод и метан, создавајќи дополнителен извор на стакленички гасови. Како што ризиците од глобалните климатски промени стануваат сe повеќе очигледни, се јавува вистинска потреба од фокусирање на акции за намалување на емисиите на стакленичките гасови и минимизирање на штетните влијанија од климатските промени. Општо земено, луѓето во земјите во развој се почувствителни на климатските промени заради недоволно развиената инфраструктура и ограничениот капитал, како и поголемата зависност од природните ресурси.
 
== Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени ==

Прегледник