Анж Жак Габриел: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
 
Ред 36: Ред 36:
| box_width =
| box_width =
}}
}}
'''Анж Жак Габриел''' ({{lang-fr|Ange-Jacques Gabriel}}; {{рн|23|октомври|1698}} - {{пн|4 јануари|1782}}) — истакнат [[Франција|француски]] [[архитект]], највлијателен во својата генерација, којшто бил главен архитект на дворот на кралот [[Луј XV]], стекнувајќи се со чинот на [[Прв кралски артхитект]]. Тој бил еден од најзначајните претставници на француската [[класична архитектура]].
'''Анж Жак Габриел''' ({{lang-fr|Ange-Jacques Gabriel}}; {{рн|23|октомври|1698}} - {{пн|4|јануари|1782}}) — истакнат [[Франција|француски]] [[архитект]], највлијателен во својата генерација, којшто бил главен архитект на дворот на кралот [[Луј XV]], стекнувајќи се со чинот на [[Прв кралски артхитект]]. Тој бил еден од најзначајните претставници на француската [[класична архитектура]].


== Животопис ==
== Животопис ==

Последна преработка од 10:08, 23 октомври 2020

Анж Жак Габриел
Ange-Jacques Gabriel
Портрет на Анж Жак Габриел од Жан Батист Грез
Роден(а)23 октомври 1698
Париз, Франција
Починал(а)4 јануари 1782
Париз, Франција
Занимањеархитект
РодителиЖак Габриел

Анж Жак Габриел (француски: Ange-Jacques Gabriel; 23 октомври 1698 - 4 јануари 1782) — истакнат француски архитект, највлијателен во својата генерација, којшто бил главен архитект на дворот на кралот Луј XV, стекнувајќи се со чинот на Прв кралски артхитект. Тој бил еден од најзначајните претставници на француската класична архитектура.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1698 г. во Париз, и се обучувал кај кралскиот архитект Робер де Кот и кај татка си, кому му помагал во проектирањето на Кралскиот дворец (сега Палата на берзата) во Бордо (завршен 1735). Во 1728 г. младиот Габриел Потоа станува член на Кралската архитектонска академија. Од 1735 г. работел како главен помошник на татка си, кој бил главен архитект на Версај, а во 1742 го презел неговото работно место, и со тоа станал најважниот архитект Франција. На ова место се задржал во текот на речиси целото владеење на Луј XV. Во 1754 г. Габриел почнал да работи на симетричните палатијални фасади на зданијата што ја образуваат северната меѓа на тогашниот плоштад „Луј XV“ (сегашен плоштад „Конкорд“) во Париз, завршувајќи ги во 1763. Зданието десно служело како складиште за кралската покуќнина (mobilier de la couronne), со луксузно сместување за управникот. Од 1789 наваму во зданието е сместен адмиралштабот.

Габриеловата воздржаност во планирањето и детаљите претставувала движечка сила во преодот од рококо во неокласицизмот. Во текот на четири децении Габриел бил единствениот одговорен за изградба во Версај (објект во поново време наречен „Габриелово крило“), но и за постојаната преработка на одаите во Версај. Неговиот „Мал Тријанон“ претставува бисер на францускиот класицизам.

Габриел починал во Париз во 1782 г.

Поважни дела[уреди | уреди извор]

Палатата на берзата во Бордо
„Малиот Тријанон“ во Версај

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Gromort G., Jacques-Ange Gabriel, sa vie, son oeuvre, P. 1933.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]