Александар Ристовски - Принц: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
 
== Животопис ==
Првото појавување на Александар Ристовски, еден од најважните домашни текстописци на сите времиња, македонската публика го регистрирашебило во почетокот на деведесетите, кога во рамките на својата човек-група Принц Александар и со провокативниот изглед и песните ја шокирашешокирал јавноста. Од тој период му остана и прекарот - Принц, денес негов заштитен знак.
 
Следуваа групите Виктор, Викторија, Орлова вода, Д-р ФАНКенштајн... секоја поскандалозна и попровокативна од претходната, а длабоко инспириранаинспирирани од љубовта и изгледот на светската мегаѕвезда Принс, која нашиот Александар ја следеше од првите денови. Меѓутоа самите песни на Принц до 1997. година, откако неговата текстопишувачка кариера ја доживеадоживеала својата експанзија, во јавноста не предизвикаапредизвикале речиси никаков интерес. Како беа промовирани, така беа и заборавани. Меѓутоа, здружувајќи ги силите со талентираниот композитор [[Дарко Димитров]] во подготовка на материјали за други изведувачи и групи (пред се за [[Ребека Јанковска|Ребека]] и за [[Нокаут]]), и Принц и неговите песни обрнаа на себе повеќе внимание по што се стекнаа и со вистинска популарност. Уште кога за истите беа снимени и видеоспотови, портите на успехот на Принц му беа ширум отворени.
 
Меѓу најпознатите песни на Принц напишани за други (од тоа време) се издвојуваат: Обиди се и Сама за Ребека, ЕјБиСи, Бум, Дождот, Би се викал те сакам, Хај-Фај, Временска машина, Фатална опсесија... на Нокаут, Љубовта и Ако останеш на [[Искра Трпева]], Слепец на [[Маја Вукиќевиќ]], Минско поле, Во афект, Во боја и Блиц афера за ТНТ, Светлина за Дексо, Само за тебе, Милениум со тебе и За нас за [[Каролина Гочева]], Флерт за Скандал, Јави се за Бум, Ме исфрлаш од колосек и Точка, нов ред на Ексклузив... За себе, пак, Принц ги осмисли и ги напиша: Монструмот во мене, И, Скандал, Туше, Кич...
 
Од октомври 1999. година и неговата соло-кариера доживува вистински процут по што тој интензивно почна да го најавува својот деби-албум Вијагра, на кој, според првичната верзија требаа да се најдат 35 песни. Меѓутоа, дојде до промена на планот, па кон крајот на зимата и во почетокот на раната пролет 2002. година, без некоја претерана помпа, Принц го промовира своето првенче Супериорен, на кој се најдоа 15 стари и нови песни, меѓу кои и: Сања Лазања, Кажи ми, Седи, не ме знаеш, Гладијатор, Супериорен... Со ангажманите за своето првенче, во речиси двегодишниот период, Принц ги продолжи и ангажманите врзани за своето естетско видео-презентирање во јавноста. Одтаму е и забележителен успехот на спотовите за Сања Лазања, Фројд е жив (дует со радио и тв-водителката Марија Каева), Рифреш и Кажи ми, Седи, не ме знаеш...
Александар Ристовски - Принц, во многу нешто пионер на македонската музичка сцена, кон крајот на 1999. година ја објави книгата Забава до бесвест, каде се сместени голем број негови текстови наменети за домашни групи и исполнители. Оваа стихозбирка е првото македонско издание на естрадна поезија.
 
Кон крајот на 2002. година, по кусата врска со модната креаторка Розе Трајческа, Принц се ожени, го смени имиџот и се вклучи во тимот на М2 продукција, во пронаоѓање на нови македонски музички ѕвезди...
 
== Дискографија ==
Анонимен корисник

Прегледник