Витамин Е: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Форматна исправка, replaced: 2 год. → 2 г. |
|||
Ред 36: | Ред 36: | ||
[[en:Tocopherol]] |
[[en:Tocopherol]] |
||
[[it:Tocoferolo]] |
|||
[[pt:Tocoferol]] |
[[pt:Tocoferol]] |
||
[[ro:Tocoferol]] |
[[ro:Tocoferol]] |
Преработка од 02:29, 5 октомври 2020
Витаминот Е (токоферол) е откриен во 1922 г.[1] и е комплексно име за осум антиоксиданси: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол. Тој е растворилив во масти и почесто може да се најде во растителните продукти, отколку во продуктите од животинско потекло. Витаминот Е има важна улога во метаболизмот: се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.
Улога
Витаминот Е делува на следниов начин:
- ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали,
- ја штити кожата од негативните надворешни влијанија,
- го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце,
- го спречува настанувањето на темни флеки на кожата,
- го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период.
Дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се намалува и продукцијата на канцерогени клетки. Сепак, треба да се нагласи дека внесувањето на големи дози на витамин Е може да биде штетно, па затоа не треба да се земаат поголеми дози од препишаните.
Покрај оралната примена на витаминот Е, тој може да се применува и со директно нанесување на кожата, било како чист витамин Е или преку лосиони за сончање. Во случај кога се користи директно нанесување на витаминот Е на кожата, треба да се земе предвид и времето кое е потребно да витаминот навлезе во подлабокиот слој на кожата. Со други зборови, витаминот Е е потребно да се нанесе на кожата 10-20 минути пред изожување на сонце.
Извори на витамин Е
Витаминот Е е мошне распространет во природата, особено во растителниот свет. Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови, зеленчукот со зелени лисја (спанаќ), житариците, семките од сончоглед и тиква, како и во авокадото.
Никулците на житариците, растителните масла и маслодајните семиња се најдобри извори на витамин Е. Во месото се наоѓа само во незначителни количества. Вегетаријанскиот режим на исхрана, особено ако ги опфаќа интегралните житарици (витаминот Е се наоѓа во никулците), обезбедува големи дози на витамин Е.
Храната богата со витамин Е најдобро е да сеe јаде свежа, без да се готви. Готвената храна има 50-90% помалку витамин Е, отколку пресната. Храната богата со витамин Е треба да е добро затворена, затоа што витаминот Е е чувствителен на кислород.
Количина на токоферол на 100 грама продукти:
- Пченично масло - 200 мг.
- Сончогледово масло - 50 мг.
- Маслиново масло - 20 мг.
- Маргарин - 10 мг.
- Скуша - 2 мг.
- Пастрмка - 26 мг.