Мизија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поделба: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
Ред 37: Ред 37:
{{историја-никулец}}
{{историја-никулец}}


[[Категорија:Мизија| ]]
[[Категорија:Мезија| ]]

Преработка од 01:47, 4 октомври 2020

За градот Мизија во северна Бугарија, видете град Мизија.
Грбот на Мезија од „Стематографија“ на Христофор Жефаровиќ

Мезија[1] (латински: Moesia) била римска провинција и историски регион во jугоисточниот дел на Европа.

Положба

Името „Мезија“ доаѓа од тракиското племе Мези. На jуг, регионот граничи со планинската верига Хемус (Стара планина), на север со Дунав, на запад со реките Дрина и Сава, и на исток со Црно Море. Мезија ти опфаќа денешните Северна Бугарија, Источна Србија, романска Северна Добруџа и Скопската Котлина во Македонија.

Поделба

Мeзија била формирана како посебна заедница кон 6 година од н.е.[2] Во 85-86 година император Домицијан ја поделил Мизија на два дела - Горна и Долна. Граница меѓу двете новоформирани провинции била река Цибрица во денешната Монтанска област. Територијата на провинцијата Долна Мезија ја опфаќала денешна Северна Бугарија (без Видинската област и дел од Монтанската област) со денешна романска Добруџа. Територијата на Горна Мезија ја опфаќала на запад денешна Источна Србија и Косово, на југ денешна Северна Македонија, на исток денешните Перничка област и Ќустендилска област на Бугариja, а на север граница била река Дунав. Дарданија (вклучувајќи ја денешна Северна Македонија до Билазора) до крајот на III век била дел од Горна Мезија,[3] но кон крајот на III век, истата станала посебна римска покраина која граничела со покраината Дакија. Населението на Горна Мезија веројатно е било од западно тракиско потекло, бидејќи жителите на Скупи се говорели на јазикот на племето Беси.[4]

Западната граница на Античка Македонија започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија.[5] Северната граница на Античка Македонија, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес,[5] по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина.[5] Северната граница на Античка Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мезија,[5], меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култури: источна (хеленска) и западна (латинска).[5]

Кичевската котлина и Полог до неодамна погрешно се ставаа во провинцијата Горна Мизија,[5] спротивно од податокот на географот Птолемај дека овој дел влегувал во провинцијата Македонија. Плиниј истакнува дека Дасаретија се протегала на север од Епир сè до дивите барбари Дарданците.[6] Полошката и Кичевската котлина влегувале во македонската област Дасаретија.

Денес Мезиjа нема никаков политички или административен статус во Бугариjа и Србија. Називот се употребува воглавно во историски контексти.

Наводи

  1. Транскрипција на латинскиот јазик - диграфи oe и ae, стр. 73, Правопис на македонскиот јазик, Просветно дело, Скопје 2007
  2. A short history of the Roman Empire to the death of Marcus Aurelius, J. Wells, R. Barrow, Taylor & Francis, p. 49.
  3. The Provincial at Rome: And, Rome and the Balkans 80 BC-AD 14, Liverpool University Press, Sir Ronald Syme, Anthony R. Birley, University of Exeter Press, 1999, ISBN 0859896323, p. 131.
  4. Pannonia and Upper Moesia: a history of the Middle Danube Provinces of the Roman Empire, András Mocsy, Routledge, 1974, ISBN 0710077149, p. 364, it. 41.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Историја ан Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004
  6. Plin. IV, 3.

Галерија

Забелешки

  • а Ова е карта што датира од поодамна, на која местоположбата на Скопје (Scupi) е погрешна. Исто така, границите на Горна Мезија не се прецизни (не соодветствуваат со описот во статијата).

Надворешни врски

Предлошка:Покраини во Римското Царство (4-7 век)