Нада Цветковиќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за личност|име=|познат=<!-- овде треба да стои по што е позната личноста -->...
(нема разлика)

Преработка од 18:41, 30 септември 2020

'

Нада Цветковиќ (07 септември 1934, во Нови Сланкамен, СР Југославија —) — македонска докторка .[1]

Биографија

Средно образование, гимназија, завршила во Суботица. На Стоматолошкиот факултет во Белград дипломирала во 1960 год.Со звањето специјалист по болести на устата и забите се здобила во 1973 год., а со звањето примариус во 1979 год. Со одбраната на докторската теза под наслов “Функционална процена на забната пулпакај некои патолошки состојби согледана преку ензимската активност на нејзините ензими”, на Стоматолошкиот факултет во Белград, во 1981 год., се здобила со научниот степен доктор на стоматолошки науки од областа дентална патологија и терапија. Првото работно искуство на проф. Цветковиќ се следи во Градската поликлиника во Суботица и во Здравствениот дом “Кисела вода” во Скопје (1960-1963). Во 1963 год. се вработила на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во Скопје и истата година била избрана за асистент на предметот дентална патологија и терапија. Потоа, во 1967, 1972, 1975 и 1980 год. била преизбирана во истото звање. Во звањето доцент на Катедрата за дентална патологија и терапија била избрана во 1982 год. а за редовен професор, во 1988 год. Проф. д-р Нада Цветковиќ се пензионирала во 1990 год. во звањето редовен професор. Научната активност на професор д-р Нада Цветковиќ била усмерена кон биохемиско испитување на нивото на ензимите кај разни патолошки состојби на пулпата, со што, индиректно, се проценува метаболната активност на пулпата и нејзината потенцијална заштитна функција. Резултатите од нејзините испитувања се цитирани во учебникот “Ендодонција” од Филиповиќ и сор., во издание на “Дечје новине” од Белград (1989). Според податоците со кои располагавме, публицистичкиот опус на проф. Цветковиќ опфаќа 50 статии од кои 49 се објавени во домашни публикации и една во странска. Проф. Цветковиќ била раководител на Отсекот за ендодонција на Клиниката за дентална патологија и терапија при ООЗТ Стоматолошки клиники. Била член на стручното гласило на стоматолозите од Македонија “Македонски стоматолошки преглед” од неговото основање во 1977 до 1980 год. За жал, не располагавме со податоци за наградите и признанијата на проф. Цветковиќ.

Наводи

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бучим“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 231. Text "series " ignored (help)

http://stomfak.ukim.edu.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%84-%D0%B4-%D1%80-%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0/