Морален ризик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 1960тите → 1960-тите using AWB
с →‎Економска теорија: Правописна исправка, replaced: неможе → не може
Ред 3: Ред 3:
Се смета дека за првпат терминот морален ризик бил употребен во [[осигурување]]то уште во [[19 век]]. Сепак бил споменуван и еден век порано во истражувањата за [[Теорија на одлучување|теоријата на одлучување]] но во друга смисла. Во [[1960-ти]]те повторно се појавува како тема на истражување кај економистите преку кои се прикажуваат неефикасностите поради изместување на ризиците. Во 1996 [[Нобелова награда за економија|Нобеловата награда за Економија]] ја добиваат [[Џејмс Мирлес]] и [[Вилијам Викри]] за нивните истражувања во асиметричните информации меѓу кои е и моралниот ризик.<ref>http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/economic-sciences/laureates/1996/press.html</ref>
Се смета дека за првпат терминот морален ризик бил употребен во [[осигурување]]то уште во [[19 век]]. Сепак бил споменуван и еден век порано во истражувањата за [[Теорија на одлучување|теоријата на одлучување]] но во друга смисла. Во [[1960-ти]]те повторно се појавува како тема на истражување кај економистите преку кои се прикажуваат неефикасностите поради изместување на ризиците. Во 1996 [[Нобелова награда за економија|Нобеловата награда за Економија]] ја добиваат [[Џејмс Мирлес]] и [[Вилијам Викри]] за нивните истражувања во асиметричните информации меѓу кои е и моралниот ризик.<ref>http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/economic-sciences/laureates/1996/press.html</ref>
== Економска теорија ==
== Економска теорија ==
Теоретската анализа за моралниот ризик ја постави Вилијам Викри<ref>http://darp.lse.ac.uk/papersDB/Vickrey_(Ecmet_45).pdf</ref>, а ја реши Џејмс Мирлес. Проблем во осигурувањето е дека штетата од осигурените објекти не зависи само од надворешни фактори како што се [[време]]то и обидот за [[кражба]], туку и од грижата на купувачот на [[осигурителна полиса|полисата]]. Грижата неможе да биде набљудувана и поради тоа крајниот резултат зависи од сопствените акции на агентот кој ја држи полисата. Конечниот исход е [[економска ефикасност|неефикасност во економијата]]. Мирлес истакна дека акциите на агентот индиректно имплицираат на избор од веројатности за различни резултати<ref>http://restud.oxfordjournals.org/content/66/1/3.short</ref>. Условите за оптималност на тој начин ни обезбедуваат информации за изборот на агентот и степенот до кој треба да обезбеди осигурителна заштита. Во дизајнирањето на полисата осигурителот треба да ги земе во предвид трошоците преку кои ќе го стимулира агентот да се однесува дисциплинирано. Колку е поголема осетливоста на агентот за казна и колку се подостапни информациите за изборот на агентот, толку се помали трошоците. Решението на проблемот предлага агентот да превземе дел од штетата доколку настане, а осигурителот да се грижи за осигурениот објект исто како да не е осигурен.
Теоретската анализа за моралниот ризик ја постави Вилијам Викри<ref>http://darp.lse.ac.uk/papersDB/Vickrey_(Ecmet_45).pdf</ref>, а ја реши Џејмс Мирлес. Проблем во осигурувањето е дека штетата од осигурените објекти не зависи само од надворешни фактори како што се [[време]]то и обидот за [[кражба]], туку и од грижата на купувачот на [[осигурителна полиса|полисата]]. Грижата не може да биде набљудувана и поради тоа крајниот резултат зависи од сопствените акции на агентот кој ја држи полисата. Конечниот исход е [[економска ефикасност|неефикасност во економијата]]. Мирлес истакна дека акциите на агентот индиректно имплицираат на избор од веројатности за различни резултати<ref>http://restud.oxfordjournals.org/content/66/1/3.short</ref>. Условите за оптималност на тој начин ни обезбедуваат информации за изборот на агентот и степенот до кој треба да обезбеди осигурителна заштита. Во дизајнирањето на полисата осигурителот треба да ги земе во предвид трошоците преку кои ќе го стимулира агентот да се однесува дисциплинирано. Колку е поголема осетливоста на агентот за казна и колку се подостапни информациите за изборот на агентот, толку се помали трошоците. Решението на проблемот предлага агентот да превземе дел од штетата доколку настане, а осигурителот да се грижи за осигурениот објект исто како да не е осигурен.
== Моралниот хазард во финансиите ==
== Моралниот хазард во финансиите ==
{{главна|Погрешен избор и морален хазард во осигурувањето}}
{{главна|Погрешен избор и морален хазард во осигурувањето}}

Преработка од 00:17, 20 септември 2020

Моралниот ризик во економијата е претставен како ситуација во која еден агент превзема ризични активности за кои е заштитен од ризикот бидејќи некое друго лице ќе ја сноси штетата. Се појавува поради постоење на асиметрија на информации помеѓу агентите. Имено поединецот или групата што превзема ризици знае повеќе за сопствените намери од тие што ги поднесуваат последиците.

Се смета дека за првпат терминот морален ризик бил употребен во осигурувањето уште во 19 век. Сепак бил споменуван и еден век порано во истражувањата за теоријата на одлучување но во друга смисла. Во 1960-тите повторно се појавува како тема на истражување кај економистите преку кои се прикажуваат неефикасностите поради изместување на ризиците. Во 1996 Нобеловата награда за Економија ја добиваат Џејмс Мирлес и Вилијам Викри за нивните истражувања во асиметричните информации меѓу кои е и моралниот ризик.[1]

Економска теорија

Теоретската анализа за моралниот ризик ја постави Вилијам Викри[2], а ја реши Џејмс Мирлес. Проблем во осигурувањето е дека штетата од осигурените објекти не зависи само од надворешни фактори како што се времето и обидот за кражба, туку и од грижата на купувачот на полисата. Грижата не може да биде набљудувана и поради тоа крајниот резултат зависи од сопствените акции на агентот кој ја држи полисата. Конечниот исход е неефикасност во економијата. Мирлес истакна дека акциите на агентот индиректно имплицираат на избор од веројатности за различни резултати[3]. Условите за оптималност на тој начин ни обезбедуваат информации за изборот на агентот и степенот до кој треба да обезбеди осигурителна заштита. Во дизајнирањето на полисата осигурителот треба да ги земе во предвид трошоците преку кои ќе го стимулира агентот да се однесува дисциплинирано. Колку е поголема осетливоста на агентот за казна и колку се подостапни информациите за изборот на агентот, толку се помали трошоците. Решението на проблемот предлага агентот да превземе дел од штетата доколку настане, а осигурителот да се грижи за осигурениот објект исто како да не е осигурен.

Моралниот хазард во финансиите

Пример за морален хазард во финансиите се активностите од американската осигурителна компанија AIG пред почетокот на финансиската криза од доцните 2000-ти[4]. Луѓето кои инвестираа во неа мислеа дека парите им се сигурни бидејќи AIG имаше највисок кредитен рејтинг даден од сите кредитни агенции. Меѓутоа компанијата продаваше кредитни свопови и хартии од вредност обезбедени со хипотека. Трговците кои ги продаваа не поднесуваа никаков ризик, туку целиот паѓаше на товар на AIG, кој пак не се грижеше бидејќи се сметаше дека е преголем за да пропадне. Тоа значеше дека доколку компанијата не е во состојба да ги исплати плаќањата државата ќе ги спаси. На крајот тоа и се случи кредитниот рејтинг на AIG падна и државата мораше да ги спаси, а акционерите останаа без своето сопствеништво.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

TED објаснување за морален ризик (англиски)