Економски факултет - Скопје: Разлика помеѓу преработките

Координати: 42°00′N 21°26′E / 42.00° СГШ; 21.44° ИГД / 42.00; 21.44
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Elkost (разговор | придонеси)
с →‎Студиски програми: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
Ред 61: Ред 61:
== Студиски програми ==
== Студиски програми ==


Економскиот факултет - Скопје нуди студиски програми за додипломски, постдипломски и докторски студии, односно прв, втор и трет циклус на студии. Програмите за работа се менувани неколку пати при постоењето на факултетот, а изменувани се и самите насоки.
Економскиот факултет - Скопје нуди студиски програми за додипломски, постдипломски и докторски студии, односно прв, втор и трет циклус на студии. Програмите за работа се менувани неколкупати при постоењето на факултетот, а изменувани се и самите насоки.


На првиот циклус на студии се нудат студии на седум различни департмани:
На првиот циклус на студии се нудат студии на седум различни департмани:

Преработка од 07:13, 17 септември 2020

Економски факултет
Економски факултет - Скопје
Поглед на зградата на Економскиот факултет, дел од општествениот кампус на Универзитетот
ГеслоТрадиција, Знаење, Иднина
Видјавен
Основан14 ноември 1950 година
Матична установа
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ДеканЉубомир Дракулевски
МестоСкопје, Македонија
42°00′N 21°26′E / 42.00° СГШ; 21.44° ИГД / 42.00; 21.44
Јазикмакедонски
ПрипадностASECU, WCO, CEEUN, INCU, EDUNIVERSAL
www.eccf.ukim.edu.mk

Економски факултет - Скопје или само Економски факултет — факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, и една од првите високообразовни институции во Македонија. Бил основан на 14 ноември 1950 година, како петти факултет во рамките на Скопскиот универзитет.

Историја

Економскиот факултет во Скопје е најстариот факултет од областа на економијата во Македонија. Тој бил основан на 14 ноември 1950 година со Одлука на Владата на Македонија. Економскиот факултет е основан како петти факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека во поранешна Југославија бил меѓу првите три економски факултети. Во 1951 година, Факултетот бил преименуван во Правно-економски факултет со два отсека – Правен и Економски, а од 1956 година Економскиот факултет повторно работел како самостојна институција.

Студиски програми

Економскиот факултет - Скопје нуди студиски програми за додипломски, постдипломски и докторски студии, односно прв, втор и трет циклус на студии. Програмите за работа се менувани неколкупати при постоењето на факултетот, а изменувани се и самите насоки.

На првиот циклус на студии се нудат студии на седум различни департмани:

  • маркетинг
  • финансиски менаџмент
  • сметководство и ревизија
  • надворешна трговија
  • менаџмент
  • економија
  • е-бизнис

На вториот циклус на студии се нудат студии на повеќе различни насоки. Воедно на вториот циклус студии постојат едногодишни и двегодишни студии.

Едногодишни студии се следниве насоки:

  • сметководство и ревизија
  • МБА - менаџмент
  • монетарна економија, финансии и банкарство
  • економски развој и меѓународни финансии
  • маркетинг
  • европски студии
  • управување со јавниот сектор
  • статистички методи за бизнис и економија
  • е-бизнис менаџмент
  • менаџмент во осигурувањето
  • стратегиски менаџмент на човечки ресурси

Двегодишни студии се следниве насоки:

  • маркетинг
  • монетарна економија, финансии и банкарство
  • сметководство и ревизија
  • е-бизнис менаџмент
  • статистички методи за бизнис и економија
  • стратегиски менаџмент на човечки ресурси

Одбележување

По повод 50-годишнината од постоењето на факултетот, Народната банка на Македонија издала пригодни ковани пари, односно 2 златни денари. Одлуката за ова ја донела Владата на Македонија на 9 мај 2000 година.[1]

Народната банка издала 2 златни денари во 1.000 примероци со тежина од 7 грами. На аверс страната се наоѓало петоаголно лого на Економскиот факултет 1950-2000, додека на реверс страната се наоѓала гравура на зградата на Основното училиште „Гоце Делчев“, каде во 1950 година биле одржани првите часови. Парите биле изработени од ковницата „Голдмак“ од Радовиш, а нивен автор била Билјана Унковска.[2]

Наводи

  1. „Одлука за изработување на пригодни ковани пари по повод 50 години од основањето на Економскиот факултет - Скопје“ (PDF). Влада на Македонија. Службен весник на Република Македонија. 18 мај 2000. Посетено на 2 септември 2014.
  2. „50 години од основањето на Економскиот факултет во Скопје, 1950 - 2000“. Народна банка на Македонија. Народна банка на Република Македонија. Посетено на 2 септември 2014.

Надворешни врски