Планетите во астрологијата: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+Јупитер
с
Ред 67: Ред 67:
[[Image:IngresJupiterAndThetis.jpg|left|thumb|190px|''Јупитер и Тетис'' (1811), Жан Август Доминик Ингрес]]
[[Image:IngresJupiterAndThetis.jpg|left|thumb|190px|''Јупитер и Тетис'' (1811), Жан Август Доминик Ингрес]]
===Астрономски податоци===
===Астрономски податоци===
Ова е најголемата планета во [[Сончевиот систем]], со дијаметар од 88.000 милји, или околу 11 пати е поголема од [[Земја]]та. [[Орбита|Орбитира]] околу [[Сонце]]то на средно растојание од 483 милиони милји, а му требаат 11,86 години да комплетира еден круг околу Сонцето. Гледан преку [[телескоп]], на [[Јупитер]] се гледаат темните појаси. Не е налик на ниедна друга планета од Сончевиот систем, затоа што во најголем дел е составен од гас - [[хидроген]].
Ова е најголемата планета во [[Сончев систем|Сончевиот систем]], со дијаметар од 88.000 милји, или околу 11 пати е поголема од [[Земја]]та. [[Орбита|Орбитира]] околу [[Сонце]]то на средно растојание од 483 милиони милји, а му требаат 11,86 години да комплетира еден круг околу Сонцето. Гледан преку [[телескоп]], на [[Јупитер]] се гледаат темните појаси. Не е налик на ниедна друга планета од Сончевиот систем, затоа што во најголем дел е составен од гас - [[хидроген]].


Јупитер има барем 30 [[сателит]]и, а 4 од нив се видливи со било кој мал телескоп. Овие четири месечини ги открил [[Галилеј]] во [[1610]] година.
Јупитер има барем 30 [[сателит]]и, а 4 од нив се видливи со било кој мал телескоп. Овие четири месечини ги открил [[Галилео Галилеј|Галилеј]] во [[1610]] година.


Со период [[ротација]] од 10 часа, Јупитер има најбза ротација од сите планети во Сончевиот систем. Оваа брза ротација прави Јупитер да е незначително рамен на половите.
Со период [[ротација]] од 10 часа, Јупитер има најбза ротација од сите планети во Сончевиот систем. Оваа брза ротација прави Јупитер да е незначително рамен на половите.

Преработка од 19:55, 28 ноември 2008

Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Значењето и употребата на планетите во астрологијата е различно од она во астрономијата. Пред сè, астрологијата го користи геоцентричниот систем, односно претпоставува дека Земјата е центарот околу кој се вртат останатите планети. Зборот „планета“ значи „скитник“, а кругот по кој се цртаат планетите во наталната карта ја симболизира вечноста.

Сонцето има семејство од девет планети кои орбитираат околу него, а тоа се: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон, чија што оддалеченост од Сонцето е по тој редослед. Нивните орбити лежат приближно на иста рамнина. Поставеноста на планетите и нивните заемни врски ја претставуваат основата на астрологијата.

До скоро (1781 година), Сатурн беше крајот на Сончевиот систем. Но тогаш астрономите го открија Уран, Нептун го открија во 1846 година, а Плутон во 1930 година. Поради тоа што овие последни три планети не се видливи за голо око, во астрологијата се нарекуваат „надворешни планети“.

Меркур

Меркур скулптура од 17 век, на Артус Квелинус.

.

Астрономски податоци

Ова е најблиската планета до Сонцето. Периодот на орбитирање му е 88 дена. Меркур се движи по високо ексцентрична орбита. Тешко е да се види со голо око, а од Британските Острови е видлив само на самрак, кога е блиску до хоризонтот. Меркур е многу мала планета, со дијаметар од околу 3000 милји. Нема атмосфера, а поради близината до Сонцето, неговата температура е околу 400°С.

Митолошки и астролошки податоци

Меркур е крилатиот гласник на боговите. Носи сандали со крилја, а на боговите им носи информации. Неговата функција е да ја крене свеста на повисоко ниво. Дава разбирање, и ако ни фали силата на Меркур, не сме способни да разменуваме идеи.

Традиционално, Меркур бил „бог момче“, а неговата сила е појака во раната младост, во периодот кога учиме. Силата на мислата е голема, и кога нешто е искажано со зборови си има свој сопствен живот, или кажано симболично „пенкалото е помоќно од мечот“.

Меркур го претставува нагонот за комуникација (сигнали, говор, пишување, патување). Позицијата на Меркур во наталната карта го покажува начинот на кој мислиме и начинот на кој го искажуваме она што го мислиме, потоа начинот на кој учиме, желбата за комуникација со други и начинот на кој го правиме тоа. Се поврзува со децата и младите луѓе, со нервоза, брзање, немир, интелектуалност.

Физички, се поврзува со тироидната жлезда и нервниот систем, кој пренесува информации до мозокот.

Негов метал е живата.

Неговиот астролошки симбол е .

Владее со знаците Близнаци и Девица.

Венера

Венера во Националниот археолошки музеј во Атина.

Астрономски податоци

Венера се наоѓа на оддалеченост од 67 милиони милји од Сонцето. Периодот на орбитирање на Венера е 225 дена. Една е од најсветлите ѕвезди на хоризонтот при разденување и при самрак, позната како „Утринска ѕвезда“ и ѕвезда „Вечерница“. Личи на брилијантно бел објект на небото.

Митолошки и астролошки податоци

Венера е божица на љубовта и убавината, мајка на Ерос. Венера е женски принцип, таа е вечната Ева кој привлекува со својот шарм и убавина. Дава благородност на сите манифестации на убавината во природата, уметноста и кај луѓето. Без влијанието на Венера, животот нема да биде поднослив, а ние би се претвориле во осамени суштества без желба за љубов.

Позицијата на Венера во наталната карта покажува на кој начин ги покажуваме чувствата кон другите, и ја покажува желбата за формирање партнерство. Го покажува типот на личноста што нè привлекува. Исто така може да е во врска со мајката.

Физички Венера раководи со паратироидната жлезда.

Нејзин метал е бакарот.

Владее со знаците Бик и Вага.

Астролошки симбол - .

Марс

Статуа на богот Марс

Астрономски податоци

Марс има само околу половина од дијаметарот на Земјата, а му требаат 687 дена или приближно две години за да заврти еден круг околу Сонцето. Се наоѓа на растојание од 142 милиони милји. Неговата орбита е многу ексцентрична, како и онаа на Меркур. Оската на Марс е искосена под агол од 25° спрема нормалната рамнина, и затоа на оваа планета има годишни времиња како на Земјата. Периодот на ротација (едно деноноќие) му е 24 часа и 37 минути. Поради минералниот состав изгледа црвенкасто.

Планетата Марс.

Марс има два сателита или месечини, наречени Демос и Фобос (во превод: Терор и Страв). Демос орбитира околу Марс еднаш на 30 часа, а Фобос за само седум и пол часа. Вториов сателит е интересен феномен за набљудувач од Марс, бидејќи изгрева од запад, а заоѓа на исток - три пати на ден.

Митолошки и астролошки податоци

Марс е богот на војната. Древните народи го поврзувале со војните, огнот и деструкцијата. Марс е машкиот принцип, кој обезбедува волја за опстанок и поттик за акција, без кои не можеме ништо да постигнеме.

Позицијата на Марс во наталната карта покажува како раководиме со енергијата, на кој начин можеме да бидеме агресивни, и колку лесно се разбеснуваме. Го покажува натпреварувачкиот дух, доколку го имаме, а во лоши позиции носи деструктивност.

Физички Марс управува со адреналната жлезда, која го снабдува телото со дополнителна енергија во моменти на опасност.

Негов метал е железото.

Владее со знакот Овен.

Негов астролошки симбол е .

Јупитер

Јупитер и Тетис (1811), Жан Август Доминик Ингрес

Астрономски податоци

Ова е најголемата планета во Сончевиот систем, со дијаметар од 88.000 милји, или околу 11 пати е поголема од Земјата. Орбитира околу Сонцето на средно растојание од 483 милиони милји, а му требаат 11,86 години да комплетира еден круг околу Сонцето. Гледан преку телескоп, на Јупитер се гледаат темните појаси. Не е налик на ниедна друга планета од Сончевиот систем, затоа што во најголем дел е составен од гас - хидроген.

Јупитер има барем 30 сателити, а 4 од нив се видливи со било кој мал телескоп. Овие четири месечини ги открил Галилеј во 1610 година.

Со период ротација од 10 часа, Јупитер има најбза ротација од сите планети во Сончевиот систем. Оваа брза ротација прави Јупитер да е незначително рамен на половите.

Митолошки и астролошки податоци

Јупитер е господар на небото и на светот. На богот Јупитер му е дадена моќта врз сите богови и луѓе. Древните луѓе му се молеле на Јупитер во време на војна, во време на чуми, или за дожд во време на суша. Традиципнално е дарител на добрата среќа, и е поврзан со мудроста на свештениците. Функцијата на Јупитер е да зголемува, да создава плодност, да размножува, да дава оптимизам и заштита.

Позицијата на Јупитер во наталната карта ја покажува вербата, довербата и надежта. Ги покажува областите во кои можеме да напредуваме и луѓето од кои можеме да очекуваме помош.

Јупитер зголемува сè што допира, но кога е пренагласен може да донесе и желба „да се биде Господ“.

Физички Јупитер управува со хипофизата, што е во врска со растењето.

Негов метал е калајот.

Јупитер владеесо знакот Стрелец.

Астролошкиот симбол на Јупитер е .

Сатурн

Астрономски податоци

Сатурн е џиновска планета која орбитира околу Сонцето на далечина од 886 милиони милји, во период од 29 ½ години. Не е многу помал од Јупитер, со среден дијаметар од 75.000 милји.

Најчудната карактеристика на Сатурн се неговите прстени (има 4 прстени), кои што се составени од милиони делови што се вртат во рамнината на екваторот на планетата. Сатурн ротира еднаш во 10 часа и 14 минути, а оваа брза ротација предизвикува сплескување на половите. Многу е сличен на Јупитер.

Кога Галилео Галилеј го видел првпат преку телескоп во 1610 година, не можел да ги види убаво прстените. Прстените прв ги видел холанџанецот Хјугенс во 1655 година, којшто ги опишал како „сплескани прстени, кои никаде не ја допираат планетата“.

Сатурн има 11 сателити, кои се наоѓаат после системот на прстените. Најголемиот од овие сателити е наречен Титан, и е најголемата месечина во Сончевиот систем.

Митолошки и астролошки податоци

Уран

Астрономски податоци

Сè до 1781 година, Сатурн бил најдалечната позната планета. Таа година, Хершел направил преглед на небото, кога на 13 март забележал мал сјаен објект кој не е виден претходно. Идните астрономи ја пресметале орбитата на Уран.

Уран има период на револуција околу Сонцето од 84 години, а средното растојание од Сонцето изнесува 1783 милиони милји. Дијаметарот му е измерен на 29.000 милји (односно 4 пати помал од Земјата). Интересна карактеристика на оваа планета е екстремно високата оска на инклинација, односно 98° од нормалата на орбитата. Ротира релативно брзо, 10¾ часа, и ова предизвикува зголемено сплескување на половите. Температурата во неговата атмосфера е околу минус 190°С.

Има пет сателити, а два од нив ги пронашол Хершел во 1787 година. Без оптичка помош Уран е невидлив.

Митолошки и астролошки податоци

Нептун

Астрономски податоци

Откако бил пронајден Уран, станало јасно дека не се движи по предвидената патека, бидејќи некоја друга планета ја ремети неговата гравитација. Масата и позицијата на ова непозната планета била предвидена од Адамс во Англија и Левериер во Франција, а пресметките на Левериер биле испратени во Берлинската опсерваторија во септември 1846 година, каде што на 23 септември астрономите Д`Арест и Гал ја нашле новата планета, за помалку од еден степен од предвидената позиција.

Нептун орбитира околу Сонцето на средна далечина од 2793 милиони милји, еднаш во период од 165 години. Во време на неговото откривање Нептун се наоѓал во соѕвездието Јарец, и нема да се врати таму сè до 2011 година. Скорешните мерења велат дека дијаметарот на Нептун е 31.000 милји, а температурата во атмосферата е околу минус 220°С.

Нептун има два сателита, Тритон и Нереид. Тритон е една од поголемите месечини во Сончевиот систем, а го открил Ласел во 1846 година, неколку недели по откривањето на Нептун. Нереид е многу помала месечина, а ја открил Куипер во 1949 година.

Митолошки и астролошки податоци

Плутон

Астрономски податоци

После откритието на Нептун, астрономите предвидуваа откривање на деветта планета, поради отстапувањето на Нептун од својата орбита. Астрономот Ловел (кој ги видел каналите на Марс), извршил пресметки за масата и позицијата на новата планета, но Плутон е откриен дури во 1930 година, 14 години после смртта на Ловел.

Неговата средна далечина од Сонцето е 3.660 милиони милји, а периодот на револуција е 248 години. Поради неговата ексцентрична орбита, Плутон влегува во орбитата на Нептун, но нема шанси да се судри со него. Периодот на ротација е пресметан на 6 дена и 9 часа, што е заклучено од набљудувања на светлината на планетата. Не е веројатно дека има било каква атмосфера, а температурата на површината на планетата е пресметана на околу минус 230°С. Големината на Плутон не е пресметана со сигурност, а проценките варираат од 2000 до 6000 милји за дијаметарот. Масата на Плутон е 1/10 од масата на Земјата, но ни ова не е сигурно.

Според една теорија, можно е да постои десетта планета зад Плутон, а во 1978 година пронајдена е уште една планета голема речиси колку и Плутон, така што Плутон се смета за дупла планета.

Митолошки и астролошки податоци