Изгревно Езеро: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија ледничко езеро
{{Инфокутија ледничко езеро
|име=Изгревно (Корапско) Езеро
|име=Изгревно (Корапско) Езеро
|слика=[[Податотека:File:Изгревно Езеро на Кораб.jpg|250px]]
|слика=[[Податотека:Изгревно Езеро на Кораб.jpg|250px]]
|координати=
|координати=
|површина=
|површина=

Преработка од 10:47, 25 август 2020

Изгревно (Корапско) Езеро
Длабочина 1,5 м м
Надморска висина 2.318 м
Планина Кораб


Изгревно Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб, во Македонија. Поточно, тоа се наоѓа на источната македонска страна непосредно до главниот планински срт на протегање, сместено во цирк помеѓу врвот Боази на север и високопланинскиот превој Цигански Премин на југ, веднаш западно и непосредно над големиот цирк Ујт Калар, на јужното подножје под врвот Боази на надморска височина од 2318 метри[1]

Оцртување на сонцето на езерската површина при изгрејсонце

Обликот на езерото е издолжен, овален и заоблен со послабо наликување на крушовиден или јајцевиден изглед, со најголема должина на протегање во правец северозапад-југоисток и најголема широчина на протегање во правец југозапад-североисток, при што западниот езерски брег е речиси права линија, додека источниот брег е прилично заоблен, како и северниот и јужниот брег кои се со помала заобленост[2]. Езерото има постојан водостој и неговата длабочина изнесува околу 1,5 метри[3]. Водостојот е постојан и непроменлив преку целото лето и во најтоплите денови, а во зима тоа замрзнува и е затрупано со снег[1]. Дното на езерото е земјено (тињесто) и делумно каменесто, поради што езерската вода се одликува со голема бистрина, а поради тревнатите брегови и околина, погледнато од подалеку езерската површина има темно зелена (смарагнда) боја. Езерото нема истека, а со вода се храни од врнежите и топење на снежниците[1]. Се одликува со особена убавина и кое поради својата источна поставеност од сртот особено блеснува со оцртување на сонцето во езерските води при изгрејсонце, поради што може да се нарече Изгревно Езеро[1]. Поради својата местоположба близу до превојот Цигански Проход, езерото многу поретко би можело да биде познато и како Циганско Езеро. Езерото се одликува со исклучително многу убава глетка како и целиот крајолик во непосредната околина и пространство исполнето со величествени остри врвови на Кораб (но и глетка на гребенот на Бистра во далечината), кои го опкружуваат Изгревно Езеро од север, запад и југ, при што циркот во кој се наоѓа има отвореност само кон исток и југо исток, давајќи му изглед на езерото и непосредната околина како на бисер во школка[1]. Иако е тоа постојано природно езеро, поради многу тешката пристапност на пределот и големата одалеченост, тоа не е обележано на ниту една од географските и топографски карти и е речиси целосно непознато и непроучено од науката, а исто така е и многу ретко посетувано од посетители - овчари и планинари.

Надворешни видеоснимки
Изгревно Езеро на Кораб
Аматерската и панорамска снимка „Изгревно Езеро на Кораб“ од 2019 година од серијалот „Уживај во Македонија

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Шаревски, Марио (2020). „Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели“. Записи за Кораб: 33–35. ISBN 978-608-66336-1-5.
  2. Sharevski, Mario (2019). „GENERAL GEOGRAPHICAL OVERVIEW OF THE KORAB MOUNTAIN AND ITS (UN)EX-PLORED PEAKS, LAKES AND LANDSCAPES“ (PDF). Географски разгледи / Geographical Reviews. 52: 91–106. doi:https://doi.org/10.37658/GR19520091sh Проверете ја вредноста |doi= (help).
  3. Посетено и нуркано во езерото од Марио Шаревски на 27.07.2019 и 03.07.2020