Готлоб Ернст Шулце: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Философија +Филозофија) |
#WPWPMK #WPWP |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:Gottlob Ernst Schulze.jpg|мини|Можен портрет на Готлоб Ернст Шулце]] |
|||
'''Готлоб Ернст Шулце''' ([[герм.]] ''Gottlob Ernst Schulze'', [[23 август]] [[1761]] — [[14 јануари]] [[1833]]) е [[германци|германски]] филозоф, претставник на [[скептицизам|скептицизмот]]. Роден е во месноста [[Хелдрунген]] (денес во [[Тирингија]]). Професорувал во [[Витенберг]], [[Хелмштет]] и [[Гетинген]].<ref>''Encyclopedia of Philosophy'', том 7, New York: Macmillan, 1972</ref> Неговото највлијателно дело е „[[Енесидем (книга)|Енесидем]]“ (''Aenesidemus''), каде авторот преку [[скептицизам|скептична]] полемика се обидува да ги побие исказите во „[[Критика на чистиот разум]]“ од [[Имануел Кант]] и „Филозофија на елементите“ од [[Карл Леонхард Рајнхолд]]. |

Преработка од 21:47, 23 август 2020
Готлоб Ернст Шулце (герм. Gottlob Ernst Schulze, 23 август 1761 — 14 јануари 1833) е германски филозоф, претставник на скептицизмот. Роден е во месноста Хелдрунген (денес во Тирингија). Професорувал во Витенберг, Хелмштет и Гетинген.[1] Неговото највлијателно дело е „Енесидем“ (Aenesidemus), каде авторот преку скептична полемика се обидува да ги побие исказите во „Критика на чистиот разум“ од Имануел Кант и „Филозофија на елементите“ од Карл Леонхард Рајнхолд.
Во Гетинген, Шулце станал ментор на идниот филозоф Артур Шопенхауер кого го посоветувал да се задржи на изучувањето на Платон и Кант. Овој совет имал големо влијание во филозофијата на Шопенхауер. Во зимскиот семестар 1810/1811, Шопенхауер кај Шулце изучувал и психологија и метафизика.[2]
Шулце починал во Гетинген.
Мисли
- „Умствените растројства се појавуваат во услови на удобствија — затоа нема да ги најдете кај дивите племиња.“
- „Еден особен вид на споредба се нарекува остроумност … Она што произлегува од неа се идеи за скриените, но сепак површни сличности во нештата.“
- „Вистината е кривa линија, а филозофијата е бројот на тангентите што ѝ се доближуваат до бесконечност без да ја допрат, — асимптотите.“
- „Утврдувањето дали едно расудување е аналитичко или синтетичко зависи и од тоа што сè опфаќа нашето поимување за „субјект“. Така, она што за некого е аналитичко, за друг ќе биде синтетичко.“
- „Кој ја осознал природата сама по себе?“
Наводи
- ↑ Encyclopedia of Philosophy, том 7, New York: Macmillan, 1972
- ↑ Schopenhauer, Manuscript Remains, Vol. 2, Berg, 1988, ISBN 0-85496-539-4
|