Клиф Бартон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Официјален веб-сајт → Официјално мрежно место
#WPWPMK #WPWP
Ред 18: Ред 18:
| website = [http://www.metallica.com Официјално мрежно место на Металика]
| website = [http://www.metallica.com Официјално мрежно место на Металика]
}}
}}
[[Податотека:Cliff Burton.jpg|мини|Клиф Бартон]]
'''Клифорд Ли Бартон''' ([[англиски]]: ''Clifford Lee Burton'') ({{роден на|10|февруари|1962}}, [[САД]] - {{починал на|26|септември|1986}}, {{починал во|Шведска}}) — [[САД|американски]] [[музичар]], а воедно и [[бас гитара|басист]] на [[хеви метал]] бендот [[Металика]]. На групата им се придружил во 1982 година и дал свој придонес во првите три албуми на Металика, кои се сметаат за класици на [[треш метал]] музиката. Бартон беше познат по неговите виртуозни настапи во живо и по тоа што ја внесуваше неопходната ритмика и мелодија во нивните песни. Починал на [[27 септември]] 1986 год, во [[сообраќај]]на несреќа за време на турнејата низ [[Шведска]]. Постхумно му беше доделено место во ''Рокенрол куќата на славните'' како дел од [[Металика]] на [[4 април]], 2009 година.
'''Клифорд Ли Бартон''' ([[англиски]]: ''Clifford Lee Burton'') ({{роден на|10|февруари|1962}}, [[САД]] - {{починал на|26|септември|1986}}, {{починал во|Шведска}}) — [[САД|американски]] [[музичар]], а воедно и [[бас гитара|басист]] на [[хеви метал]] бендот [[Металика]]. На групата им се придружил во 1982 година и дал свој придонес во првите три албуми на Металика, кои се сметаат за класици на [[треш метал]] музиката. Бартон беше познат по неговите виртуозни настапи во живо и по тоа што ја внесуваше неопходната ритмика и мелодија во нивните песни. Починал на [[27 септември]] 1986 год, во [[сообраќај]]на несреќа за време на турнејата низ [[Шведска]]. Постхумно му беше доделено место во ''Рокенрол куќата на славните'' како дел од [[Металика]] на [[4 април]], 2009 година.



Преработка од 21:19, 21 август 2020

Клиф Бартон
Родено имеКлифорд Ли Бартон
Роден(а)10 февруари 1962(1962-02-10)
Кастро Вали (Калифорнија), САД
Починал(а)27 септември 1986(1986-09-27) (возр. 24)
близу Дорарп, Јунгби, Шведска
ЖанровиТреш метал, спид метал, хеви метал
Занимањамузичар, композитор
ИнструментиБас гитара, пијано, гитара, вокал
Период на активност1979–1986
ИздавачиМегафорс, Електра
СоработнициМеталика, Agents of Misfortune, Изи Стрит, Траума
Мреж. местоОфицијално мрежно место на Металика
Податотека:Cliff Burton.jpg
Клиф Бартон

Клифорд Ли Бартон (англиски: Clifford Lee Burton) (10 февруари 1962, САД - 26 септември 1986, Шведска) — американски музичар, а воедно и басист на хеви метал бендот Металика. На групата им се придружил во 1982 година и дал свој придонес во првите три албуми на Металика, кои се сметаат за класици на треш метал музиката. Бартон беше познат по неговите виртуозни настапи во живо и по тоа што ја внесуваше неопходната ритмика и мелодија во нивните песни. Починал на 27 септември 1986 год, во сообраќајна несреќа за време на турнејата низ Шведска. Постхумно му беше доделено место во Рокенрол куќата на славните како дел од Металика на 4 април, 2009 година.

Детство и рана младост

Клиф Бартон е роден на 10 февруари, 1962 година во Тенеси, САД, како најмлад син на Џен и Реј Бартон. Имал постар брат Скот и сестра Кони. Како ученик во средно училиште играл бејзбол за школскиот тим и го освоил првото место на локалниот натпревар со другите училишта. По завршување на средното образование, станал член на бендот Траума. И покрај гламурот и театралноста на останатите членови при нивните свирки во живо, Бартон бил забележлив по неговото ритмичко удирање со глава и долгата црвена коса. Со овој бенд снимил и една демо снимка, но таму се успеал да го докаже својот раскошен талент за музицирање.[1]

Кариерата со Металика

Примање во групата

Не помина долго време додека младите основачи на Металика го насетија неговиот голем музички потенцијал. Тапанарот Ларс Улрих и вокалот и гитарист Џејмс Хетфилд присуствувале на еден настап на Траума во живо, каде биле позитивно изненадени од неверојатното бас-соло во изведба на Бартон. По ова, тие го контактирале и му го понудиле испразнетото место на басист, каде претходно свирел Рон МекГовни. Бартон прифатил, но под услов целиот бенд Металика да се преселат во Сан Франциско. Поради големата желба да го имаат Бартон во составот, групата се согласила.

Првите денови во бендот

Неговото доаѓање во Металика донело позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговото брилијантни изведби се одликуваа со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свиреше претставуваа мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната „(Anesthesia) Pulling Teeth“ од деби албумот Kill 'Em All.[2] Освен што свирел, тој исто така активно учествувал во компонирањето песни за вториот албум на групата, насловен како Ride the Lightning. Напишал музика за шест од осумте песни на албумот, од кои највпечатлива е иснтрументалната композиција „The Call Of Ktulu“, каде бас гитарата е ставена во водечка улога пред другите две електрични гитари.

Докажување во хеви-метал заедницата

1986 година беше одбележана со излегувањето на култниот треш метал албум Master of Puppets, каде перформансот на Бартон бил обележје на ова парче музика. Песната „Orion“ ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, Металика заминале на турнеја низ САД заедно со рокерот Ози Озборн. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминува во посета на Европа. На 26 септември Металика одржа концерт за паметење во Стокхолм, Шведска, каде Џејмс Хетфилд првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинеше дека ништо не може да им застане на Металика на патот кон ѕвездите.

Трагичната смрт

Меморијалната плоча во Лингби

Сообраќајната несреќа

Групата беше на пат помеѓу Стокхолм и Копенхаген, за да настапи на 27 септември во Данска. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автобусот. Бартон извлекол единица лист и го одбрал местото на Кирк Хамет. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколку пати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон. Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во САД и кремирано, а малку подоцна и погребано.

Металика по неговата смрт

По овој настан, Металика не можеше да се смета за бенд. Едно време тие дури и помислуваа да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучија да не се откажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на Металика. Во едно интервју Кирк Хамет изјавил:

По несреќата секој од нас самостојно одлучи сета наталожена фрустрација и гнев да ги исфрлиме на сцената, каде и впрочем им е местото. Најлошото нешто што можевме да го направиме е да престанеме со свирки и да кукаме во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко би тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале толку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би нѐ бодрел да одиме до крај.

—велат од Металика

Дискографија

Студиски албуми

Демо снимки

  • No Life 'til Leather (1982) (потврден му е придонес иако не бил член)
  • Megaforce (1983)
  • Ride the Lightning (1983)
  • Master of Puppets (1985)

Компилации

  • Metal Massacre Vol. II (1982) (со Траума)

Наводи

Надворешни врски

Претходник
Рон Мекговни
Басист на Металика
1982-1986
Наследник
Џејсон Њустед