Алданци: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Демографија: Форматна исправка, replaced: 2 год. → 2 г. |
с ставена Категорија:Алданци користејќи го HotCat |
||
Ред 202: | Ред 202: | ||
[[Категорија:Села во Општина Крушево]] |
[[Категорија:Села во Општина Крушево]] |
||
[[Категорија:Села во Македонија]] |
[[Категорија:Села во Македонија]] |
||
[[Категорија:Алданци| ]] |
Преработка од 12:36, 16 август 2020
- За скопското село Алдинци, видете овде.
Алданци | |
Поглед кон Алданци | |
Координати 41°22′5″N 21°17′47″E / 41.36806° СГШ; 21.29639° ИГД | |
Општина | Крушево |
Население | 417 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 16001 |
Алданци на општинската карта Атарот на Алданци во рамките на општината | |
Алданци на Ризницата |
Алданци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Географија и местоположба
Алданци се наоѓа на надморска височина од околу 900 м, во подножјето на Бушева Планина, оддалечено 11 километри од Крушево, на патот што води за Прилеп. Низ Алданци врви реката Нороска.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Халданци имало 25 семејства и 4 неженети, сите христијани. Подоцна христијаните од ова село биле населени во блиското село Годивле.[2]
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Алданци живееле 270 жители, сите Албанци.[3]
Според пописот од 2002 г. во Алданци живееле 417 жители, од кои:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 14 |
Албанци | 397 |
Турци | 5 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 1 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 451 |
1953 | 36 | 335 | 67 | — | 1 | — | ... | 65 | 504 |
1961 | 155 | 70 | 312 | ... | ... | — | ... | — | 537 |
1971 | 149 | 24 | 359 | — | ... | 1 | ... | 15 | 548 |
1981 | 52 | 67 | 320 | — | — | — | ... | 20 | 459 |
1991 | 19 | 353 | 92 | — | — | 2 | — | 1 | 467 |
1994 | 15 | 294 | 105 | — | — | — | — | — | 414 |
2002 | 14 | 397 | 5 | — | — | — | — | 1 | 417 |
Родови
Алданци е албанско-македонско село, а порано во селото имало и Власи.
- Албански родови во селото се: Мисирлиовци (17 к.) доселени се од Мисир, тие потекнуваат од предок Турчин, порано зборувале на турски; Дибрановци (4 к.) доселени се од Долен Дебар (денес во Албанија); Костењовци (6 к.) доселени се од Костењево, Дебарско (од албанска страна); Рочовци (4 к.) доселени се од некое село Роч во Албанија; Адемовци (5 к.), Миџовци (3 к.), Дишовци (2 к.) и Велијовци (1 к.) доселени се од Албанија; Зенговци (2 к.) најпрво живееле во Прилеп, па од таму отишле во Турција и на крај од Турција се вратиле назад и дошле овде (од тука им била мајката/бабата), зборуваат албански и турски; Јаја хоџа (1 к.) и Небиовци (1 к.) Торбеши се. Првите се доселени од Лажани, а вторите од Длапкин Дол, Кичевско, зборуваат албански и македонски; Ајдиновци (1 к.) последни албански доселеници.
- Македонски родови во селото се: Богојевци (2 к.), Петковци (1 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од селото Селце, подалечно потекло на родот Петковци е од околината на Корча, Албанија, а на останатите два рода од селото Стеблево, Голо Брдо; Здравковци (1 к.) доселени се од селото Вардино, Железник, некое време живееле во Крушево; Јанкуловци (1 к.) доселени се од селото Острилци, Железник/Крушевско; Талевци (2 к.), Шукловци (2 к.), Ѓокаревци (1 к.), Криволивиче (1 к.) и Наќевци (1 к.) доселени се од Крушево; Смилевци (3 к.) доселени се од селото Сланско, Порече. Некое време биле во Крушево, каде имаат роднини (5 к.); Спировци (1 к.) доселени се од селото Зрзе.
- Влашки родови биле: Грца (2 к.), Ташко Јуца (1 к.), Дошко (1 к.), Мајовци (1 к.), Штерју Гога (1 к.) и Гуча (1 к.) доселени се после 1918 година од Крушево.[6]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 1197 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 418 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Градиште — римска населба;
- Кале — хеленистичка населба;
- Разбојна Дупка — хеленистичка гробница;
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.70
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.245.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ.
Надворешни врски
|