Кипар (римска провинција): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Roman Empire - Cyprus (125 AD).svg|мини|десно|280п|Кипар (обоено во црвено) во рамките на Римската Империја]]
[[Податотека:Roman Empire - Cyprus (125 AD).svg|мини|десно|280п|Кипар (обоен во црвено) во рамките на Римската Империја]]
'''Кипар''' бил [[Сенаторска провинција|сенатска провинција]] во рамките на [[Римската Империја]]. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на [[Средоземното Море]], особено во производството и трговијата на кипарскиот [[бакар]].
'''Кипар''' бил [[Сенаторска провинција|сенатска провинција]] во рамките на [[Римската Империја]]. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на [[Средоземното Море]], особено во производството и трговијата на кипарскиот [[бакар]].



Преработка од 14:17, 6 август 2020

Кипар (обоен во црвено) во рамките на Римската Империја

Кипар бил сенатска провинција во рамките на Римската Империја. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на Средоземното Море, особено во производството и трговијата на кипарскиот бакар.

Островот Кипар се наоѓал на стратешки важна позиција по источните средоземни трговски патишта и во текот на првиот милениум пред нашата ера бил контролиран од разни империјални сили како што се Асирците, Египќаните, Македонците, и на крајот Римјаните. Кипар е анектиран од Римјаните во 58 година п.н.е., но контролата врз островот се менува помеѓу Римјаните и Птоломејското кралство до 22 година п.н.е. кога Кипар официјално го добива статусот на сенатска провинција.[1] Од битката кај Акциум во 31 година п.н.е. до седмиот век со Кипар управувале Римјаните. Кипар официјално влегува во рамките на Источното Римско Царство во 293 година од н.е.[2]

Под римска власт Кипар бил поделен на четири главни области: Саламин, Пафос, Аматунда и Лапaтос.[3] Пафос бил главен град на островот, сè додека Саламин не бил одново изграден како Константија во 346 година од н.е.

Наводи

  1. Karageorghis, Vassos (1982). Cyprus From the Stone Age to the Romans: The Roman Period. Thames & Hudson. стр. 177–178.
  2. Ancient History Encyclopedia - Antonios Loizides. Ancient.eu
  3. Karageorghis, Vassos (1982). Cyprus From the Stone Age to the Romans: The Roman Period. Thames & Hudson. стр. 178.