Анџело Ди Ливио: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 318: Ред 318:


{{Јувентус-Шампион на Европа 1996}}
{{Јувентус-Шампион на Европа 1996}}
{{Состав на Италија на ЕП фудбал 1996}}
{{Состав на Италија на СП фудбал 1998}}
{{Состав на Италија на СП фудбал 1998}}
{{Состав на Италија на ЕП фудбал 2000}}
{{Состав на Италија на ЕП фудбал 2000}}

Преработка од 01:56, 23 јули 2020

Анџело Ди Ливио
Лични податоци
Роден на 26 јули 1966(1966-07-26)(57 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2005 (38 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1984-1985 Рома Рома 0 (0)
1985-1986Реџана Реџана 13 (0)
1986-1987Ночерина Ночерина 31 (1)
1987-1989 Перуџа Перуџа 72 (4)
1989-1993 Падова Падова 138 (13)
1993-1999 Јувентус Јувентус 186 (3)
1999-2005 Фјорентина Фјорентина 169 (8)
Репрезентација
1995-2002 Италија Италија 40 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Анџело Ди Ливио (роден на 26 јули 1966 во Рим) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.

Животопис

Анџело е во брак со Сабрина со која има син, Лоренцо, кој исто така е фудбалер.[1]

Технички карактеристики

За време на својот престој во Јувентус, под водството на Марчело Липи, тој играл како мецала, бек или крилен напаѓач, и тоа најчесто по десната страна,[2] иако не малку пати бил користен и по левата страна[3][4] додека во Фјорентина ја покривал позицијата на централен играч од средниот ред, играјќи во различни улоги.[2]

Одличен во дефанзивна фаза на игра и обдарен со спринт, пожртвуваност и издржливост, тој бил познат како Il soldatino (превод на мак. малиот војник),[5] прекар кој го добил од својот соиграч во Јувентус и италијанската репрезентација, Роберто Баџо, поради неговиот карактеристичен начин на движење по теренот, напред-назад по крилната позиција.[6]

Клупска кариера

Почетоци

Започнал да игра фудбал во Полиспортива Буфалота, клуб кој го носи своето име по истоимениот кварт во Рим, каде Ди Ливио пораснал.[7] На возраст од петнаесет години, тој се приклучил на младинскиот тим на Рома, со која го освоил Турнирот Вијареџо во 1983 година. Во сезоната 1984-1985, бил промовиран во првиот тим на Рома, но не добил шанса од тренерот Роберто Клаглуна да дебитира.

Откако не направил ниту еден официјален настап за Рома во сезоната, во следната тој бил позајмен на Реџана во Серија Ц1, каде ги одиграл својте први минути како професионалец завршувајќи го престојот таму со 13 настапи. Потоа, тој бил позајмен една сезона и во Ночерина во истата лига, каде го постигнал првиот гол во својата кариера. Во клубот тој играл заедно со Алдо Фирикано, кој подоцна му бил соиграч и во Фјорентина.[8]

Ди Ливио во дресот на Перуџа во сезоната 1988-1989.

Во летото 1987 година, Ди Ливио бил испратен на трета позајмица по ред, приклучувајќи и се на Перуџа со која се натпреварувал во Серија Ц2. Веќе во првата сезона тој заедно со уште еден голем талент во тоа време Фабрицио Раванели (со кој подоцна ќе играат заедно и во Јувентус) помогнале да биде освоено првенството и Перуџа да избори промоција во Ц1.[9] По завршувањето на сезоната, клубот од Умбрија го откупил Ди Ливио од Рома и тој останал во црвено-белите уште една цела сезона, пред да ја напушти Перуџа во октомври 1989 година кога во есенската трансфер-сесија се преселил во Падова, во Серија Б.[4]

Падова

Дебитирал во втората италијанската лига на 22 октомври 1989, во натпреварот Падова-Анкона 1-2. Својот прв гол за Падова го постигнал на 10 декември 1989, во победата со 1-0 на гостувањето кај Катанцаро.

Тој одиграл 4 сезони во Падова, останувајќи во клубот од Венето до завршувањето на сезоната 1992-1993. Вкупно за клубот одиграл 138 првенствени натпревари и постигнал 13 голови.

Јувентус

По долги години играње во помали клубови, во летото 1993 година Ди Ливио заедно со соиграчот од Падова, Алесандро Дел Пјеро, потпишале за еден од најсилните италијански клубови Јувентус воден од тренерот Џовани Трапатони.[4] Трансферот на Ди Ливио изнесувал 4 милијарди италијански лири.[10]

Своето деби во Серија А го имал возраст од 27 години, на 5 септември 1993 година во гостинскиот натпревар против клубот во кој поникнал, Рома, што завршил 2-1 за домаќините. Својот прв гол за бјанконерите го постигнал на 27 октомври, во поразот со 4-3 од Венеција во Купот на Италија, додека својот прв гол во лигата го постигнал на почетокот на неговата втора сезона во Јувентус, на 25 септември 1994 година, во победата со 1-0 на домашен терен над Сампдорија. Втората сезона во Торино под водството на новиот тренер Марчело Липи ја завршил со 27 настапи (1 гол) во Серија А и 9 настапи во Купот на Италија, помагајќи му на Јувентус да ја освои двојната круна: првенството и купот, што биле и првите два освоени трофеи во кариерата на Ди Ливио. Клубот исто така стигнал до финалето на Купот на УЕФА, каде биле поразени од друг италијански клуб Парма со вкупен резултат 2-1 за млекарите. Ди Ливио играл и во двата финални натпревари.

Во сезоната 1995-1996, Ди Ливио го постигнал својот прв гол во европските натпревраувања, откако ја погодил мрежата на романската екипа Стеауа Букурешт во победата со 3-0 на Деле Алпи во групната фаза од Лигата на шампионите. Својот трет трофеј со Јувентус го освоил во Суперкупот на Италија по победата со 1-0 над Парма во Торино; тој се појавил во игра од клупата за резерви на местото на стрелецот на единствениот гол во овој натпревар Џанлука Вијали во 78-мата минута. И во текот на оваа сезона тој бил стандарен првотимец забележувајќи 44 настапи во сите натпреарувања. Јувентус не успеал да ги одбрани титулите во Серија А и Купот на Италија, но затоа ја освоиле својата втора титула во Лигата на шампионите, победувајќи го холандскиот Ајакс во финалето одиграно во Рим по изведување на пенали со 4-2 откако во регуларниот тек на натпреварот и продолженијата резултатот бил нерешен 1-1. Ди Ливио влегол во игра во 57-мата минута од финалето на местото на Пауло Соуса, а после победата на Јувентус, тој се приклучил на мала група на играчи кои го освоиле ова престижно натпреварување во својот роден град; покрај Ди Ливио тоа го сториле уште Енрике Матеос и Мигел Муњос (Мадрид), Алекс Степни (Лондон), Никола Анелка (Париз) и Гарет Бејл (Кардиф).[11]

Ди Ливио во дресот на Јувентус.

Во следните две сезони, Ди Ливио освоил уште две скудета во Серија А и играл уште две финалиња во Лигата на шампионите, но за разлика од финалето одиграно во неговиот роден град овие две финалиња биле со неповолен исход за неговиот Јувентус откако тие биле поразени со 3-1 од Борусија Дортмунд во Минхен (1997) и со 1-0 од Реал Мадрид во Амстердам (1998). Покрај тоа освоил уште еден Суперкуп на Италија победувајќи ја Виченца со 3-0, Суперкупот на УЕФА победувајќи го Париз Сен Жермен со вкупен резултат 9-2 и Интерконтиненталниот куп со победа над Ривер Плејт со 1-0; тој играл во сите тие натпревари.

Неговата последна сезона во дресот на Јувентус била сезоната 1998-1999, во која клубот доживеал неочекуван крах и долгогодишниот тренер Липи бил отпуштен и заменет со Карло Анчелоти. По завршувањето на сезоната, клубот се решил за поголема реконструкција и некои повозрасни играчи кои долг период биле во клубот биле продадени, a меѓу нив бил и Ди Ливио како и Анџело Перуци и Дидје Дешан.

Вкупо за Јувентус одиграл шест сезони во кои забележал 269 настапи и постигнал 6 гола.

Фјорентина

И покрај силната врска која ја имал со Јувентус, во летото 1999 година тој бил продаден против негова волја во Фјорентина. Дебитирал за виола на 11 август 1999, во натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против полската екипа Виѓев Лоѓ, во кој неговиот тим забележал победа со 3-1 на Артемио Франки. Својот прв гол во виолетовиот дрес го постигнал на 6 ноември 1999, во ремито 1-1 на гостувањето против Каљари во Серија А.

Во сезоната 2000-2001, Ди Ливио го освоил својот прв трофеј со Фјорентина, Купот на Италија, после победата со вкупен резултат 2-1 во финалето против Парма; ова бил неговиот втор трофеј во купот во неговата кариера по оној освоен со бјанконерите шест години порано. Сепак, само година дена по овој успех, следеле тешки денови за клубот од Фиренца кој се соочил со големи финансиски проблеми и на крајот со испаѓање од Серија А по 7 последователни сезони таму.

Набргу потоа во 2002 година Фјорентина прогласила банкрот, по што била преместена во Серија Ц2 под новото име Флорентија Виола, а Ди Ливио - кој бил назначен за капитен на виола во претходната сезона - решил да остане со цел да му помогне на клубот во овие тешки денови. Откако клубот, кој станал носител на спортската традиција на исчезнатиот популарен италијански клуб, го освоил Ц2 првенството тие истовремено добиле уште една промоција и право да играат во Серија Б следната сезона заради спортските заслуги остварени во минатото. Следната сезона во Серија Б, клубот го вратил старото име Фјорентина, а Ди Ливио одиграл 41 натпревар и постигнал 4 гола; тој исто така играл за својот тим и во двата натпревари против Перуџа во плејофот за промоција во Серија А, помагајќи му на клубот конечно да се врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал по само две години пауза.

Ди Ливио останал во Фјорентина до крајот на сезоната 2004-2005, по која клубот не му го обновил договорот и тој решил да се пензионира од активното играње фудбал. Својот последен официјален натпревар го одиграл на 29 мај 2005 во победата над Бреша со 3-0. Вкупно за Фјорентина одиграл 214 натпревари и постигнал 8 голови.

Репрезентативна кариера

Своето деби за сениорската репрезентација на Италија го направил на возраст од 29 години, на 6 септември 1995, во натпреварот Италија-Словенија (1-0). Потоа тој бил повикуван од страна на четири различни селектори и учествувал на неколку турнири: Европското првенство 1996 во Англија (под водство на Ариго Саки), Светското првенство 1998 во Франција (со Чезаре Малдини), Европското првенство 2000 во Белгија и Холандија (со Дино Ѕоф) и, речиси со 36 години, настапил и на Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија (со Џовани Трапатони).

На 18 јуни 2002 година, Ди Ливио го одиграл својот последен натпревар во националниот дрес, во осминафиналето на мундијалот во 2002, против домаќинот Јужна Кореја: незаборавно, во текот на овој натпревар, сите погледи биле свртени кон судијата Бајрон Морено, кој го исклучил од игра Франческо Тоти.[12] Во една изјава потоа Ди Ливио рекол дека судијата Морено му го уништил мундијалот.[13]

Вкупно тој забележал 40 настапи за аѕурите, од кои само во 12 играл од почеток до крајот на натпреварот.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
6-9-1995 Удине Италија Италија 1 – 0 Словенија Словенија Квал. за Евро 1996 -
8-10-1995 Сплит Хрватска Хрватска 1 – 1 Италија Италија Квал. за Евро 1996 -
24-1-1996 Терни Италија Италија 3 – 0 Велс Велс Пријателска - заменет 79'
29-5-1996 Кремона Италија Италија 2 – 2 Белгија Белгија Пријателска - заменет 46'
1-6-1996 Будимпешта Унгарија Унгарија 0 – 2 Италија Италија Пријателска -
11-6-1996 Ливерпул Италија Италија 2 – 1 Русија Русија Евро 1996 - Прва фаза - заменет 62'
19-6-1996 Манчестер Италија Италија 0 – 0 Германија Германија Евро 1996 - Прва фаза - влегол во игра 81'
5-10-1996 Кишињев Молдавија Молдавија 1 – 3 Италија Италија Квал. за СП 1998 - влегол во игра 46'
9-10-1996 Перуџа Италија Италија 1 – 0 Грузија Грузија Квал. за СП 1998 - заменет 82'
22-1-1997 Палермо Италија Италија 2 – 0 Северна Ирска Северна Ирска Пријателска - заменет 79'
12-2-1997 Лондон Англија Англија 0 – 1 Италија Италија Квал. за СП 1998 -
29-3-1997 Трст Италија Италија 3 – 0 Молдавија Молдавија Квал. за СП 1998 - заменет 75'
2-4-1997 Хожув Полска Полска 0 – 0 Италија Италија Квал. за СП 1998 -
30-4-1997 Неапол Италија Италија 3 – 0 Полска Полска Квал. за СП 1998 -
4-6-1997 Нант Англија Англија 2 – 0 Италија Италија Турнир во Франција - заменет 46'
8-6-1997 Лион Италија Италија 3 – 3 Бразил Бразил Турнир во Франција - влегол во игра 88'
11-6-1997 Париз Италија Италија 2 – 2 Франција Франција Турнир во Франција -
10-9-1997 Тбилиси Грузија Грузија 0 – 0 Италија Италија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Рим Италија Италија 0 – 0 Англија Англија Квал. за СП 1998 -
28-1-1998 Катанија Италија Италија 3 – 0 Словачка Словачка Пријателска - заменет 46'
2-6-1998 Гетеборг Шведска Шведска 1 – 0 Италија Италија Пријателска - заменет 46'
11-6-1998 Бордо Италија Италија 2 – 2 Чиле Чиле СП 1998 - Прва фаза - заменет 61'
17-6-1998 Монпеље Италија Италија 3 – 0 Камерун Камерун СП 1998 - Прва фаза - влегол во игра 83'
27-6-1998 Марсеј Италија Италија 1 – 0 Норвешка Норвешка СП 1998 - Осминафинале - влегол во игра 63'
3-7-1998 Париз Италија Италија 0 – 0 прод.
(3-4 пен.)
Франција Франција СП 1998 - Четвртфинале -
5-6-1999 Болоња Италија Италија 4 – 0 Велс Велс Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 69'
9-6-1999 Лозана Швајцарија Швајцарија 0 – 0 Италија Италија Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 60'
11-6-2000 Арнхем Турција Турција 1 – 2 Италија Италија Евро 2000 - Прва фаза - влегол во игра 83'
19-6-2000 Ајндховен Италија Италија 2 – 1 Шведска Шведска Евро 2000 - Прва фаза - заменет 64'
7-10-2000 Милано Италија Италија 3 – 0 Романија Романија Квал. за СП 2002 -
11-10-2000 Анкона Италија Италија 2 – 0 Грузија Грузија Квал. за СП 2002 -
15-11-2000 Торино Италија Италија 1 – 0 Англија Англија Пријателска - заменет 52'
28-3-2001 Трст Италија Италија 4 – 0 Литванија Литванија Квал. за СП 2002 - влегол во игра 82'
25-4-2001 Перуџа Италија Италија 1 – 0 Јужна Африка Јужна Африка Пријателска - влегол во игра 82'
2-6-2001 Тбилиси Грузија Грузија 1 – 2 Италија Италија Квал. за СП 2002 - влегол во игра 58'
6-10-2001 Парма Италија Италија 1 – 0 Унгарија Унгарија Квал. за СП 2002 - влегол во игра 79'
7-11-2001 Саитама Јапонија Јапонија 1 – 1 Италија Италија Пријателска - влегол во игра 89'
18-5-2002 Прага Чешка Чешка 1 – 0 Италија Италија Пријателска - влегол во игра 69'
3-6-2002 Сапоро Италија Италија 2 – 0 Еквадор Еквадор СП 2002 - Прва фаза - влегол во игра 64'
18-6-2002 Теџон Италија Италија 1 – 2 зг Јужна Кореја Јужна Кореја СП 2002 - Осминафинале - заменет 72'
Вкупно Настапи (69. место) 40 Голови 0

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 29 мај 2005.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1984-1985 Италија Рома А 0 0 КИ 0 0 КПК 0 0 - - - 0 0
1985-1986 Италија Реџана Ц1 13 0 КИ 5 0 - - - - - - 18 0
1986-1987 Италија Ночерина Ц1 31 1 - - - - - - - - - 31 1
1987-1988 Италија Перуџа Ц2 34 3 - - - - - - - - - 34 3
1988-1989 Ц1 33 1 - - - - - - - - - 33 1
јул.-окт. 1989 Ц1 5 0 - - - - - - - - - 5 0
Вкупно Перуџа 72 4 - - - - - - 72 4
окт. 1989-1990 Италија Падова Б 29 2 - - - - - - - - - 29 2
1990-1991 Б 36 3 КИ 2 0 - - - - - - 38 3
1991-1992 Б 36 3 КИ 4 0 - - - - - - 40 3
1992-1993 Б 36 5 КИ 1 0 - - - - - - 37 5
Вкупно Падова 137 13 7 0 - - - - 144 13
1993-1994 Италија Јувентус А 33 0 КИ 2 1 КУ 2 0 - - - 37 1
1994-1995 А 27 1 КИ 9 0 КУ 10 0 - - - 46 1
1995-1996 А 32 0 КИ 2 0 ЛШ 9 1 СИ 1 0 44 1
1996-1997 А 32 1 КИ 4 0 ЛШ 11 0 СУ+ИнтК 2+1 0 50 1
1997-1998 А 30 0 КИ 6 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 44 0
1998-1999 А 33+2[14] 1 КИ 4 1 ЛШ 8 0 СИ 1 0 48 2
Вкупно Јувентус 187+2 3 27 2 47 1 6 0 269 6
1999-2000 Италија Фјорентина А 30 2 КИ 2 0 ЛШ 14[15] 0 - - - 46 2
2000-2001 A 33 1 КИ 8 0 КУ 2 0 - - - 43 1
2001-2002 А 32 1 КИ 0 0 КУ 4 0 СИ 1 0 37 1
2002-2003 Ц2 21 0 КИ-Ц 3 0 - - - - - - 24 0
2003-2004 Б 41+2[16] 4 КИ-Ц 2 0 - - - - - - 45 4
2004-2005 А 12 0 КИ 7 0 - - - - - - 19 0
Вкупно Фјорентина 169+2 8 22 0 20 0 1 0 214 8
Вкупно во кариерата 613 29 61 2 67 1 7 0 748 32

Репрезентативна статистика

Извор:[17]
Фудбалска репрезентација на Италија
Год. Наст Гол
1995 2 0
1996 7 0
1997 10 0
1998 6 0
1999 2 0
2000 5 0
2001 5 0
2002 3 0
Вкупно 40 0

Титули

Италија Рома

1983

Италија Перуџа

1987-1988 (група Ц)

Италија Јувентус

1994–1995, 1996–1997, 1997–1998
1994-1995
1995, 1997
1995–1996
1996
1996

Италија Фјорентина

2000-2001
2002-2003 (група Б)

Почести

Орден за заслуги на Италијанската Република
Рим, 12 јули 2000. На иницијатива на Претседателот на Републиката.[18]

Наводи

  1. Francesco Oddi (7 јануари 2016). „Papà Di Livio: "Lorenzo? Ha più qualità di me, ed è già maturo".
  2. 2,0 2,1 Празен навод (help).
  3. „Di Livio: "Capello non mi volle alla Roma". 15 октомври 2006. Посетено на 9 август 2010.
  4. 4,0 4,1 4,2 Stefano Bedeschi (3 август 2010). „Gli eroi in bianconero: Angelo DI LIVIO“. Посетено на 9 август 2010.
  5. Marco Ansaldo (22 мај 1995). „Vialli e Sousa primi della classe“. Angelo Di Livio. La Stampa. стр. 33.
  6. Giorgio Dell'Arti; Maria Elena Ribezzo (17 јануари 2014). „Angelo Di Livio“. Посетено на 29 октомври 2016.
  7. Pianeta-calcio.it
  8. „Nocerina, l'ex Firicano: "Sono rimasto legato ai colori rossoneri". tuttomercatoweb.com. 22 март 2012. Посетено на 14 јуни 2020.
  9. „Di Livio: "Tifavo Roma da bambino, ma mi merito la stella allo Stadium. I calciatori di oggi? Salvo solo De Rossi e Chiellini. E su Totti…" (италијански). ilposticipo.it. 21 декември 2018. Посетено на 15 јуни 2020.
  10. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012 (италијански). Vol. 10 (1993-1994). Panini. 2012. стр. 10.
  11. Andrew Richardson (10 мај 2017). „Gareth Bale to make history if Real Madrid beat Juventus in Champions League final as sixth man to win it in home city“ (англиски).
  12. „Di Livio: «Italia-Corea del Sud 2002 fu uno scandalo, lo sanno tutti»“. 21 мај 2020. Посетено на 16 јуни 2020.
  13. „Di Livio: «Moreno rovinò il mio Mondiale»“. 8 јуни 2010. Посетено на 9 август 2010.
  14. Плејоф за Куп на УЕФА/Интертото.
  15. 2 настапи во третото квалификациско коло.
  16. Плејоф за промоција.
  17. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 27 May 2011. Посетено на 13 October 2010.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  18. „Cavaliere Ordine al merito della Repubblica Italiana Sig. Angelo Di Livio“. Посетено на 9 август 2010.

Библиографија

Alberto Polverosi, DI LIVIO, Angelo (Enciclopedia-dello-Sport) (на италијански), 2002.

Надворешни врски