Масакр во Велес: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{main| → {{Главна|
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (8)
Ред 15: Ред 15:
}}
}}


'''Масакрот во Велес''' — масовно убиство на 53 затвореници што се случил на [[15 јануари]] [[1945]] година близу [[Велес]] извршен од страна на [[ОЗНА]]. Масовната гробница била пронајдена дури 1996 година во местноста Пуста Кула во атарот на селото [[Летевци]]. Според обдукцијата, затворениците биле усмртени на најсвиреп начин со токмаци и железа, со удари по главата.<ref>{{cite web|date= 13.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=08&y2=2018&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&read=deb7400044560f0|title=Токмаци удрија врз стреланите велешани|publisher=Дневник|}}</ref> Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од [[ОЗНА]] во ослободена [[Македонија]].<ref>{{cite web|date= 23.01.2013|url=https://www.mn.mk/istorija/7284-Masakrot-vo-Veles|title=Масакрот во Велес|publisher=Македонска нација|}}</ref>
'''Масакрот во Велес''' — масовно убиство на 53 затвореници што се случил на [[15 јануари]] [[1945]] година близу [[Велес]] извршен од страна на [[ОЗНА]]. Масовната гробница била пронајдена дури 1996 година во местноста Пуста Кула во атарот на селото [[Летевци]]. Според обдукцијата, затворениците биле усмртени на најсвиреп начин со токмаци и железа, со удари по главата.<ref>{{Наведена мрежна страница|date= 13.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=08&y2=2018&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&read=deb7400044560f0|title=Токмаци удрија врз стреланите велешани|publisher=Дневник|}}</ref> Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од [[ОЗНА]] во ослободена [[Македонија]].<ref>{{Наведена мрежна страница|date= 23.01.2013|url=https://www.mn.mk/istorija/7284-Masakrot-vo-Veles|title=Масакрот во Велес|publisher=Македонска нација|}}</ref>


== Настан ==
== Настан ==
Ред 27: Ред 27:
== По Велешкиот масакр ==
== По Велешкиот масакр ==


Синот на еден од убиените, Борис Поп Ѓорчев, во октомври 1997 година побарал од македонските судови да ја поништат пресудата. Тој и другите блиски бараат од Владата по години талкање низ административните лавиринти да го донесат законот со кој се предвидува поништување на сите пресуди донесени од политички и идеолошки мотиви.<ref>{{cite web|date= 15.01.2011|url=http://tirekovmirece.com/Novost/-66-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%86%D0%BD%D0%B0,--%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%98-53-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B0%D0%BD%D0%B8|title=66 години подоцна, случај 53 стрелани велешани|publisher=tirekovmirece.com|}}</ref>
Синот на еден од убиените, Борис Поп Ѓорчев, во октомври 1997 година побарал од македонските судови да ја поништат пресудата. Тој и другите блиски бараат од Владата по години талкање низ административните лавиринти да го донесат законот со кој се предвидува поништување на сите пресуди донесени од политички и идеолошки мотиви.<ref>{{Наведена мрежна страница|date= 15.01.2011|url=http://tirekovmirece.com/Novost/-66-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%86%D0%BD%D0%B0,--%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%98-53-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B0%D0%BD%D0%B8|title=66 години подоцна, случај 53 стрелани велешани|publisher=tirekovmirece.com|}}</ref>


Во 2002 година од страна на најблиските е подигнат споменик за 53-та велешани на гробиштата до црквата Св. Спас во Велес. Во април 2009 година, непознати вандали ја искршиле спомен плочата на гробницата на 53-та Велешани стрелани во 1945-та кај месноста Пуста Кула. Сторителите со токмак ја урнале и искршиле надгробната плоча. Споменикот и ден денес е искршен.<ref>{{cite web|date=12.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=b9158b0d34cf83e|title=Вандализам на гробиштата во црквата „Свети Спас“ во Велес|publisher=Канал 5|}}</ref><ref>{{cite web|date=13.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=4707104278c4803|title=Осквернавен споменикот на убиените велешани|publisher=Утрински|}}</ref><ref>{{cite web|date=12.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=b01791cdac8bf0b|title=Сквернавена гробницата на 53-та стрелани велешани|publisher=A1|}}</ref><ref>{{cite web|date=15.01.2011|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BA%D1%80&read=01ae00c2c93796f|title=Стреланите велешани и понатаму со искршен споменик|publisher=Дневник|}}</ref>
Во 2002 година од страна на најблиските е подигнат споменик за 53-та велешани на гробиштата до црквата Св. Спас во Велес. Во април 2009 година, непознати вандали ја искршиле спомен плочата на гробницата на 53-та Велешани стрелани во 1945-та кај месноста Пуста Кула. Сторителите со токмак ја урнале и искршиле надгробната плоча. Споменикот и ден денес е искршен.<ref>{{Наведена мрежна страница|date=12.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=b9158b0d34cf83e|title=Вандализам на гробиштата во црквата „Свети Спас“ во Велес|publisher=Канал 5|}}</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|date=13.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=4707104278c4803|title=Осквернавен споменикот на убиените велешани|publisher=Утрински|}}</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|date=12.04.2009|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=b01791cdac8bf0b|title=Сквернавена гробницата на 53-та стрелани велешани|publisher=A1|}}</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|date=15.01.2011|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BA%D1%80&read=01ae00c2c93796f|title=Стреланите велешани и понатаму со искршен споменик|publisher=Дневник|}}</ref>


На 15 јануари 2005 година било одбележано 60 години од грозоморниот масакр на 53-та велешани. Организирана била и трибина на која историчарите [[Виолета Ачкоска]], [[Зоран Тодоровски]] и Ѓорѓи Малковски, како и професорите [[Гане Тодоровски]] и [[Владо Поповски]] зборуваа за историските и за правните околности на настанот. Академикот Гане Тодоровски истакнал дека: „''Ова е еден пример на реваншизам, тој одбивен декор на слободата. Хајка на одмаздништво што го водеше немакедонското намесништво''“. Професорот Ѓорѓи Малковски од Институтот за историја во [[Скопје]] најави дека ќе издаде книга за случајот да биде целосно расветлен.<ref>{{cite web|date=17.01.2005|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BA%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=a8363e22debbef2|title=Не рехабилитација, туку поништување на пресудите за ликвидираните|publisher=Време|}}</ref>
На 15 јануари 2005 година било одбележано 60 години од грозоморниот масакр на 53-та велешани. Организирана била и трибина на која историчарите [[Виолета Ачкоска]], [[Зоран Тодоровски]] и Ѓорѓи Малковски, како и професорите [[Гане Тодоровски]] и [[Владо Поповски]] зборуваа за историските и за правните околности на настанот. Академикот Гане Тодоровски истакнал дека: „''Ова е еден пример на реваншизам, тој одбивен декор на слободата. Хајка на одмаздништво што го водеше немакедонското намесништво''“. Професорот Ѓорѓи Малковски од Институтот за историја во [[Скопје]] најави дека ќе издаде книга за случајот да биде целосно расветлен.<ref>{{Наведена мрежна страница|date=17.01.2005|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BA%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&read=a8363e22debbef2|title=Не рехабилитација, туку поништување на пресудите за ликвидираните|publisher=Време|}}</ref>


== Жртвите ==
== Жртвите ==

Преработка од 12:36, 16 јули 2020

Велешки масакр (1945)
Поглед кон Свети Спас во Велес, каде што жртвите се погребани во масовна гробница позади црквата
МестоВелес,  СР Македонија
Датум14 – 15 јануари 1945
Целприпадници на ВМРО и ММТРО, како и наводно бугарофили[1]
Вид нападМасовно убиство
Мртви53
СторителиЈугославија ОЗНА

Масакрот во Велес — масовно убиство на 53 затвореници што се случил на 15 јануари 1945 година близу Велес извршен од страна на ОЗНА. Масовната гробница била пронајдена дури 1996 година во местноста Пуста Кула во атарот на селото Летевци. Според обдукцијата, затворениците биле усмртени на најсвиреп начин со токмаци и железа, со удари по главата.[2] Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.[3]

Настан

На 15 јануари 1945 без јавно судење, биле масакрирани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ и соработници со окупаторот. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена во 1996 година. Посмртните останки на 53 убиени велешани се пронајдени со наредба за ексхумација од тогашната влада, во 1996 година, во атарот на селото Летевци во месноста Пуста Кула, на границата меѓу Велешко и Скопско. Нивните потомци дошле до документот на судска медицина, кој никогаш не го видел светлото на денот. Според обдукцијата, биле пронајдени 15 сочувани черепи од 53 закопани, само четири куршуми и констатација дека починатите биле усмртени со удар од „тапо-тврда сила“ по главата. Блиските фамилии на 53-та велешани барале од Врховниот суд заштита на законитоста, но тој не утврдил дека биле ликвидирани поради нерегуларна судска постапка. Врховните судии го одбиле како неосновано барањето за заштита на законитоста на едно од семејствата на стреланите, кое тврдеше дека нивниот роднина е егзекутиран зашто не се почитувало правото на жалба на обвинетите. Семејствата веруваат дека 53-ра велешани веќе биле убиени на 15 јануари, а Второстепениот суд на 18 јануари 1945 година ја потврдил пресудата на Првостепениот воен суд на Скопската воена област донесена три дена порано. Врховниот суд смета дека нема докази со кои може да се потврди дека стрелањето било извршено пред 18 јануари. Историчари се убедени дека на пресудите е извршено антидатирање, односно дека се напишани подоцна, по егзекуцијата, за правно да се покрие случајот. Ова е прв и единствен случај на откриена масовна гробница во Македонија, дело на тогашната комунистичка власт.[4][5]

За ликвидацијата на затворениците од затворот во Велес не јавиле ниту „Нова Македонија“, ниту Радио Скопје, кои обично известувале за судењата и егзекуциите на народните непријатели. Информирало само локалното радио, а потоа настанал молк. Шеесет години никој не зборува за случајот. Според историчарите што зборуваа на трибината, вечерта на 15 јануари биле убиени 53 затвореници од затворот во Велес. За ниеден од нив немало пресуда, а две третини од нив, според документацијата, немале никаква вина. Стрелањето го наредил полковникот Евто Шашиќ. Воениот суд ја донел пресудата за стреланите дури по извршувањето на казната. Историчарите потсетуваат дека егзекуцијата се случила непосредно по бунтот на македонските офицери, кој се случил на скопското Кале.

Во својата книга Мојот татко - Методија Андонов Ченто, авторот Илија Андонов Ченто, вели дека првиот претседател на Президиумот на АСНОМ за таа работа дознал случајно и дека злосторствата започнале откако на на крајот на 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ присуствувал Едвард Кардељ.[6] Според бугарскиот историчар Коста Црнушанов затворениците се убиени, затоа што биле Македонци со бугарско национално чувство. Според овој бугарски историчар помеѓу жртвите имало припадници на ММТРО на ВМРО на Иван Михајлов, еден поранешен бугарски учител и други.[1] Според него, за масакрот биле одговорни Ратко Петровски (помошник-началник на ОЗНА), Боро Коробар и Киро Попадиче (командант на Велес), што е во согласност со претходно изнесеното мислење.[7]

По Велешкиот масакр

Синот на еден од убиените, Борис Поп Ѓорчев, во октомври 1997 година побарал од македонските судови да ја поништат пресудата. Тој и другите блиски бараат од Владата по години талкање низ административните лавиринти да го донесат законот со кој се предвидува поништување на сите пресуди донесени од политички и идеолошки мотиви.[8]

Во 2002 година од страна на најблиските е подигнат споменик за 53-та велешани на гробиштата до црквата Св. Спас во Велес. Во април 2009 година, непознати вандали ја искршиле спомен плочата на гробницата на 53-та Велешани стрелани во 1945-та кај месноста Пуста Кула. Сторителите со токмак ја урнале и искршиле надгробната плоча. Споменикот и ден денес е искршен.[9][10][11][12]

На 15 јануари 2005 година било одбележано 60 години од грозоморниот масакр на 53-та велешани. Организирана била и трибина на која историчарите Виолета Ачкоска, Зоран Тодоровски и Ѓорѓи Малковски, како и професорите Гане Тодоровски и Владо Поповски зборуваа за историските и за правните околности на настанот. Академикот Гане Тодоровски истакнал дека: „Ова е еден пример на реваншизам, тој одбивен декор на слободата. Хајка на одмаздништво што го водеше немакедонското намесништво“. Професорот Ѓорѓи Малковски од Институтот за историја во Скопје најави дека ќе издаде книга за случајот да биде целосно расветлен.[13]

Жртвите

Масакрираните велешки затвореници биле[1] :

  1. Д-р Богдан Поп Ѓорчев (40 г.) — лекар, деец на ММТРО
  2. Благој Ѓорчев (36 г.) — служител
  3. Димко Крепиев (60 г.) — деец на ВМОРО
  4. Лазар Крепиев (64 г.) — братучед на Димко
  5. Асен Варналиев (34 г.) — часовничар, роднина на Иван Варналиев
  6. Димко Нацев (52 г.) — манифактурист
  7. Лазар Илиев (66 г.)
  8. Тодор Накинов
  9. Панче Караколев (28 г.)
  10. Перо Торопанов (50 г.) — шивач
  11. Ратко Торопанов — син на Перо
  12. Стефан Филипов (32 г.)
  13. Тодор Порецов (62 г.) — касап
  14. Диме Сребров (35 г.)
  15. Георги Унев (40 г.)
  16. Орце Несторов
  17. Ганчо Вишинов
  18. Владо Јорданов
  19. Ристо Мајсторов
  20. Георги Црвенов
  21. Перо Дридаров (52 г.)
  22. Мирко Божинов
  23. Милан Зафиров
  24. Димко Манасиев
  25. Георги Петров
  26. Петар Костов
  27. Петре Тончов (43 г.)
  28. Пано Манев — деец на ВМРО, војвода на контрачета
  29. Јордан Бошков (30 г.)
  30. Владо Темелков - Андреев од с. Славец
  31. Ангел Ставрев
  32. Илија Темелков
  33. Јован Лажпетков
  34. Јован Теов
  35. Илија Николов
  36. Тодор Мирчев
  37. Стојан Ангелов
  38. Александар Костадинов
  39. Тасе Костадинов
  40. Дачо Трајчев
  41. Атанас Иванов
  42. Гано Динов
  43. Славе Иванов
  44. Ангел Бадников
  45. Данчо Игев
  46. Камче Ацев - Настев
  47. Герасим Јанев
  48. Славко Симонов
  49. Мијалчо Димитров
  50. Раде Радев
  51. Цветко Мутавчиев
  52. Али Асанов
  53. Сејфедин Фајазит

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.
  2. „Токмаци удрија врз стреланите велешани“. Дневник. 13.04.2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Масакрот во Велес“. Македонска нација. 23.01.2013. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995.
  5. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 924 стр.
  6. Андонов, Илија - Ченто, „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“, Скопје, 1999, ISBN 9989-878-89-9
  7. Рунтев, Александар, „Македонија - Долината на плачот и гробница на своите синови за ВМРО“, Штип, ДООЕЛ - Туртел - Принт, 2002
  8. „66 години подоцна, случај 53 стрелани велешани“. tirekovmirece.com. 15.01.2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. „Вандализам на гробиштата во црквата „Свети Спас" во Велес“. Канал 5. 12.04.2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „Осквернавен споменикот на убиените велешани“. Утрински. 13.04.2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „Сквернавена гробницата на 53-та стрелани велешани“. A1. 12.04.2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. „Стреланите велешани и понатаму со искршен споменик“. Дневник. 15.01.2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. „Не рехабилитација, туку поништување на пресудите за ликвидираните“. Време. 17.01.2005. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски