Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
727.786
уредувања
с (→Aктерски амбиции: Исправка на неважечки формат во наводи, replaced: publisher=''[[ → publisher= using AWB) |
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (16), Cite book → Наведена книга (17), cite book → Наведена книга (4)) |
||
}}
'''Мерилин Монро''', родена како '''Норма Џин Мортенсон'''<ref name="name">Откако добива дозвола од Градскиот Суд и Државата Њујорк, Норма Џин Мортенсон го менува своето име во Мерилин Монро на 23 февруари 1956 година.</ref><ref>{{
Последните години од животот на Монро се обележани со болести, лични проблеми и репутација на несигурна личност, тешка за соработка. Околностите за нејзината смрт, од предозираност од [[барбитурати]], се предмет на истрага. Иако официјално се смета за „веројатно самоубиство", можностите дека се работи за случајно предозирање, а, исто така, и убиство – не се исклучени. Во [[1999]] година, [[Американскиот Филмски Институт]] ја прогласува Мерилин Монро за [[АФИ 100 години... 100 ѕвезди|шеста најголема филмска ѕвезда во историјата]]. Во годините и децениите по нејзината смрт, Монро често е наведувана како поп и културна икона, а исто така и и како знаменит американски [[секс симбол]]. Во [[2013]] година, Монро била постхумно избрана за новото заштитно лице на познатиот парфем "[[Шанел 5]]".<ref>{{
== Семејство и рани години ==
Во 1933 година, Гледис купува куќа и ја доведува Норма Џин да живее со неа. Сепак, неколку месеци по преселувањето, Гледис доживува ментален слом, започнувајќи еден цел низ на ментални епизоди кои ќе ја мачат до крајот на нејзиниот живот. Во ''Мојата приказна'', Монро се сеќава како мајка ѝ „врескала и се смеела" додека присилно е преместена во Државната болница во Норвок. Норма Џин е прогласена за грижа на државата, па најдобрата пријателка на Гледис, Грејс Мек Ки, станува нејзин старател. Грејс е таа која што ѝ кажува на Монро дека еден ден таа ќе стане филмска звезда. Грејс била восхитена од [[Џин Харлоу]], па ќе затоа ја пуштала Норма Џин да носи шминка и ја водела да ѝ ја виткаат косата. Ја водела со себе и на кино, на тој начин овозможувајќи да се вообличи основата за фасцинацијата на Норма Џин со филмот и ѕвездите на екранот.
Грејс Мек Ки се венча за Ервин Силимен (Док) Годард во 1935 година, а деветгодишната Норма Џин е пратена во Домот за деца без родители во Лос Анџелес (подоцна преименуван во Холигров [''Hollygrove''], а потоа е препратена кај цела низа на згрижувачки семејства.<ref>{{
Кај Годардови Норма уште еднаш ќе остане само накратко. Кон крајот на 1942, Грејс и Док одлучуваат да се преселат во Вирџинија, каде Док добива богата понуда за работа. Годардови одлучуваат да не ја земат Норма Џин со нив (причините никогаш не се објаснети), така што Грејс требаше да најде дом за неа пред да се преселат. Едно семејство од соседството се понудува да ја посвои Норма Џин, но Гледис не се согласува. Немајќи голем избор, Грејс ѝ се обраќа на мајката на Доерти и ѝ предложува Џим да се ожени со Норма за таа да не мора да се врати во сиропиталиште или згрижувачко семејство. Џим првично се колеба, бидејќи Норма Џин има само шестнаесет години, но потоа попушта и се венча со неа на церемонија организирана од Ана Лоуер, по пораното завршување на средното училиште уште во јуни 1942. Монро накратко ѝ помага на својата фамилија околу домаќинството, пред да најде работа во една мала фабрика.<ref name="name"/><ref>[http://www.dailymail.co.uk/femail/article-1329265/Marilyn-Monroes-stuffing-recipe-reveals-hidden-talent-domestic-goddess.html "Let's make loaf: Marilyn Monroe's stuffing recipe reveals her hidden talent as a domestic goddess"]. ''Daily Mail''. November 13, 2010. Retrieved May 13, 2011.</ref> Во нејзината автобиографија таа ќе појасни дека не се чувствувала како жена: уживала да си игра со маалските деца сè додека нејзиниот сопруг не ја повикал дома. Во 1943-та, во жарот на Втората светска војна, Џим се пријавува во [[Тргувачката морнарица]] и е транспортиран на Пацификот. Исплашена дека тој можеби нема да се врати жив, Норма Џин го моли да се обиде да ја забремени пред да замине. Доерти не се согласува, чувствувајќи дека таа е премногу млада за да има бебе, но вети дека ќе се навратат на темата кога ќе се врати дома. Потоа, Норма Џин се сели кај мајката на Доерти.
Нејзината успешна кариера како модел му го привлекува вниманието на [[Бен Лион]], извршител на ''20th Century Fox'', кој организира пробно снимање за неа. Лион беше воодушевен и забележува: „Тоа е Џин Харлоу одново“. Понуден ѝ е стандарден шест-месечен договор со почетна плата од 125 долари неделно. На Лион не му се допаѓа името Норма Џин и ѝ го избира „Керол Линд“ како сценско име – по Карол Ломбард и Џени Линд – но наскоро самиот заклучува дека ова не е соодветен избор. Норма Џин е поканета да го мине викендот со Лион и неговата сопруга Биби Даниелс во нивниот дом. Таму тие одлучија да ѝ најдат ново име. По стапките на нејзиниот идол [[Џин Харлоу]], Норма Џин одлучува да го избере моминското презиме на мајка ѝ – Монро. Неколку варијации како што се Норма Џин Монро и Норма Монро се пробани и конечно е избрано „Џин Монро“. Сепак, најпосле, Лион одлучува дека сака таа да има ново име, бидејќи имало многу глумици со името Џин, или варијација на истото како [[Џин Питерс]], [[Џин Тирни]], [[Жан Крејн]] и [[Жан Артур]]. Барајќи некои поалитерациско име, Лион го предложува „Мерилин“, коментирајќи дека таа го потсетува на [[Мерилин Милер]], секси актерка на Бродвеј во 1920-тите години. Норма Џин отпрвин е колеблива бидејќи Мерилин е само скусување на името Мери Лин (Мary Lynn), име што не ѝ се допаѓа. На Лион, сепак, му се чини дека името „Мерилин Монро" е секси, „убаво тече“ и може да биде „среќно“ поради двојното „М"; така Норма Џин Бејкер го зеде името Мерилин Монро.
Првата филмска улога на Мерилин Монро е незаведената улога како телефонски оператор во ''[[Скандалозната госпоѓица Пилгрим]]'' во 1947 година.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt0039819/fullcredits Full cast and crew for The Shocking Miss Pilgrim], [http://www.imdb.com/ Internet Movie Database].</ref> Добива кратка улога истата година во ''[[Опасните години]]'' и дополнителен настап во ''[[Зелената трева на Вајоминг]]'' и ''[[Беше суден за мене]]'', а исто така и улога со појава во три сцени како Бети во ''[[Скуда Ху! Скуда Хеј!]]''. Всушност, делот на Монро во ''[[Скуда Ху! Скуда Хеј!]]'' требаше да биде долг три сцени, но пред појавувањето на филмот нејзиниот дел е пресечен на само една кратка сцена од една реплика. ''[[Зелената трева на Вајоминг]]'', ''[[Беше суден за мене]]'' и ''[[Скуда Ху! Скуда Хеј!]]'' нема да бидат проектирани до 1948 година, месеци по завршувањето на договорот на Монро кон крајот на 1947. Таа се обидува да најде работа на филм, но додека невработена – позира за голи фотографии. Ѝ плаќаат 50 долари, а на отписницата таа се потпишува како „Мона Монро". Тоа е единствениот пат таа да биде платена за голите фотографии. Истата година, исто така, е крунисана и како ''Кралица на артичоките Мис Калифорнија'' (''Miss California Artichoke Queen'') на годишниот фестивал на [[артичока|артичоките]] во Кастровил.<ref>{{
Во 1948 година, Монро потпишува шестмесечен договор со ''Columbia Pictures'' и е претставена пред главниот учител по драма на студиото Наташа Литес, која ќе биде нејзин актерски учител во неколку години. Глуми во нискобуџетниот мјузикл ''[[Дамите од хорот]]''. Монро е напишана со големи букви како една од најсветлите точки на филмот, но филмот не носи никаков успех ниту за ''Колумбија'', ниту пак за Мерилин. За време на нејзиниот краток престој во ''Колумбија'', главниот на студиото Хери Кон на некој начин го омекнува нејзиното појавување, коригирајќи го благиот прегриз што Мерилин го има.
Таа има мала улога во филмот на Браќата Маркс, ''[[Среќни во Љубовта]]''(1949). Ги импресионира продуцентите, кои ја праќаат во [[Њујорк]] за да учествува во филмската промотивна кампања.<ref name=Summers45>Summers, p. 45.</ref> Улогата на Монро во ''[[Среќни во Љубовта]]'' го привлекува вниманието на агентот за таленти, Џони Хајд, кој се согласува да ја застапува. Тој ѝ договара аудиција кај [[Џон Хјустон]], кој ја најмува за во ''[[Џунгла на асфалтот]]'' да игра улога на млада љубовница на еден стар криминалец. Нејзината изведба е пофалена и е забележана од страна на писателот и режисер [[Џозеф Манкјевич]]. Тој го прифаќа предлогот на Хајд, Монро да одигра мала комична улога во ''[[Сè за Ева]]'' како госпоѓица Кесвел, амбициозна актерка, опишана од друг лик во филмот како студент на „Факултетот Копакабана за драмски уметности". Манкјевич подоцна коментира дека тој во неа забележал невиност која му се допаднала и дека токму ова ја потврдила неговата убеденост дека Монро е соодветна за улогата. По успехот на Монро во овие улоги, Хајд преговара за седумгодишен договор за неа со ''20th Century Fox'', кратко пред неговата смрт во декември 1950 година.<ref>Riese and Hitchens, p. 228.</ref> Некаде во текот на овој период на 1949-1950, Хајд договара на Монро да ѝ се отстрани еден мал дел од 'р'скавицата од нејзиниот малку луковичест нос, што подоцна, уште повеќе ќе го омекне нејзниниот изглед и ќе придонесе за онаа мала варијација во изгледот што таа го има во филмовите после 1950-тата.
Монро се запишува на УКЛА во 1951 година каде што студира литература и почит кон уметностите,<ref>Summers, p. 50.</ref> и се јавува во неколку помали филмови играјќи наспроти многу поискусните ѕвезди како [[Мики Руни]], [[Констанца Бенет]], [[Џун Алисон]], [[Дик Пауел]] и [[Клодет Колберт]]. Во март 1951 година, таа се појави како водителка на церемонијата на [[Оскари|Дваесет и третото доделување на Оскарите]]. Во 1952 година, Монро се јавува на насловната страница на списанието Look, облечена во џемпер на Институтот за технологија во Џорџија како дел од една статија која го прославува прифаќањето на девојките на главниот кампус на факултетот. На почетокот на 1950-тите години, двајцата, Монро и Грег Палмер, неуспешно аудицираат за улогите на Дејзи Меј и Абнер во предложената [[Лил Абнер]] телевизиска серија базирана на комичниот стрип на Ал Кеп, но идејата никогаш и не се материјализира.<ref>{{
=== Развој на кариерата ===
Нејзиниот следен филм е ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' (1953) во кој игра покрај [[Џејн Расел]], во режија на [[Хауард Хокс]]. Нејзината улога како Лорелај Ли, [[танчар]]ка што оди по пари, бара од неа да глуми, пее и танцува. Двете ѕвезди стануваат пријателки, а Расел ја опишува Монро како „многу срамежлива и многу слатка и далеку поинтелигентна од тоа што луѓето велат дека е“. Подоцна таа се сеќава дека Монро ја покажувала својата посветеност со вежбање на своите танцови точки секоја вечер дури и откако кога поголем дел од екипата ке си заминела; како по навика, сепак, вообичаено пристигнувала доцна на сетот за снимање. Откако открива дека Монро останува во нејзината соблекувална до подоцна поради трема и дека Хокс е сè понестрплив со нејзиното доцнење, Расел почнува да ја придружува до сетот.<ref>Russell, p. 138.</ref>
На премиерата на филмот во [[Лос Анџелес]], Монро и Расел ги врежуваат своите раце и стапалки во цементот на дворот од Граумановиот Кинески театар. Монро е оценета позитивно од критиката, а филмот заработува повеќе од двојно од тоа колку чини неговата продукција.<ref>Churchwell, p. 63.</ref> Нејзиниот препев на „Дијамантите се најдобриот пријател на девојката“ оттогаш е речиси поистоветен со неа. ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' е, исто така, еден од најраните филмови во кои [[Вилијам Травила]] ја облекува Монро. Травила ќе ја облекува Монро во осум од нејзините филмови, вклучуваќи ги ''[[Автобуска станица]], [[Нема потреба да тропаш]], [[Како да се омажиш за милионер]], [[Реката на неповратот]], [[Не постои бизнис како шоу бизнисот]], [[Мајмунска работа]]'' и ''[[Седум години верност]]''.<ref>{{
==== Како да се омажиш за милионер ====
''[[Како да се омажиш за милионер]]'' е комедија за три модели со план да привлечат богати мажи. Филмот ја здружува Монро со [[Бети Грејнл]] и [[Лорен Бекол]] и е режиран од [[Жан Негулеско]].<ref name=RieseHitchensp222>Riese and Hitchens, p. 222.</ref> Продуцентот и сценарист [[Нанели Џонсон]] изјави дека ова е прв филм во кој публиката „ја сакаше Монро каква што е за самата неа и дека и самата таа ја дијагностицираше причината многу точно. Таа рече дека ова е единствениот филм во којшто била, а во кој имала мерка на скромност... за сопствената привлечност“.
Филмовите на Монро од овој период ја утврдуваат нејзината персона на „глупава русокоса“, а ова, пак, придонесува кон нејзината популарност. Во 1953-та и 1954-та, таа е ставена на листата на годишниот ''Quigley Poll of the Top Ten Money Making Stars'', составен од гласовите на филмските прикажувачи низ [[Соединетите Американски Држави]] според тоа која ѕвезда создала најмногу приходи во нивните театри во текот на претходната година.<ref>{{
==== Aктерски амбиции ====
[[Image:Marilyn Monroe.jpg|thumb|left|Мерилин Монро позира со војници во Кореја на 17-ти февруари 1954.]]
Таа и [[Џо Димаџо]] се венчаат во [[Сан Франциско]] на 14-ти јануари 1954 година. Наскоро потоа заминуваат во Јапонија, комбинирајќи го својот меден месец со службено патување претходно организирано од Димаџо. Две недели таа игра споредна улога покрај Димаџо додека овој го спроведува својот бизнис, самата кажувајќи му на еден новинар: „Бракот е мојата главна кариера од сега па натаму". Монро потоа патува сама до Кореја, каде настапува за 13.000 американски маринци во период од три дена. Подоцна изјавува дека искуството ѝ помогнало да го надмине стравот за настапување пред големи толпи. Едвард Х. Коминс (1932-2011) од Лас Вегас, Невада – добитник на бронзен медал во Корејската војна, ќе изјави дека готвел за Монро за време на еден од нејзините ангажмани во странство.<ref>{{
По враќањето во Холивуд во март 1954-тата година, Монро ги разрешува несогласувањата со ''20th Century Fox'' и се појавува во мјузиклот Не постои бизнис како шоу бизнис. Филмот не успеа да ги поврати своите продукциски трошоци<ref name=Churchwell66 /> и е лошо примен од критичарите. [[Ед Саливан]] ја опишува изведбата на Монро на песната „Toплински бран“ како „еден од најскандалозните навреди на добриот вкус" кој тој можел да ги посведочи.<ref>Riese and Hitchens, p. 338.</ref> Списанието ''Тајм'' неблагопријатно ја споредува со коsвездата Етел Мерман, додека Босли Кроутер за ''Њујорк Тајмс'' вели дека [[Мици Гејнор]] ја надминала дури и "срамната за гледање" изведба на Монро. Рецензиите, всушност, ги повторуваат размислите и на самата Монро за филмот. Го снимила без волја, само поради тоа што истиот би ѝ ја овозможил главната улога во филмската адаптација на Бродвеј хитот ''[[Седум години верност]]''.
=== Натамошна еволуција на актерската кариера ===
[[Милтон Грин]] првпат ја сретнува Монро во 1953-тата година кога е назначен да ја фотографира за списанието ''Look''. Додека многу фотографи се обидуваат да го истакнат нејзиниот секси-имиџ, Грин ја претставува во многу поскромни пози и Монро е задоволна со неговата работа. Бидејќи со време се развива пријателство меѓу нив, таа му ја доверува својата фрустрација по однос на договорот и улогите што ѝ се понудени од ''20th Century Fox''. Нејзината плата за ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' изнесува 18.000 долари, додека на слободната агентка [[Џејн Расел]] ѝ се платени повеќе од 100.000 долари. Грин се согласува дека таа би можела да заработи повеќе доколку го напушти ''20th Century Fox''. Тој се откажува од својата работа во 1954 година, го даде својот дом под хипотека за да ја финансира Монро и ѝ дозволи да живее со неговата фамилија додека да го определат идниот тек на нејзината кариера.<ref>{{
На 8-ми април 1955 година, новинарот ветеран Едвард Р. Мароу ги интервјуираше Грин и неговата сопруга Ејми, како и Монро, во домот на Грин во Конектикат во жив пренос на CBS програма Лице в лице. Снимката од преносот е пуштена на аматерско видео.<ref>{{
==== Актерското студио ====
[[Image:Marilyn Monroe in The Misfits trailer 2.jpg|thumb|left|Монро во својот последен комплетиран филм ''[[Неприлагодени]]'' (1961)]]
Во 1956 година, [[Артур Милер]] имал за кратко живеено во Невада, каде беше напишал еден расказ за некои од месните жители со коишто се запознал – разведена жена и неколку остарени каубои. До 1960 година, тој го развива расказот во сценарио со визија дека истиот содржи и погодна улога за Монро. Ќе биде ова нејзиниот последен комплетиран филм, ''[[Неприлагодени]]'', во режија на [[Џон Хјустон]], а со [[Кларк Гејбл]], [[Монтгомери Клифт]], [[Илај Валах]] и [[Телма Ритер]] во главните улоги. Снимањето започнува во јули во 1960 година, при што најголем дел од него се случува во жешката северна пустина на [[Невада]].<ref>{{
|url=http://nsla.nevadaculture.org/index.php?option=com_content&task=view&id=732&Itemid=418
|title=Myth #60 – Myths and "The Misfits"
[[Image:Marilyn_Monroe_crypt2.jpg|thumb|Гробницата на Мерилин Монро (2005)]]
На 5-ти август 1962 година, полицискиот наредник на полицијата на Лос Анџелес – Џек Клемонс – во 4:25h, прима повик од д-р Ралф Гринсон, психијатарот на Монро, кој му кажува дека Монро е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Брентвуд во Лос Анџелес, Калифорнија.<ref name="Marilyn1">Wolfe, Donald H. The Last Days of Marilyn Monroe. (1998) ISBN 0-7871-1807-9.</ref> Монро имаше 36 години. На подоцнежната обдукција, во нејзиниот систем се пронајдени осуммилиграмски процент од хлорал хидрат и 4.5 милиграмски процент од ''Нембутал'', а д-р Томас Ногучи од Иследничката канцеларија на Лос Анџелес ќе ја прибележи причината за смртта како „акутно труење со барбитурати“ како резултат на „веројатно самоубиство“.<ref>Summers, pp. 319, 320.</ref> Многу теории, вклучувајќи и убиство, кружеа по однос на околностите на нејзината смрт и временските околности по наоѓањето на нејзиното тело. Некои теории на заговор ги влучуваа и [[Џон Ф. Кенеди|Џон]] и [[Роберт Кенеди]], додека други сугерираа соучество на [[ЦИА]] или [[мафија]]та. Се вели дека последната личност која Монро ја побарала бил [[Џон Ф. Кенеди|Претседателот]].<ref>Reed, Jonathan M. & Squire, Larry R. The Journal of Neuroscience, May 15, 1998, 18(10):3943–3954.</ref><ref name=leamer>{{
На 8-ми август 1962 година Мерилин Монро е погребана во гробница во ''Алејата на Спомените'' со број 24, во ''Меморијалната гробница'' во [[Вествуд, Лос Анџелес]]. [[Еулогија]]та беше прочитни, доколку таа умреше пред него. Монро го носеше нејзиниот омилен зелен фустан од [[Емилио Пуана]] од [[Ли Стразберг]]. Празното место од левата страна на Монро беше купено и резервирано од страна на [[Хју Хефнер]] во 1992 година.<ref name="bbcnews-burial">{{cite news |url=http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/americas/8204358.stm |title=Monroe 'burial plot' up for sale|publisher=BBC |accessdate=2009-08-17 |date=August 16, 2009}}</ref> Димаџо ги организираше погребалните подготовки на погребот кој се состоеше само од триесет и една личност од блиската фамилија и пријателите. Полицијата исто така беше присутна за да ги држи настрана новинарите.<ref name="franksreelreviews1">Wilkins, F. [http://www.franksreelreviews.com/shorttakes/marilynmonroe.htm]."Reel Reviews". 17-ти април 2010, посетена на 27-ми февруари 2011.</ref> Нејзиниот ковчег беше направен од тврда бронза, порабен со свила со боја на шампањ. Алан „Вајти” Снајдер ја нашминка, што наводно беше ветување направено во претходните години. Во нејзините раце имаше мал букет од розови ружи. Во секоја од наредните 20 години, црвени ружи беа ставани во вазна прикачена на гробницата – годишен ритуал на Џо Димаџо.<ref name="franksreelreviews1"/>
Во август 2009 година, гробницата сместена веднаш над онаа на Монро е ставена на аукција<ref>{{
=== Распределба на имот ===
[[File:Marilyn.Monroe.House.v2.jpg|thumb|Монроовиот дом во [[Брентвуд]], [[Лос Анџелес]] (1992)]]
Во својот тестамент, Монро му ги припишува на [[Ли Стразберг]] личните предмети, кои изнесуваат нешто повеќе од половината од нејзиниот преостанат имот, изразувајќи желба дека Ли „ќе ги распредели предметите меѓу моите пријатели, колеги и сите оние на кои сум им посветена“.<ref>{{
Г-ѓа Стразберг потоа ќе ги тужи децата на четири фотографи за да ги одреди правата на публицитет, кои забрануваат лиценцирање на фотографии на починати личности за комрецијални цели. Одлуката дали Монро е жител на Калифорнија – каде ќе умре и каде нејзиниот тестамент ќе биде потврден, или Њујорк – кој таа го смета за нејзино примарно престојувалиште – вредеше милиони.<ref>{{cite news |date=April 10, 2006 |url=http://www.post-gazette.com/pg/06100/681034-28.stm |title=A battle erupts over the right to market Monroe |first=Nathan |last=Koppel |publisher=Pittsburgh Post-Gazette |accessdate=2008-08-25 }}</ref>
На 4-ти мај 2007 година, њујоршки судија одлучува дека авторските права на Монро врз нејзините фотографии завршиле со нејзината смрт.<ref>{{
Indy firm loses Marilyn Monroe rights case |first=Michael W. |last=Hoskins|publisher=cms.ibj.com |accessdate=2008-03-19 }}</ref> Во октомври 2007, гувернерот [[Арнолд Шварценегер]] го потпишува Указот на Сенатот со број 771.<ref>[http://info.sen.ca.gov/pub/07-08/bill/sen/sb_0751-0800/sb_771_bill_20071010_chaptered.html info.sen.ca.gov SB 771]. Retrieved December 31, 2008.</ref> Легислативата е поддржана од Ана Стразберг и ''Здружението на филмските актери на САД''<ref>[http://www.sag.org/node/717 Screen Actors Guild on SB 771].</ref>, и констатира дека оние кои не се членови на семејството би можеле да ги наследат правата на публицитет преку клаузула во тестаментот на починатата личност, ако во времето на смртта истата била жител на Калифорнија.<ref>[http://www.nytimes.com/2007/10/24/arts/24cele.html?ei=5088&en=97aaa73cfc277420&ex=1350878400&partner=rssnyt&emc=rss&pagewanted=all Long-Dead Celebrities Can Now Breathe Easier] ''New York Times'' 24-ти октомври 2007.</ref>
Во март 2008 година, Окружниот суд на [[Лос Анџелес]] во [[САД]] пресуди дека Монро била жител на Њујорк во времето на нејзината смрт, повикувајќи се на изјавата на извршителот на нејзиниот тестамент до калифорниските даночни власти, како и на една писмена изјава дадена под заклетва на нејзиниот настојник од 1966 година.<ref>[http://www.realestatejournal.com/buysell/regionalnews/20080401-koppel.html?mod=RSS_Real_Estate_Journal&rejrss=frontpage Marilyn Monroe Estate Takes a Hit] ''The Wall Street Journal Online'' April 1, 2008. Retrieved 2008-12-31.</ref> Одлуката беше потврдена од Окружниот суд на [[Њујорк]] во септември 2008 година.<ref>[http://www.insideindianabusiness.com/newsitem.asp?ID=31327 Indiana Company Loses Marilyn Monroe Lawsuit] ''Inside Indiana Business'' September 4, 2008. Retrieved 2008-12-31.</ref> Во 2010-тата, домот на Монро во [[Брентвуд]] е ставен на продажба од страна на ''Prudential California Realty''.<ref>{{
|url=http://www.nationalledger.com/ledgerpop/article_272633253.shtml
|title=Celebrity Real Estate – Marilyn Monroe Home (Photos) for Sale in Brentwood
==Библиографија==
{{refbegin|colwidth=30em}}
* {{
* {{
* {{
* {{Cite journal
| last=Kouvaros
| id=
| jstor=1213933}}
* {{
* {{
* {{
* {{
* Jacke, Andreas: Marilyn Monroe und die Psychoanalyse. Psychosozial Verlag, Gießen 2005, ISBN 978-3-89806-398-2, ISBN 3-89806-398-4
* {{
* Meaker, M. J. ''Sudden Endings: 13 Profiles in Depth of Famous Suicides'' Doubleday & Company, Inc., Garden City, NY: 1964 p. 26-45: "Marilyn and Norma Jean: Marilyn Monroe"
* {{
* {{
* {{
* {{
* {{
* {{
* {{
* {{
* {{
{{refend}}
|
уредувања