Очилна мечка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Заштита: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население
с →‎Особености: Јазична исправка, replaced: == Карактеристики == → == Особености ==
Ред 33: Ред 33:
Иако андските мечки се изолираат едни од други за да избегнат конкуренција, сепак тие не бранат територија како повеќето други видови на мечки. При средба со [[човек]] или со други андски мечки, тие реагираат внимателно но питомо, освен ако натрапникот не претставува опасност за мечката или нејзините малечки. Како и останатите мечки, мајките се однесуваат многу заштитнички кон младенчињата и се во состојба да нападнат. Сепак, досега во [[Јужна Америка]] не е регистрирана смрт предизвикана од напад на мечка.
Иако андските мечки се изолираат едни од други за да избегнат конкуренција, сепак тие не бранат територија како повеќето други видови на мечки. При средба со [[човек]] или со други андски мечки, тие реагираат внимателно но питомо, освен ако натрапникот не претставува опасност за мечката или нејзините малечки. Како и останатите мечки, мајките се однесуваат многу заштитнички кон младенчињата и се во состојба да нападнат. Сепак, досега во [[Јужна Америка]] не е регистрирана смрт предизвикана од напад на мечка.


== Особености ==
== Карактеристики ==
[[Податотека:Spectacled_Bear_-_Houston_Zoo.jpg|thumb|Очилна мечка во зоолошката градина во [[Хјустон]]|240px|left]]
[[Податотека:Spectacled_Bear_-_Houston_Zoo.jpg|thumb|Очилна мечка во зоолошката градина во [[Хјустон]]|240px|left]]
Очилната мечка поседува многу развиен осет за [[мирис]] со кој се адаптира на условите во дождовните шуми и и овозможува да најде храна во пукнатините на [[почва]]та и на високите дрвја. Поседуваат и долги, остри [[канџи]] кои ги користат за ископување на корењата на [[растенија]]та.
Очилната мечка поседува многу развиен осет за [[мирис]] со кој се адаптира на условите во дождовните шуми и и овозможува да најде храна во пукнатините на [[почва]]та и на високите дрвја. Поседуваат и долги, остри [[канџи]] кои ги користат за ископување на корењата на [[растенија]]та.

Преработка од 05:36, 15 јули 2020

Очилна мечка
Очилна мечка во зоолошката градина во Бразил
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Потсемејство: Tremarctinae
Род: Tremarctos
Научен назив
Tremarctos ornatus
(Cuvier, 1825)

Очилната мечка (науч. Tremarctos ornatus) позната и како андска мечка, е најблиската роднина на изумрените мечки од видот Arctodus, кои исчезнале за време на средниот и доцен плеистоцен[1][2].

Очилната мечка е мал вид на мечки со потекло од Јужна Америка. Има црно крзно со белези со беж боја по лицето и градите. Мажјаците се 33% поголеми од женките[3]. Мажјаците тежат од 130 до 200 кг, а женките 35-82 кг[4]. Ги среќаваме во повеќе региони во северниот и западниот дел на Јужна Америка, вклучувајќи ги источна Панама[5], западна Венецуела, Бразил[6], Колумбија, Еквадор, Перу, западна Боливија и северозападна Аргентина. Очилните мечки се единствениот преживеан вид на мечки на овој континент, и единствениот преживеан вид од родот Tremarctinae. Нивното преживување веројатно се должи на способноста да се искачуваат дури и на највисоките дрвја на Андите.

Етимологија

Tremarctos ornatus ја нарекуваме и очилна мечка, алудирајќи на специфичните белези на градите, вратот и на лицето, кои кај некои индивидуи наликуваат на очила. Името „андска мечка“ е поради нивната распространетост во долж на Андите.

Живеалиште и исхрана

Живеалиште на овој вид на мечки се Андите и регионите околу нив. Во овие предели има изобилство од вода и вегетација, што претставува погодни услови за нивната исхрана која се состои од корења, зрнести плодови (бобинки, јагоди, рибизли и сл.), инсекти и повремено мали глодари или мрша. Овие дневни животни, не хибернираат за време на зимата, но сепак се повлекуваат во дувла кога времето е многу студено. Живеат во високите предели со умерена клима и во суптропските дождовни шуми. Голем дел од времето го поминуваат на дрвјата, за да ги избегнат предаторите. Освен човекот, единствени животни кои можат да нападнат возрасна андска мечка се пумата и јагуарот. Младите мечиња имаат инстинктивен нагон да се качуваат до највисоките дрвја, камења и карпи.

Најчесто овие мечки се среќаваат во шумите на Андите над 2000 метри надморска висина, поретко во дождовните шуми и во шумите на границата помеѓу Еквадор и Перу.

Социјални карактеристики

Иако андските мечки се изолираат едни од други за да избегнат конкуренција, сепак тие не бранат територија како повеќето други видови на мечки. При средба со човек или со други андски мечки, тие реагираат внимателно но питомо, освен ако натрапникот не претставува опасност за мечката или нејзините малечки. Како и останатите мечки, мајките се однесуваат многу заштитнички кон младенчињата и се во состојба да нападнат. Сепак, досега во Јужна Америка не е регистрирана смрт предизвикана од напад на мечка.

Особености

Очилна мечка во зоолошката градина во Хјустон

Очилната мечка поседува многу развиен осет за мирис со кој се адаптира на условите во дождовните шуми и и овозможува да најде храна во пукнатините на почвата и на високите дрвја. Поседуваат и долги, остри канџи кои ги користат за ископување на корењата на растенијата.

Мечките може да препознаат друга индивидуа на андска мечка по специфичните белзи. Исто така тие се способни и да ја планираат нивната бременост со цел да ги роди малечките во најповолниот период од годината. Сексуалната зрелост ја достигнуваат на возраст од 4 години, а живеат до 21 година.

Иако најчесто се хранат со растенија и плодови, сепак во документарецот на BBC „ Natural World, Spectacled Bears - Shadows of the Forest“ (Природен свет, Очилните мечки – сенки на шумата), возрасна мечка била снимена како јаде мрша од говедо. Локалните селани тврдат дека биле сведоци на напад од очилна мечка врз говедо. Сликани се и фотографии кои ги покажуваат раните кои се различни од раните добиени од напад од пума. Се претпоставува дека е можно мечките да го менуваат нивниот начин на исхрана поради уништувањето на дождовните шуми.

Заштита

Денес остануваат околу 2000 индивидуи. Андските мечки се ранлив вид поради бројни причини. Тие се ловени од месното население поради верувањето дека го напаѓаат добитокот, и покрај фактот дека овие мечки јадат месо во многу мали колочини. Ловени се и поради нивното месо (посебно ценето во северно Перу), крзното и жолчниот меур кој е доста ценет во ориенталната медицина и достигнува висока цена на пазарот. Опасност се јавува и поради намалувањето на површините на нивното природно живеалиште и уништувањето на дождовните шуми.

Наводи

  1. Grizzly Bear.org: Spectacled Bear
  2. Bear Planet
  3. Brown, Gary (1996). Great Bear Almanac. стр. pp.340. ISBN 1-55821-474-7.CS1-одржување: излишен текст (link)
  4. Spectacled, or Andean, Bear - National Zoo| FONZ
  5. Bunnell, Fred (1984). Macdonald, D. (уред.). The Encyclopedia of Mammals. New York: Facts on File. стр. 96. ISBN 0-87196-871-1.
  6. „Spectacled bear, Andean bear, ucumari“. BBC - Science & Nature - Wildfacts. BBC.