Тесла (единица): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација, ситна поправка
с Јазична исправка, replaced: неодимиум → неодиум
Ред 34: Ред 34:
* 31&nbsp;µT (3,1×10<sup>−5</sup>&nbsp;T) - силата на магнетното поле на Земјата, на [[екватор]]от (0° ГД)
* 31&nbsp;µT (3,1×10<sup>−5</sup>&nbsp;T) - силата на магнетното поле на Земјата, на [[екватор]]от (0° ГД)
* 5&nbsp;mT - сила на магнет за [[фрижидер]]
* 5&nbsp;mT - сила на магнет за [[фрижидер]]
* 1,25&nbsp;T - јачина на магнетното поле на површината на еден неодимиумски магнет
* 1,25&nbsp;T - јачина на магнетното поле на површината на еден неодиумски магнет
* 1&nbsp;T до 2,4&nbsp;T - сила на магнет од типичен звучник
* 1&nbsp;T до 2,4&nbsp;T - сила на магнет од типичен звучник
* 1,5&nbsp;T до 3&nbsp;T - сила на медицинска [[магнетна резонанца]] во практичната употреба (експериментално до 17 T)<ref>{{цмс|url=http://www.bruker-biospin.com/uhf-mri.html |title=Ултрависоко поле |publisher=Bruker BioSpin |date= |accessdate=4 ноември 2011}} {{en}}</ref>
* 1,5&nbsp;T до 3&nbsp;T - сила на медицинска [[магнетна резонанца]] во практичната употреба (експериментално до 17 T)<ref>{{цмс|url=http://www.bruker-biospin.com/uhf-mri.html |title=Ултрависоко поле |publisher=Bruker BioSpin |date= |accessdate=4 ноември 2011}} {{en}}</ref>
Ред 52: Ред 52:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Изведени SI-единици]]
[[Категорија:Изведени SI-единици]]
[[Категорија:Електромагнетизам]]
[[Категорија:Електромагнетизам]]

Преработка од 04:22, 15 јули 2020

Тесла (симб. T) — изведена SI-единица за магнетна индукција („густина на магнетен тек“). Една тесла е еднаква на еден вебер на квадратен метар. Усвоена е во 1960 година и именувана во чест на српскиот пронаоѓач Никола Тесла.[1]

Дефиниција

Честичка со набој од 1 кулон што минува низ магнетно поле од 1 тесла со брзина од 1 метар во секунда нормално на полето се соочува со сила од 1 њутн (Лоренцов закон за силата).

Во основни SI-единици, теслата може да се изрази и како

Жива жаба лебди во магнетно поле од 16 тесли

Употребени единици:

A = ампер
C = кулон
kg = килограм
m = метар
N = њутн
s = секунда
T = тесла
V = волт
Wb = вебер

Претворање

1 тесла е еднаква на:

10 000 (или 104) G (гаус), од системот СГС. Така, 10 G = 1 mT (милитесла), and 1 G = 10−4 T.
1 000 000 000 (или 109) γ (гами), од геофизиката. Така, 1 γ = 1 nT (нанотесла)

За изразување на нискофреквентно електромагнетно зрачење во домот, најпотребни се следниве равенства:

1000 nT (нанотесла) = 1 µT (микротесла) = 10 mG (милигаус)
1 000 000 µT = 1 T

Бидејќи теслата е преголема за секојдневна употреба, во електроинженерството силата на магнетите обично се изразува во гауси. Во науката мислењето е поделено: некои научници настојуваат да се држат до SI, додека други сакаат да бидат практични, па го користат гаусот.

Примери

  • 31 µT (3,1×10−5 T) - силата на магнетното поле на Земјата, на екваторот (0° ГД)
  • 5 mT - сила на магнет за фрижидер
  • 1,25 T - јачина на магнетното поле на површината на еден неодиумски магнет
  • 1 T до 2,4 T - сила на магнет од типичен звучник
  • 1,5 T до 3 T - сила на медицинска магнетна резонанца во практичната употреба (експериментално до 17 T)[2]

Поврзано

Наводи

  1. Усвајање назива "Тесла" за међународну јединицу магнетне индукције, Електротехнички институт "Никола Тесла", Годишњи извештај за 2006. годину, Срђан Спиридоновић, ISSN 1820-256X
  2. Предлошка:Цмс (англиски)

Надворешни врски