Јоргос Сеферис: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
#WPWPMK , #WPWP |
с →top: Стилска исправка, replaced: ) бил → ) — |
||
Ред 2: | Ред 2: | ||
[[Податотека:Blue plaque George Seferis, Sloane Avenue.jpg|right|thumb|Сина плакета во Лондон]] |
[[Податотека:Blue plaque George Seferis, Sloane Avenue.jpg|right|thumb|Сина плакета во Лондон]] |
||
'''Јоргос Сеферис''' (1900, [[Смирна]] - 1971, [[Атина]]) |
'''Јоргос Сеферис''' (1900, [[Смирна]] - 1971, [[Атина]]) — поет, есеист, преведувач, добитник на [[Нобелова награда за литература]]. На македонски јазик првпат била преведена неговата поезија во годината кога ја добил всушност Нобеловата награда, а книгоиздателството „Кочо Рацин“ објавило избор од неговиот поетски опус во 1965 година, под наслов „Поделба на заборавот“.<ref name="a">Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010</ref> |
||
==Животопис== |
==Животопис== |
Преработка од 11:03, 9 јули 2020
Јоргос Сеферис (1900, Смирна - 1971, Атина) — поет, есеист, преведувач, добитник на Нобелова награда за литература. На македонски јазик првпат била преведена неговата поезија во годината кога ја добил всушност Нобеловата награда, а книгоиздателството „Кочо Рацин“ објавило избор од неговиот поетски опус во 1965 година, под наслов „Поделба на заборавот“.[1]
Животопис
Сеферис бил роден во 1900 година, во Смирна. Татко му бил професор по Меѓународно право на Атинскиот универзитет и поради тоа од својата рана возраст живеел во една повисока духовна средина. Од 1918 до 1925 година студирал право во Париз, а потоа стапил во дипломатија во која служел сè до 1962 година. Умрел во 1971 година во Атина.[1]
Творештво
Објавил неколку збирки поезија: „Избор“ (1932), „Митска историја“ (1935), „Бродски дневник“ (1940, 1945, 1955), „Дрозд“ (1947), „Три тајни песни“ (1966) и други. Освен тоа, 1944 година објавил и книга есеи. Ги превел делата на Елиот, со кого го поврзува некакво духовно сродство.Но, превел дела и од Јетс, Андре Жид, Валери,Елијар и други.[1]
Награди и признанија
Добитник е на Нобелова награда за литература во 1963 година. Тој е поетот којшто во новогрчкиот говор го открил духот на современите европски поетски правци, задржувајќи една подлабока последователност на логика и едно чувство на внатрешен ритам. Неговиот идеен свет бил светот на алегориите на грчкиот род и слободата на човекот. На губењето на суштините му ја спротиставил вербата во едно младо создавање на секаква добродетел и убавина ќе ги донесе традицијата на идеалите кои го хранеле грчкиот човек во текот на вековите.[1]
Наводи
|
|