Придавка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Образување на придавките: Јазична исправка, replaced: суфиксите → наставките
с →‎Образување на придавките: Јазична исправка, replaced: суфикси → наставки (2)
Ред 98: Ред 98:


== Образување на придавките ==
== Образување на придавките ==
Дел од придавките се образуваат од други зборови (особено односните) со суфикси.
Дел од придавките се образуваат од други зборови (особено односните) со наставки.


1. Образување од именки обично се прави со наставките:
1. Образување од именки обично се прави со наставките:
Ред 109: Ред 109:
* ав (крастав)
* ав (крастав)


2. Од глаголите се образуваат придавки со следните [[суфикси]]:
2. Од глаголите се образуваат придавки со следните [[наставки]]:
* ен (плетен, шиен);
* ен (плетен, шиен);
* ачки/ -ечки (исцрпувачки, стоечки, пливачки);
* ачки/ -ечки (исцрпувачки, стоечки, пливачки);

Преработка од 07:02, 9 јули 2020

Примери
  • Ова е висока зграда.
  • Запознав многу стар човек.
  • Повеќето мајмуни се прекрасни суштества кои највеќе ги населуваат тропските или суптропските области.
  • Онаа жена е доста убава и привлечна.
  • Фустанот што го носите е навистина божествен.

Во граматиката, придавка е збор чија главна синтаксичка улога е да ги модифицира именките или заменките, давајќи повеќе информации за именката или заменката. Класичната дефиниција за придавките е дека тие се всушност зборови кои ги означуваат особините на предметите и појавите.

Видови придавки

1. Качествените (квалитативни) придавки означуваат својство што се открива во предметот како таков, без поврзување со некој друг предмет.

На пр.: добар, убав, мирен (коњ)

2. Односните (релативни) придавки означуваат својства што упатуваат на некој друг предмет.

На пр.: манастирски (се однесува, упатува на манастир) коњ.

3. Бројните придавки го означуваат односот на предметите по ред.

На пр.: прв, втор (коњ)

4. Заменските придавки се изведени од заменки и многу наликуваат на нив.

Разликуваме:

а) Присвојни заменски придавки

  • мој, моја, мое; мои; наш, наша, наше; наши
  • твој, твоја, твое; твои; ваш, ваша, ваше; ваши
  • негов, негова, негово; негови;
  • нејзин, нејзина, нејзино; нејзини. нивни, нивна, нивни; нивни
  • како и: свој, своја, свое; свои

б) Заменски придавки со показно и качествено значење

  • ваков, ваква, вакво; вакви
  • таков, таква, такво; такви
  • каков, каква, какво; какви;
  • онаков, онаква, онакво; онакви;
  • секаков, секаква, секакво; секакви;
  • некаков, некаква, некакво; некакви;
  • никаков, никаква, никакво; никакви;
  • толкав, толкава, толкаво; толкави;
  • колкав, колкава, колкаво; колкави;
  • олкав, олкава, олкаво; олкави;
  • онолкав, онолкава, онолкаво; онолкави;
  • сиот, сета, сето; сите;
  • сам, сама, само; сами;
  • ист, иста, исто; исти;
  • друг, друга, друго; други.

Граматички категории кај придавките

Бидејќи основната служба на придавката е да ја определува именката, таа од неа ги добива и своите граматички обележја. Придавката ги има истите граматички категории како именката: род, број и определеност.

1. Родот кај придавките може да биде машки, женски и среден и зависи од именката до која стои. Односно, ако именката е од машки род, тогаш придавката ќе се прилагоди и ќе биде во машки род (дрвен стол), ако именката е од женски род и придавката ќе го преземе женскиот род (дрвена маса), а ако е од среден род и придавката ќе биде во среден род (дрвено столче).

Родот кај придавката е променлив во зависност од именката која ја определува.

На пр.: м.р. - добар човек; ж.р. - добра жена; ср.р. - добро дете.

(Најлесен начин за определување и разликување на придавките од именките е родот. Кај именките тој е непроменлив, а кај придавките се менува.

На пр.: работливост - женски род кој не може да се промени (таа работливост); значи е именка; работлив - машки род, но можеме да го промениме - работлива - женски род; работливо - среден род; значи е придавка.)

2. Бројот кај придавките исто така зависи од бројот на именката што ја определува. Придавките имаат еднински форми за машки, женски и среден род и една форма за множина.

На пр.: добар, добра, добро; добри.

3. Кај граматичката категорија определеност, придавката го презема членот од именката.

Кога имаме определена синтагма (именска група од придавка и именка), го членуваме само првиот збор, односно придавката (не може да се членуваат двата збора, туку само првиот).

На пр.: (добар) човекот - добриот човек.

Степенување на придавки

Карактеристично за качествените придавки е тоа што образуваат форми на компарација. Со нив се изразува степенот на даденото качество кога се споредуваат два или повеќе предмети.

Разликуваме: 1. Позитив - основната форма на придавката (добар).

На пр.: Тој е добар ученик.

2. Компаратив - форма за споредување на два предмета. Се образува со претставката: по-, кој се пишува слеано со придавката (подобар).

На пр.: Тој е подобар ученик од Горан.

3. Суперлатив - форма за споредување на еден со повеќе предмети. Се образува со претставката: нај-, кој се пишува слеано со придавката (најдобар).

На пр.: Тој е најдобар ученик во класот.

Образување на придавките

Дел од придавките се образуваат од други зборови (особено односните) со наставки.

1. Образување од именки обично се прави со наставките:

  • ов/ -ев (јаболков);
  • ски/ -шки/ -чки (свински, морски, тиквешки, човечки);
  • ен (дрвен, златен, устен);
  • ест (пердувест);
  • ин (теткин);
  • ји (птичји, кравји)
  • ав (крастав)

2. Од глаголите се образуваат придавки со следните наставки:

  • ен (плетен, шиен);
  • ачки/ -ечки (исцрпувачки, стоечки, пливачки);
  • лив (предвидлив, миризлив);
  • телен (растителен).

3. Од други придавки:

  • кав (дебелкав, жолетникав);
  • ичок/ - ечок (слабичок, малечок);
  • узлав (белузлав).

4. Од прилози:

  • ен/ -шен (долен, овдешен).

5. Од бројни основи:

  • ен (двоен, троен)
  • ти (петти);
  • ичен (првичен, вторичен).

Функција на придавки во реченица

Придавката во реченицата е секогаш поврзана со именката.

На пр.: 1. Добра книга. 2. Книгата е добра.

Во првиот пример врската е непосредна (веднаш пред именката) и тогаш придавката има улога на атрибут.

Во вториот пример врската е посредна (стои со помошниот глагол сум - е) и тогаш е дел од прирокот (именски прирок).