Асцидии: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск
 
Ред 26: Ред 26:
Асцидиите се сесилни организми со вреќовидни тела цврсто прикачени со постериорниот крај за супстратот. Постојат најразлични измени на формата на телото кај асцидиите, што е во зависност од видот, а понекогаш е тешко да се препознаат.

Телото секогаш е прекриено со теста (или плашт), заштитен слој составен од супстанца слична на [[целулоза]]та. Оваа обвивка се секретира од епителот и може да е бистра или светло обоена (како кај пацифичкиот вид ''[[Halocynthia aurantium]]''), или да биде прекриена со различни видови на боцки (како кај северната ''[[Boltenia echinata]]''). Таа може да содржи и варовников материјал, како што е случај со снежнобелата ''[[Bathypera ovoida]]''.
Телото секогаш е прекриено со теста (или плашт), заштитен слој составен од супстанца слична на [[целулоза]]та. Оваа обвивка се секретира од епителот и може да е бистра или светло обоена (како кај тихоокеанскиот вид ''[[Halocynthia aurantium]]''), или да биде прекриена со различни видови на боцки (како кај северната ''[[Boltenia echinata]]''). Таа може да содржи и варовников материјал, како што е случај со снежнобелата ''[[Bathypera ovoida]]''.
[[Податотека:Ascidias.jpg|thumb|left|200px|Асцидија ''[[Halocynthia]]'' sp.]]
[[Податотека:Ascidias.jpg|thumb|left|200px|Асцидија ''[[Halocynthia]]'' sp.]]
Телесните [[мускул]]и најчесто се поредени во напречни и надолжни слоеви. Понекогаш тие се бројни, дебели и силни, при што образуваат цврст мускулест ѕид, но кај повеќето видови мускулите се претставени само со неколку тенки фибрили. Постојат два отвора на телото: орален или бранхијален (жабрен) отвор и атријален отвор. Понекогаш овие отвори се сместени на краевите од сифони со различна должна, при што атријалниот сифон е секогаш дорзално од бранхијалниот (орален) сифон. Оралниот сифон води во голема голтка наречена ''жабрена торбичка''. Таа опфаќа најголем простор во телото на солитарните асцидии. Просторот во жабрената торбичка е жабрената празнина, додека просторот меѓу жабрената торбичка и телесниот ѕид ја претставува атријалната празнина. Таа се отвора во надворешноста преку атријалниот сифон; жабрената и атријалната празнина се исполнети со морска вода. Морската вода, заедно со хранливите честички и [[кислород]]от, се повлекува во жабрената торбичка преку бранхијалниот (жабрен) сифон и со кружно распоредените усни пипала. Таа поминува од жабрената во атријалната празнина преку многу цепнатинки на ѕидот од жабрената торбичка, додека хранливите честички се заробуваат. Потоа, исфилтрираната вода излегува од телото преку атријалниот сифон.

Цепнатинките на ѕидот од жабрената торбичка се најчесто мали и имаат трепчести маргини наречени стигми. Формата на стигмите е важна систематска одлика − тие може да се прави и наредени во напречни, поретко надолжни редови или да се спирални по форма, често образувајќи големи инки кои навлегуваат во жабрената празнина. Ѕидот на жабрената торбичка има напречни и надолжни жабрени садови кои се вкрстуваат и даваат мрежести формации. Кај некои асцидии од длабоките води отсуствуваат вистински стигми, при што ѕидот на жабрената торбичка е редуциран и е претставен само со широките мрежести формации од жабрените садови. Жабрената торбичка е билатерално симетрична, при што нејзината медиодорзална линија е обележана со завој означен како ''дорзална (грбна) ламина''. Медиовентралната линија поседува [[ендостил]], кој претставува бразда обвиена со трепчест жлезден епител кој секретира [[мукус]]. Мукусот постојано се движи од ендостилот до дорзалната ламина, а потоа (заедно со исфилтрираните хранливи честички) до [[хранопровод]]от, кој продолжува од жабрената торбичка. Тој е обично краток и секогаш е многу потесен отколку жабрената торбичка. Води до [[желудник]]от, а потоа до цревата. Цревото прави еден завој и се отвора во атријалната празнина.

Ред 39: Ред 39:

{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Плаштари]]
[[Категорија:Плаштари]]

Последна преработка од 03:14, 8 јули 2020

Асцидии
Ascidiacea
Период: Силур - денес
Clavelina lepadiformis
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: Плаштари
Класа: Асцидии
Nielsen, 1995
Редови

Асцидиите (науч. Ascidiacea) — класа на плаштари. Тоа се бентосни, солитарни и колонијални видови чии возрасни единки се сесилни и живеат на морското дно. Обично се исхрануваат по пат на филтрирање на водата. Нивните ларви се слободнопливачки.

Морфологија и анатомија[уреди | уреди извор]

Асцидиите се сесилни организми со вреќовидни тела цврсто прикачени со постериорниот крај за супстратот. Постојат најразлични измени на формата на телото кај асцидиите, што е во зависност од видот, а понекогаш е тешко да се препознаат.

Телото секогаш е прекриено со теста (или плашт), заштитен слој составен од супстанца слична на целулозата. Оваа обвивка се секретира од епителот и може да е бистра или светло обоена (како кај тихоокеанскиот вид Halocynthia aurantium), или да биде прекриена со различни видови на боцки (како кај северната Boltenia echinata). Таа може да содржи и варовников материјал, како што е случај со снежнобелата Bathypera ovoida.

Асцидија Halocynthia sp.

Телесните мускули најчесто се поредени во напречни и надолжни слоеви. Понекогаш тие се бројни, дебели и силни, при што образуваат цврст мускулест ѕид, но кај повеќето видови мускулите се претставени само со неколку тенки фибрили. Постојат два отвора на телото: орален или бранхијален (жабрен) отвор и атријален отвор. Понекогаш овие отвори се сместени на краевите од сифони со различна должна, при што атријалниот сифон е секогаш дорзално од бранхијалниот (орален) сифон. Оралниот сифон води во голема голтка наречена жабрена торбичка. Таа опфаќа најголем простор во телото на солитарните асцидии. Просторот во жабрената торбичка е жабрената празнина, додека просторот меѓу жабрената торбичка и телесниот ѕид ја претставува атријалната празнина. Таа се отвора во надворешноста преку атријалниот сифон; жабрената и атријалната празнина се исполнети со морска вода. Морската вода, заедно со хранливите честички и кислородот, се повлекува во жабрената торбичка преку бранхијалниот (жабрен) сифон и со кружно распоредените усни пипала. Таа поминува од жабрената во атријалната празнина преку многу цепнатинки на ѕидот од жабрената торбичка, додека хранливите честички се заробуваат. Потоа, исфилтрираната вода излегува од телото преку атријалниот сифон.

Цепнатинките на ѕидот од жабрената торбичка се најчесто мали и имаат трепчести маргини наречени стигми. Формата на стигмите е важна систематска одлика − тие може да се прави и наредени во напречни, поретко надолжни редови или да се спирални по форма, често образувајќи големи инки кои навлегуваат во жабрената празнина. Ѕидот на жабрената торбичка има напречни и надолжни жабрени садови кои се вкрстуваат и даваат мрежести формации. Кај некои асцидии од длабоките води отсуствуваат вистински стигми, при што ѕидот на жабрената торбичка е редуциран и е претставен само со широките мрежести формации од жабрените садови. Жабрената торбичка е билатерално симетрична, при што нејзината медиодорзална линија е обележана со завој означен како дорзална (грбна) ламина. Медиовентралната линија поседува ендостил, кој претставува бразда обвиена со трепчест жлезден епител кој секретира мукус. Мукусот постојано се движи од ендостилот до дорзалната ламина, а потоа (заедно со исфилтрираните хранливи честички) до хранопроводот, кој продолжува од жабрената торбичка. Тој е обично краток и секогаш е многу потесен отколку жабрената торбичка. Води до желудникот, а потоа до цревата. Цревото прави еден завој и се отвора во атријалната празнина.

Положбата на цревниот завој во однос на жабрената торбичка е важна систематска одлика. Гонадите се хермафродитни и може да се сместени меѓу завоите од цревото, под него или на телесниот ѕид на страните од жабрената торбичка. Половите канали секогаш се отвораат во атријалната празнина, а само кај еден високоспецијализиран род ја пенетрираат тестата и се отвораат директно во надворешната средина. Нервниот систем, како и кај сите седентарни животни, е едноставен и се состои од издолжена ганглија која е сместена на грбната страна меѓу сифоните, како и од неколку нерви кои поаѓаат од неа. Срцето е тенкоѕиден цевчест орган кој се наоѓа на стомачната страна од телото или, кај колонијалните форми, на дното од издолжените зооиди.

Колонијални форми[уреди | уреди извор]

Кај колонијалните форми, плаштот формира т.н. заеднички плашт, маса во која целосно или делумно се всадени единките од колонијата означени како зооиди. Општиот план на градба кај зооидите е ист како и кај солитарните асцидии, но можат да се разликуваат некои мали детали. Телото може да е поделено на два (торакс и абдомен) или три (торакс, абдомен и постабдомен) региони. Жабрените сифони на сите зооиди во колонијата се отвора директно во надворешната средина, но атријалните најчесто се отвораат во клоакалната празнина која се наоѓа во заедничкиот плашт. Колонијата може да содржи една или неколку изолирани клоакални празнини од кои секоја се отвора во надворешноста преку еден или неколку отвори. Зооидите поврзани со една клоакална празнина формираат систем.