Златното време (филм од 1930): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Златното време''' ([[француски]]: ''L'âge d'or'') - француски [[филм]] од 1930 година, во [[режија]] на [[Луис Буњел]], кој е автор и на сценариото, заедно со Салвадор Дали. Главните улоги ги играат: [[Гастон Модо]], [[Лиа Лис]], Каридад де Лабердеск, [[Макс Ернст]], [[Жермен Ноазе]], [[Бонавентура Ибањес]], Дишанж итн.
'''Златното време''' ([[француски]]: ''L'âge d'or'') - француски [[филм]] од 1930 година, во [[режија]] на [[Луис Буњел]], кој е автор и на сценариото, заедно со [[Салвадор Дали]]. Главните улоги ги играат: [[Гастон Модо]], [[Лиа Лис]], Каридад де Лабердеск, [[Макс Ернст]], [[Жермен Ноазе]], [[Бонавентура Ибањес]], Дишанж итн.


==Синопсис==
==Синопсис==

Преработка од 19:38, 2 јули 2020

Златното време (француски: L'âge d'or) - француски филм од 1930 година, во режија на Луис Буњел, кој е автор и на сценариото, заедно со Салвадор Дали. Главните улоги ги играат: Гастон Модо, Лиа Лис, Каридад де Лабердеск, Макс Ернст, Жермен Ноазе, Бонавентура Ибањес, Дишанж итн.

Синопсис

Филмот нема цврста фабула, но претставува приказна за маж (го игра Модо) и девојка (ја игра Лис) кои се вљубени еден во друг, но нивната љубов постојано ја нарушуваат луѓето од околината.[1] Филмот започнува со коментар за животот на скорпиите, а продолжува со приказ на карпест остров по кој шета исцрпен, парталав човек со пушка во рацете, а на брегот се собрани неколку папи. Човекот оди во една колиба каде им се придружува на останатите другари од бандата. Потоа, разбојниците ја напуштаат колибата, а на островот доаѓа голема група луѓе кои присуствуваат на религиозна церемонија. Тогаш, луѓето слушаат вресок и забележуваат маж и девојка како водат љубов. Луѓето ги разделуваат љубовниците, а потоа дејствието се пренесува во Рим каде двајца луѓе го водат врзан љубовникот. Сепак, тој им покажува документ дека е овластен делегат на некоја меѓународна организација и него го ослободуваат. Истовремено, таткото на девојката, маркизот Х (го игра Ибањес) приредува банкет на кој доаѓа и љубовникот на девојката. Него го пречекува маркизата (ја игра Ноазе), но за време на разговорот со неа, тој постојано гледа кон девојката. Тогаш, тој ја удира маркизата со што предизвикува скандал, а тогаш девојката излегува надвор во градината. Нејзиниот љубовник ѝ се придружува и тие почнуваат да се милуваат, но тогаш доаѓа диригентот на оркестарот и девојката почнува да се бакнува со него. Љубовникот станува од столот и ја удира главата во саксија, а потоа оди во нејзината соба. Во последната сцена се раскажува за оргаија во еден замок.

Наводи