Зимски олимписки игри 1928: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Земји-учеснички: Јазична исправка, replaced: хемисфера → полутопка
с →‎Надворешни врски: Замена со македонска предлошка, replaced: commonscat → Ризница-врска
Ред 252: Ред 252:


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
{{Ризница-врска}}
{{commonscat}}
* [http://www.olympic.org/en/content/Olympic-Games/All-Past-Olympic-Games/Winter/St-Moritz-1928/ Санкт Мориц 1928], МОК
* [http://www.olympic.org/en/content/Olympic-Games/All-Past-Olympic-Games/Winter/St-Moritz-1928/ Санкт Мориц 1928], МОК



Преработка од 12:55, 27 јуни 2020

II Зимски олимписки игри - Санкт Мориц 1928
II Зимски олимписки игри - Санкт Мориц 1928
Град домаќин Санкт Мориц, Швајцарија
Број на држави 25
Број на спортисти 464 (438 мажи и 26 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 14
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање {{{Затворање}}}
Стадион

II Зимски олимписки игри се одржале од 11 до 28 јануари 1928 година во Санкт Мориц, Швајцарија. Тоа биле првите Зимски олимписки игри, кои не се одржале во склоп на Летните олимписки игри. Претходните Зимски олимписки игри, додатно биле именувани како „зисмки“, отакако биле организирани како дел од биле одржане као дел од Летните олимписки игри во 1924.

Краток преглед

  • Соња Хени од Норвешка освоила злато во уметничко лизгање во женска конкуренција со само 15 години. Таа освоила златни медали и на следните две Олимписки игри.
  • Лизгачот Гилис Графстром од Шведска го освоил треттото последователно злато во уметничко лизгање во машка конкуреција.
  • Клас Дунберг од Финска освоил два златни медали во брзо лизгање (во трките на 500 и 1500 m), додека Ивар Балангруд од Норвешка победил во трката на 5000 m и освоил бронза во трката на 1500 m, со што го започнал успешното учество на Зимските олимписки игри.
  • Хокејарската репрезентација на Канада ја потврдила доминацијата во спортот, освојувајќи го златниот медал без примен гол, со гол-разлика 38-0.

Спортови

Медали биле доделени во 14 дисциплини во 6 спортови. Демонстративни спортови на игрите биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и еден вид на тркачки спорт со санки, влечени од кучиња, при што возачот бил на скии, а не на санката.

Распоред на натпревари

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.

 ●  Церемонија на отворање  ●  Квалификациски натпревари  ●  Финални натпревари ●  Церемонија на затворање
11 12 13 14 15 16 17 18 19 Вкупно
Церемонии
Боб 1 1
Брзо лизгање 2 2 4
Нордиска комбинација 1 1
Скијачко трчање 1 1 2
Скијачки скокови 1 1
Скелетон 1 1
Уметничко лизгање 1 1 1 3
Хокеј на мраз 1 1
Вкупно 2 3 3 3 3 14

Земји-учеснички

*сино = земји кои за првпат учествуваат
*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите

На игрите учествувале 464 спортисти од 25 земји. Своето прво учество го забележале: Аргентина (прва земја од јужната полутопка којашто учествувала на Зимските олимписки игри), Германија, Естонија, Јапонија, Литванија, Луксембург, Мексико, Романија и Холандија.

Освојувачи на медали

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Норвешка 6 4 5 15
2  САД 2 2 2 6
3  Шведска 2 2 1 5
4  Финска 2 1 1 4
5 Канада 1 0 0 1
 Франција 1 0 0 1
7  Австрија 0 3 1 4
8  Белгија 0 0 1 1
Чешка Чехословачка 0 0 1 1
 Германија 0 0 1 1
Обединето Кралство Обединето Кралство 0 0 1 1
 Швајцарија 0 0 1 1

Поврзано

Надворешни врски